На денешен ден!

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1890 Во Загреб умре Иван Мажураниќ, хрватски поет, борец против насилството. Автор е на прочуениот еп "Смртта на Смаил-ага Ченгиќ". Роден е во Нови Винодолски, на 18.08.1814 година.
1936 Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
1944 Во Амстердам, Холандија фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот "Дневник" остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна. "Дневникот" на Ана Франк се изведува на многу театарски сцени во светот, а според него е снимен и филм.
1984 Во Женева, Швајцарија умре Ричард Волтер Џеникс Бартон, великан на седмата уметност, прочуен британски артист. Роден е во Пантрихидифен, Јужен Велс, на 10.11.1925 година.
1993 Исламската Република Иран ја призна Република Македонија.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.814
Поени од реакции
22.863
1844.Роден е Илја Ефимович Рјепин, руски сликар, претставник на реалистичкиот правец. Негови најпознати дела се „Бурлаци на Волга“, „Иван Грозни и син му Иван“, „Запорожци“, „Враќање од прогонство“ и портретите на Мусогорски, Пирогов и други. Умрел во Финска, на 29 септември 1930 година.
1850 Роден е Хенри Алберт Ги де Мопасан, француски раскажувач, претставник на европскиот натурализам и автор на околу 300 новели, шест романи и други дела. Меѓу многубројните збирки раскази се истакнуваат "Куќата на Телие", "Раскази и новели" и "Господин Паран". Умрел на 6 јули 1893 година.
1858 Поставен е првиот трансатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија.
1884 На влезот во Њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата.
1895 Во Лондон умре Фридрих Енгелс, германскиот филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс. Негови најпознати дела се „Дијалектиката на природата“, „Анти Диринг“, „Развој на социјализмот од утопија до наука“, „Лудвиг Фоербах и крајот на германската класична идеологија“ и други. Се родил во Берлин, на 28 ноември 1820 година.
1906 Во Прилеп е роден Ристо Зердески - Зерде, првиот филмски артист во Македонија. Умрел во Загреб, на 1 мај 1970 година.
1907 Во Карнак, Бретања, роден е Ежен Гивик, француски писател, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1976 година. Најпознати му се делата „Реквием“, „По море и копно“, „Карнак“ и други дела. Умрел на 21 март 1997 година.
1914 Поставен е првиот електричен семафор во Кливленд, во државата Охајо, во САД.
1915 Германците во Првата светска војна ја окупираа полската претстолнина Варшава.
1947 Фубалските клубови од Скопје „Единство“, „Напредок“, „Зафер“ и „Љуботен“ ја формираа фудбалската екипа „Слога“.
1949 Во силен земјотрес во Еквадор загинаа околу 6.000 лица.
1962 Во Холивуд умре Мерилин Монро, северноамериканска филмска артистка. Играше во филмовите "Џунгла на асфалтот", "Нијагара", "Мајмунска работа", "Автобуска станица", "Седум години верност" и други. Се родела е во Лос Ангелес, на 1 јуни 1926 година.
1962 Во Охрид се одржа Првиот светски шампионат во маратонско пливање на слатки води, кој прерасна во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Меѓу професионалците победи Абдел Абу Хеиф од Обединатата Арапска Република, а меѓу аматерите неговиот сонародник Небил Шазди. Во женска конкуренција победи охриѓанката Атина Бојаџи. Во професионалната трка од македонските пливачи голем успех постигна Дики Бојаџи - трето место и Климе Савин кај аматерите - четврто место. Од 1992 година шампионатот е именуван како Охридски пливачки маратон, една од трките што се бодува за Светскиот маратонски куп.
1963 Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Советскиот Сојуз го потпишаа договорот за забрана на нуклеарни проби во атмосферата, во вселената и под море. По ракетната криза околу Куба, тоа беше првиот симптом на ново попуштање во меѓународните односи.
1974 Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата "Вотергејт".
1984 Умре велшкиот театарски и филмски актер Ричард Бартон. Глумеше во филмовите „Клеопатра“, „Бекет“, „Доктор Фауст“, „Сутјеска“ и други.
1992 Русија ја призна независноста на Република Македонија.
1995 Во Скопје умре д-р Вулнет Старова, професор на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен претседател на Собранието на СР Македонија. Се родил е во селото Поградец, на 6 мај 1934 година.
2003 Во експлозија на автомобил-бомба пред хотелот „Мериот“ во Џакарта која ја активирал исламски терорист самоубиец загинаа 14, а беа повредени околу 150 луѓе.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1881.Во Локфилд, Шкотска е роден Александар Флеминг, англиски микробиолог. Во 1928 година, тој открил дека габите на мувлата го спречуваат развитокот на некои микроорганизми. Ова откритие, Флеминг го нарече „пеницилин“, чија масовна примена започна во 1942 година. За откритието, во 1945 година, Флеминг добил Нобелова награда за медицина и филозофија. Умрел во Лондон, на 11 март 1955 година.
1868 Еквадор го погоди силен земјотрес при што загинаа околу 40.000 луѓе.
1890 Во њујоршкиот затвор „Обурн“, убиецот Вилијам Кемлер е првиот човек во светот што е погубен на електрична столица.
1900 Во Битола, во т.н. „Поп-Ставрева афера“, османлиската власт го затвори, а потоа и го осуди на робија Даме Груев, еден од водачите на ТМРО. Поради револуционерната дејност во битолскиот затвор, Груев е испратен во Подрум Кале, Мала Азија. Во 1903 година беше амнестиран, а потоа ја продолжи својата дејност.
1917 Во Бриџпорт, во државата Конектикат, САД, се родил Роберт Мичам, американски филмски артист. Умрел во Санта Барбара, на 30 јуни 1997 година.
1928 Роден е Енди Ворхол, американски сликар, графичар, филмски работник, најзначен претставник на поп-артот во светот и култна личност од 60-ите години на 20. век. Бил менаџер и духовен водач на музичката група „Велвет андеграунд“. Автор е на сликата и графиките „Златната Мерилин“, „Петочна несреќа“, „Брилобокс“, „Облаци“, на филмовите „Јадење“, „Империја“, „Бакнеж“ и на други дела. Умрел на 22 февруари 1987 година.
1932 Во Венеција, Италија, од 6 до 21 август sе одржал првиот филмски фестивал во светот.
1940 Со нападот на италијанските сили врз британска Сомалија почна битката за Африка во Втората светска војна. Моќните италијански сили претпрпеа пораз и за кратко време е ослободена целата територија што беше под контрола на Рим, вклучувајќи ја и Етиопија.
1943 Во месноста Осојница над селото Ореов Дом, Велешко, во борба против бугарските контрачетници и полицијата загина Трајче Лазов Андреев (Петкановски), еден од најактивните борци во времето на НОВ во Македонија. Се родил во селото Бистрица, Велешко, на 7 октомври 1919 година.
1944 Во селото Рамно, Кумановско, Президиумот на АСНОМ донесе решение за формирање на осум поверенства при Президиумот на АСНОМ и за поделба на Македонија на области, околии и општини.
1945 Соединетите Американски Држави ја фрлија првата атомска бомба врз јапонскиот град Хирошима.
1962 Јамајка стекна независност после 300 години британско владеење.
1978 Во Ватикан умре поглаварот на Римокатоличката црква папата Павле Шести (Џовани Батиста Монтини). Папата Павле Шести за поглавар бил избран во 1963 година. Познат е како голем борец за мир во светот, против војната, за соработка меѓу сите народи и за коегзистенција меѓу сите вери. Се родил во Концезија, близу Бреша, во 1897 година.
1990 Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно изгласа Резолуција за забрана на трговијата со Ирак заради инвазијата на ирачките трупи на Кувајт.
1991 Во Штип умре Ружа Икономова, македонска артистка една од основоположниците на повоениот театар. Се родила во 1928 година.
1995 Во Полињано, во близина на Бари, умрел Доменико Модуњо, еден од најпопуларните италијански музичари, пејач кој ја напиша и изведе песната „Воларе“, познат хит од 1958 година. Се родил во 1928 година.
1999 Во Скопје умрел д-р Стеван Габер, професор на Правниот факултет во Скопје и истакнат научен работник во областа на државно-правната теорија и политикологија. Се родил во Велес, 1919 година.
2003 Судот во Мадагаскар го осудил поранешниот претседател на оваа африканска островска земја Дидие Рацирака на 10 години принудна работа поради проневера на јавните фондови во вредност од 49 милиони малгашки франци (8,24 милиони долари).
2004 Во Лос Анџелес умрел Рик Џејмс, американски пејач, текстописец и продуцент, една од најголемите фанк-ѕвезди во светот. Во 1981 година стана популарен со песната „Супер фрик“. Се родил во 1948 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1533.Умрел Лодовико Ариосто, италијански писател, автор на првите комедии на италијански јазик први дела од тој вид на народен јазик. Најпознато дело му е епот „Бесниот Орландо“, ремек-дело на италијанската ренесанса. Се родил на 8 септември 1474 година.
1660 Во Мадрид умрел Диего Родригес де Силва Веласкес, еден од најпознатите шпански и светски сликари. Неговите дела се одраз на генијалноста на уметникот, кој екстатичниот барок и мистицизмот на своето време ги надминал со духот на критичкиот реализам. Најпознати негови дела се "Дворски дами", "Предавањето на Бреда" (наречено и "Копја"), "Венера со огледало" и "Ткајачи на килими". Се родил е во Севилја, на 6 јуни 1599 година.
1816 Францускиот лекар Рене Ленак го измислил стетоскопот. Овој инструмент за слушање на работата на срцето и белите дробови по неколку усовршувања стана составен дел од инструментите на секој лекар.
1830 Француското Собрание го избрало Луј Филип за крал на Франција, после падот на Шарл Десетти Бурбонски во Јулската револуција. Новиот монарх станал познат како „кралот граѓанин“.
1858 Кралицата Викторија Прва ја избрала Отава за престолнина на британскиот доминион Канада.
1895 Во Венеција, Италија била отворена првата меѓународна изложба на модерната уметност, која оттогаш се одржува секоја втора година.
1900 Умрел Вилхелм Либкнехт, германски револуционер. Тој бил еден од основачите на Втората Интернационала во 1869 година. Се родил во 1826 година.
1938 Умрел Константин Сергеевич Алексеев, познат како Станиславски, руски режисер, актер и основач на Московскиот художествен театар, во кој го афирмирал сценскиот реализам. Своите сеќавања, проверени низ практичната работа ги изложил во делата „Мојот живот во уметноста“ и „Работата на актерот над себе“. Се родил на 17 јануари 1863 година.
1941Во Калкута умрел Рабиндранат Тагоре, индиски поет, прозаист, филозоф, уметник, композитор и општественик. Меѓу неговите најдобри дела спаѓаат збирките песни „Градинар“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“ и драмите „Сударшана“ и „Водопад“, како и публицистичкиот труд „Национализам“. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за литература. Се родил во Калкута, на 6 мај 1861 година.
1957 Умрел американскиот филмски актер Оливер Норвел Нарди, симпатичниот „дебелко“, чиј неповторлив хумор во пар со Стен Лорел и сега ја засмејуваат публиката ширум светот. Тој глумел во филмовите „Ние од Оксфорд“, „Двајца добри другари“, „Голема работа“, „Наша жена“, „На дивиот запад“ и други.
1960 Брегот на Слоновата коска прогласи независност од Франција.
1987 Во Дојран умрел Михајло Апостолски, генерален полковник, народен херој и академик. Во НОВ на Македонија стана командант на покраинскиот, односно на Главниот штаб на НОВ и на партизанските одреди на Македонија со кои успешно раководел се до ослободувањето на земјата. Тој е еден од двигателите и основоположниците на современата македонска историографија при што ја бележешеше вистината за историјата, културата и самобитноста на македонскиот народ. Се родил во Штип, на 08 ноември 1906 година.
1989 Во Скопје умрел Ристо Калчевски, истакнат македонски сликар и ликовен педагог. Се родил во Прилеп, во 1933 година.
2001 Албанските терористи грабнале петмина работници на градежната компанија „Маврово“ кои работеле на автопатот Скопје - Тетово. Притоа, биле физички малтретирани... и со нож на телото им биле напишани првите букви од нивните имиња.
2002 Меѓународниот монетарен фонд за економско опоравување на Бразил му одобрил кредит од 30 милијарди долари, што е најголем износ во историјата на оваа меѓународна финансиска институција.
2003 Индонезискиот суд му изрече смртна казна на исламскиот терорист Амрозиј, вмешан во бомбашки напад на островот Бали во 2002 година во кој загинаа 202 луѓе, главно странски туристи.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
117.-Умрел Марко Улпиј Трајан, римски император, со потекло од Шпанија. За време на неговото владеење (98 до 117 година), Римската империја имала најголема територија со околу 70 милиони жители.
1786 Францускиот алпинист Мишел Габриел Пакар и неговиот носач Жак Балма први го освоија Мон Блан, највисокиот врв во западниот дел на Европа.
1815 Бившиот француски цар Наполеон Бонапарта, со одлука на победничката коалиција, бил упатен на британскиот остров Света Елена, каде што во прогонство го поминал остатокот од животот. Умрел на 5 мај 1821 година.
1908 Во Солун излегол првиот број на весникот „Конституциона зарја“, орган на МОРО, односно гласило на санданистите. Негови редактори биле Димо Хаџи Димов и Димитар Мирасчиев. Весникот бил најзначајна трибина за македонските револуционери и прогресивни сили во периодот меѓу 1908 и 1912 година.
1945 Со договорот во Лондон меѓу Велика Британија, СССР, САД и Франција, основан е Меѓународниот воен суд за судење на водачите на Третиот рајх на кој му се приклучиле и други држави. Судењето на Хитлеровите главни соработници почна во Нирнберг, во ноември 1945 година и траело една година.
1945 Советската влада, преку министерот за надворешни работи, му соопштила на јапонскиот амбасадор во Москва дека неговата влада може да смета дека Јапонија се наоѓа во воена состојба со СССР. Тоа се случило само два дена по експлозијата на првата атомска бомба врз Хирошима. Веќе на 19 август советските трупи ги зазеле Мегдан, а на 23 август влегле во пристаништето Порт Артур. Во операциите до 1 септември, советските трупи ги освоиле Курилските Острови, каде што бил скршен и последниот отпор на Јапонската војска.
1963 Група британски криминалци упаднале во поштенски воз на релацијата меѓу Глазгов и Лондон и украле 2,6 милиони фунти.
1967 Mинистрите за надворешни работи на Индонезија, Малезија, Сингапур, Тајланд и Филипини во Бангкок потпишале Договор за формирање на политичко-економска групација АСЕАН (Здружение на земјите од југоисточна Азија).
1969 Советскиот Сојуз ја лансираше автоматската вселенска станица "Зонд-7" со задача да ја проучува Месечината и пространствата околу неа.
1974 Под притисок на јавното мислење на САД, претседателот Ричард Никсон и соопштил на јавноста дека на 9 август ќе поднесе оставка поради обвиненијата дека е замешан во аферата "Вотергејт", која силно го погоди американскиот претседателски систем. На местото од Никсон, американски претседател стана дотогашниот потпретседател на САД Џералд Форд.
1994 Лидерите на Јордан и Израел го отвориле првиот патен граничен премин меѓу тие две блискоисточни земји, завршувајќи го 46-годишното непријателство.
2001 На патот Скопје - Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак албанските терористи од заседа нападнале конвој на Армијата на Република Македонија. При што убиле десет припадници на Армијата на Република Македонија: Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Мирко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.
2004 Во Њујорк умрела Феј Уреј, холивудска актерка, играла во стотина филмови, а најпозната е по улогата во филмот „Кинг Конг“. Родена е во Алберта, Канада, во 1907 година
 
С

Спенсер

Гостин
^^ добро е... сте пишале и за Карпалак 2001... проверував наназад, и за некои позначајни датуми од 2001ва немаше напишано...
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
916.-Во Охрид умрел свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и на црковното беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот, но и заштитник на Охрид. Се родил во Охрид, околу 840 година.
1776 Се родил Лоренцо Романо Амадео Карло Авогадро, италијански природонаучник, физичар и хемичар. Познат е Авогадровиот закон кој гласи: „Сите гасови при еднакви услови - температура, притисок, зафатнина - имаат ист број молекули“ и претставува основа на теориската хемија и на молекуларната физика. Умрел во 1856 година.
1883 Во Велес се родил Панко Брашнаров, македонски национален деец, народен учител, комунист, хуманист, воденичар, кафеџија, градинар и слуга, најстар пратеник на Првото заседание на АСНОМ, прв претседавач на Заседанието и прв потпретседател на АСНОМ, прв доверител на првата привремена влада на Македонија и иницијатор за формирање на првата новинска агенција на Македонија, најблизок соработник на Методија Андонов - Ченто. Умрел на Голи Оток, на 13 јули 1951 година.
1919 Во Монтекатини умрел Руџеро Леонкавало, италијански композитор, претставник на веристичкиот правец во италијанската музика. Негово најзначајно дело е операта „Палјачи“, која зборува за животот на една патувачка артистичка дружина. се родил во Неапол, на 8 мај 1858 година.
1945 Воздушните сили на САД ја фрлиле и втората атомска бомба (првата ја фрлиле врз Хирошима, на 6 август 1945 година), врз јапонскиот град Нагасаки, при што градот бил урнат до темел. Загинале околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 биле повредени, а во пожарот изгореле повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито објавил безусловна капитулација на Јапонија.
1962 Умрел Херман Хесе, германски писател. Најпознати негови романи се „Игра со стаклени перли“, „Демијан“, „Сидарта“ и „Степскиот волк“. Во 1946 година ја добил Нобеловата награда за литература. Се родил на 2 јули 1877 година.
1969 Во Љубљана умрел Тоне Селишкар, словенечки писател. Со популарност се здобил особено со своите творби за млади. Меѓу неговите најпознати дела се „Трбовле“, „Песни на исчекување“, „Во пазувите на татковината“, „Заринканиот брод“, „Трстјански пат“, „Дружината на синиот галеб“ и други. Се родил во Љубљана, на 1 април 1900 година.
1975 Во Москва умрел Димитриј Шестакович, советски композитор, пијанист и музички педагог. Создал околу 100 музички дела, вклучувајќи и 15 симфонии, меѓу кои најпознати се единаесеттата и тринаесеттата. Се родил во Санкт Петербург, на 25 септември 1906 година.
1995 Во Сан Франциско умрел Џери Гарсија, легендата на американската поп култура, познат по музичката група „Грејтфул дед“. Се родил во 1942 година.

1865 Во Петроград е роден Александар Пертович Глазунов, руски композитор, последен претставник на руската национална школа. Умре во Париз, на 21.03.1936 година.
1903 Неколку денови пред паѓањето на Крушевската република, во Церско поле, демирхисарско, македонскиот војвода Јордан Пиперката падна во заседа на осмалиската војска. По неколку часовна борба со осмалиската војска се самоуби. Роден е во селото Козица, на 23.06.1870 година.
1913 Заврши Втората балканска војна која на 30 јуни 1913 ја почна Бугарија, со цел да приграби поголем дел од Македонија. Во оваа војна учествуваа Црна Гора и Грција од една страна и Бугарија од друга страна. Во војната се вклучија Романија и Турција. Со овој мир Македонија е поделена на три дела: на Бугарија, на Србија и на Грција. Поради провидноста на некои одредби на овој мир, Балканот стана подрачје за постојани недоразбирања меѓу балканските држави.
1993 Во Скопје умре Димитар Кондовски, академик, врвна фигура во македонското сликарство. Роден е во Прилеп, во 1927 година.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1844.Во Виена умрел Јернеј Копитар, словенечки преродбеник, филолог, еден од основачите на славистиката. Се занимавал со проучување на словенските јазици и се залагал за упростен правопис и воведување на народниот јазик во литературата. Автор е на првата научна граматика на словенечкиот јазик - „Граматика на словенечкиот јазик во Крањска, Карантанија и Штаерска“. Се родил во Решње, Горенско, во Словенија, на 21 август 1780 година.
1858 Се родил холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причинителот на болеста бери-бери. Нобеловата награда ја добил за откривањето на витаминот Б.
1938 Основана е Словенечката академија на науките и уметностите.
