Напредно ниво во C++

Член од
17 јануари 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Ги разгледував темите кои веќе ги имаат постирано и можев да забележам дека има интересни теми со многу голема посетеност, но не наидов на тема во која ќе има дискусии за напредно програмирање во C++. Мислам дека доволно би било за почеток да се обработуваат интересни идеи и задачи за динамичко програмирање во C++.

Целата идеа на темава е да се постираат задачи ... нивни решенија... и по можност на крајот од задачата да се објасне начинот на кое е добиено решението, за поголема прегледност подобро би било секој пост да биде задача за себе.

Се надевам ќе има интересни постови и добри задачи

--- надополнето ---

За почеток еве ќе ги дадам основните задачи за примена и употреба на динамичкото програмирање како за прв пример сакам да ги разработам покажувачите кои според мене се еден тип на динамичко програмирањe. За оние што незнаат покачувачи се променливи кои покажуваат кон адресната меморија на една променлива.

Адресна меморија преставува местото од RAM меморијата каде што се чува една меморија. На крајот од овој пост имам постирано слика на која убаво може да се види како функциноираат покажувачите. Бидејќи темава е претежно за C++ ќе наведам како се иницијализираат покажувачите во овој програмски јазик.

int a=10;
int *x;
x = &a;
*х == 10;

Во горе наведениот сегмент имате две променливи едната променлива е a од тип интеџер која има вредност 10, а другата променлива е покажувач која пока=ува од вредност од тип integer, & (амперсант) е знак кој се користи за добивање на адресната меморија , во случајов на променливата a со што x променливата ја добива адресната меморија на а ( меморијата од RAM меморијата ). Покажувачот х има две вредности една вредност како х ( вредноста на местото од RAM меморијата ) и вредноста за *х која има вредност 10.

Како x има врендост 10 кога нигде неможам да забележам дека во дадениот сегмет и се доделува вредност ?

За оние што прв пат се среќаваат со покажувачи на прв поглед малце комплицирано, веќе го казав одговорот на ова прашање, но уште еднаш ќе го опишам по детално и за тој дел од сегментот.
Во првиот ред имаме int a = 10; што значи променливата а е од тип integer и има вредност 10, таа вредност заедно со променливата а се запичуваат во некој дел од меморијата. Во вторијот дел имаме декларација на покажувач х кој покажува кон меморијата од некоја променлива која што е од тип на integer. На крајот во третиот ред имаме x = &a што значи покажувачот х ја добива меморијата од променливата а ( не ја добива вредноста туку само меморијата ), бидејќи покажувачот х ја покажува меморијата на променливата а автоматски неговата вредност *х ќе биде 10.

МНОГУ ВАЖНА РАБОТА ЗА ПОКАЖУВАЧИТЕ Е ТОА ШТО
вредноста на *х И вредноста на х Е РАЗЛИЧНА.

*х ЈА ИМА ВРЕДНОСТА КАДЕ ШТО ПОКАЖУВА а,
х ЈА ИМА ВРЕДНОСТА НА АДРЕСНАТА МЕМОРИЈА НА КОЈА ШТО ПОКАЖУВА.

Покжувач.jpg

Се надевам ќе имате живци да го прочитате, а ако го прочитате се надевам дека објаснив убаво и ќе научите нешто.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Ако ова го сметаш за напредно ниво, тогаш јас сум Господ за C и C++. Но што би биле тогаш останатите што знаат мноооогу повеќе од мене?

Не се лути, ама кога ја отворив темава, очекував да видам нешто стварно напредно.
 
Член од
29 јуни 2010
Мислења
40

Mislam deka za coekov voopsto ne treba da se luti, i jas uste ne razbiram toj sto podrazbira pod napredno programiranje vo C++. : D
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
7
Поени од реакции
1
Ако ова го сметаш за напредно ниво, тогаш јас сум Господ за C и C++. Но што би биле тогаш останатите што знаат мноооогу повеќе од мене?Не се лути, ама кога ја отворив темава, очекував да видам нешто стварно напредно.

Напредно ниво мислев на дрва, стекови, листи , но сакав да се почне од самата основа а почетоците на динамичкото програмирање лежи во покажувачите.Затоа што тие користат динамичка меморија како на пример низите со покажувачи. Мислам дека сеге ме разбра за што станува збор.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Мислам дека ни самиот не се разбираш. Отвараш тема за напредно ниво, а сакаш да почнеш од основите?
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Ова се учи во рамките на C...
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Ај не филозофирајте. Веќе установивме дека ова се основи, нема потреба од повторување.

Наместо да го напаѓате, повелете и пишете нешто што ке им користи на другите членови.

Мартин, ако ништо, друго одвоил време да напише нешто, и за тоа заслужува баре малку подршка.
 
Член од
29 јуни 2010
Мислења
40
Поени од реакции
1
Напредно ниво мислев на дрва, стекови, листи , но сакав да се почне од самата основа а почетоците на динамичкото програмирање лежи во покажувачите.Затоа што тие користат динамичка меморија како на пример низите со покажувачи. Мислам дека сеге ме разбра за што станува збор.
И тоа не е напредно ниво, пошо тоа е сосема друг дел од програмирање што е ист за сите програмски јазици.
 
Член од
11 февруари 2011
Мислења
20
Поени од реакции
3
mislam deka imam edno prasanje koe moze da se vbroi vo napredno...

vo posledno vreme slusam deka nekoi batki koristele void pokazuvaci za hack...

znam sto e void pokazuvac vo osnova... ama vrska nemam kako bi se haknalo nesto samo so nego, ili ok, ne samo so nego, ama da receme so relativno ednostavna i mala c++ programa sodrzejki void pokazuvaci

ps. pod mala podrazbiram da moze da se izvrsi od home pc za pristojno vreme
 
Ova poveke bi go vbroil vo glupi prasanja otkolku vo napredno. I pod vtoro so podrazbiras ti pod hack ?
 
Член од
11 февруари 2011
Мислења
20
Поени од реакции
3
Ova poveke bi go vbroil vo glupi prasanja otkolku vo napredno. I pod vtoro so podrazbiras ti pod hack ?
kako prvo veke rekov deka samo slusam glasini za toa i neznam kako ni za sto go koristat, i mene me interesira kako i kade bi bila primenata
ako e tolku glupo za tebe sto ne ni kazis nesto za void pokazuvaci... neso podetalno kako rabotat i kako eventualno bi bile iskoristeni, idea ili slicno... poso eve da pretpostavime deka si pameten

a nema da go tupam ovde za toa sto se podrazbira vo hack a sto vo crack... se znae mnogu dobro na sto se misli.
 
Void pointer ti e pokazuvac na promenliva od bilo kakov tip ( int,char i sl. ) i ako nekoj te lazel deka ova e povrzano so hackuvanje, te dupnal lazenje.
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
mislam deka imam edno prasanje koe moze da se vbroi vo napredno...

vo posledno vreme slusam deka nekoi batki koristele void pokazuvaci za hack...

znam sto e void pokazuvac vo osnova... ama vrska nemam kako bi se haknalo nesto samo so nego, ili ok, ne samo so nego, ama da receme so relativno ednostavna i mala c++ programa sodrzejki void pokazuvaci

ps. pod mala podrazbiram da moze da se izvrsi od home pc za pristojno vreme
Да погодам, прва година си на електро?:)

Инаку време е модераторот да ја заклучи темава или премести во канта или ако веќе останува, насловот да и се смени. Вака некој стварно ќе си помисли дека е напредно ниво на С++.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom