Целата идеа на темава е да се постираат задачи ... нивни решенија... и по можност на крајот од задачата да се објасне начинот на кое е добиено решението, за поголема прегледност подобро би било секој пост да биде задача за себе.
Се надевам ќе има интересни постови и добри задачи
--- надополнето ---
За почеток еве ќе ги дадам основните задачи за примена и употреба на динамичкото програмирање како за прв пример сакам да ги разработам покажувачите кои според мене се еден тип на динамичко програмирањe. За оние што незнаат покачувачи се променливи кои покажуваат кон адресната меморија на една променлива.
Адресна меморија преставува местото од RAM меморијата каде што се чува една меморија. На крајот од овој пост имам постирано слика на која убаво може да се види како функциноираат покажувачите. Бидејќи темава е претежно за C++ ќе наведам како се иницијализираат покажувачите во овој програмски јазик.
int a=10;
int *x;
x = &a;
*х == 10;
Во горе наведениот сегмент имате две променливи едната променлива е a од тип интеџер која има вредност 10, а другата променлива е покажувач која пока=ува од вредност од тип integer, & (амперсант) е знак кој се користи за добивање на адресната меморија , во случајов на променливата a со што x променливата ја добива адресната меморија на а ( меморијата од RAM меморијата ). Покажувачот х има две вредности една вредност како х ( вредноста на местото од RAM меморијата ) и вредноста за *х која има вредност 10.
Како x има врендост 10 кога нигде неможам да забележам дека во дадениот сегмет и се доделува вредност ?
За оние што прв пат се среќаваат со покажувачи на прв поглед малце комплицирано, веќе го казав одговорот на ова прашање, но уште еднаш ќе го опишам по детално и за тој дел од сегментот.
Во првиот ред имаме int a = 10; што значи променливата а е од тип integer и има вредност 10, таа вредност заедно со променливата а се запичуваат во некој дел од меморијата. Во вторијот дел имаме декларација на покажувач х кој покажува кон меморијата од некоја променлива која што е од тип на integer. На крајот во третиот ред имаме x = &a што значи покажувачот х ја добива меморијата од променливата а ( не ја добива вредноста туку само меморијата ), бидејќи покажувачот х ја покажува меморијата на променливата а автоматски неговата вредност *х ќе биде 10.
МНОГУ ВАЖНА РАБОТА ЗА ПОКАЖУВАЧИТЕ Е ТОА ШТО вредноста на *х И вредноста на х Е РАЗЛИЧНА.
*х ЈА ИМА ВРЕДНОСТА КАДЕ ШТО ПОКАЖУВА а,
х ЈА ИМА ВРЕДНОСТА НА АДРЕСНАТА МЕМОРИЈА НА КОЈА ШТО ПОКАЖУВА.
Се надевам ќе имате живци да го прочитате, а ако го прочитате се надевам дека објаснив убаво и ќе научите нешто.