1941 Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт се сретнале на еден брод во Атлантикот, каде што ја формулирале и неколку денови подоцна ја потпишале прочуената "Атланска повелба", чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација во 1945 година. Во повелбата меѓу другото се истакнува дека територијалната промена мора да биде во согласност со слободно изразената волја на народот, народите имаат право да си избираат за себе облик на владеење по волја и тоа право треба да им се врати на сите, и се предупредува дека народите во светот мораат да се откажат од употребата на сила.
1941 Во Загреб излегол првиот број на весникот „Вјесник“, како орган на Хрватскиот единствен Националноослободителен фронт.
1949 Во непосредна близина на селото Брезница, Егејска Македонија во моментот кога меѓу ДАГ и монархофашистичката кралска армија се водела тешка борба загинал Крсто Мангов, македонски револуционер и борец за националната слобода и социјалните права на македонскиот народ. Се родил во селото Д' мбени, Костурско, во 1912 година.
1952 На јорданскиот престол стапил кралот Хусеин откако неговиот татко кралот Талал бил тргнат од престолот поради сенилност.
1954 Со формално соопштение за примирје завршила Седумгодишната војна во Виетнам меѓу француските колонијални трупи и ослободителното движење.
1960 Чад, држава во Африка која беше во составот на Француска Екваторијална Африка, се здобила со независност.
1962 Биле лансирани советските вселенски бродови „Васток - 3“ и „Васток - 4“ со астронаутите Николаев и Попович. Тоа бил прв повеќедневен групен лет во вселената и траел до 15 август.
1980 Во Скопје умрел Аспарух Хаџи Николов, македонски музички педагог и композитор. Тој и припаѓаше на постарата македонска генерација композитори и целокупната дејност ја насочуваше кон негување и музичка обработка на македонските народни песни. Се родил во Скопје, на 18 април 1909 година.
1987 Во Охрид умрел Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Неговите збирки раскази "Пасквелија", "Нова Пасквелија", романите "Сребрените снегови", "Големата вода", драмите "Кенгурски скок", "Макавејски празници" и други, му обезбедија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Се родил во селото Велгошти, Охридско, на 13 август 1936 година.
1992 Со одлука на Собранието на Република Македонија усвоено беше знамето на република Македонија (црвена основа со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци. Знаме кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвена основа со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци. Истиот ден беше усвоена и химната на Република Македонија - „Денес над Македонија“.
1993 Пакистан ја призна Република Македонија.
1996 Умрел чешкиот диригент и композитор Рафаел Јероним Кубелик кој во 1934 година, на 20-годишна возраст, почнал да диригира со Чешката филхармонија.
1996 Во Софија умрела баба Ванѓа, чија пророчка моќ беше позната низ целиот Балкан и пошироко. Со децении привлекувала голем број посетители во нејзината скромна вила во планинското место Петрич, јужна Бугарија, во близина на грчката граница. Се родила во 1911 година.
2003 НАТО ја презеде командата на над 5.000 војници на меѓународните сили за помош и безбедност во Авганистан, што претставува прва мисија надвор од Европа во историјата на тој воено-политички сојуз.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.814
Поени од реакции
22.863
1762.Се родил Кристоф Вилхем Хуфеланд, германски лекар. Станал познат по делото „Макробиотика“, објавено во 1796 година, кое е преведено речиси на сите европски јазици и на кинески јазик. Според тоа дело е наречена науката за зачувување и за одржување на здравјето. Умрел во Берлин, во 1836 година.
1848 Во близина на градот Честерфилд умрел Џорџ Стивенсон, англиски пронаоѓач, "татко на железницата", кој во 1814 година ја конструирал првата употреблива парна локомотива. Се родил во Вајлем, кај Нукасл, на 16 октомври 1781 година.
1859 Во Тутсвил, во американската држава Пенсилванија, случајно е пронајдена нафтата.
1898 Со потпишување на протокол завршила шпанско-американската војна. Со протоколот Шпанија била принудена да ги напушти Куба и Порторико.
1900 Во Велес се родил Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет. Од неговото поетско творештво е позната само поемата „Ќе се вратам“. Се борел во првите борбени редови пред Мадрид како борец на интернационалните бригади во Шпанската граѓанска војна (1936 - 1939). Загинал при одбраната на Мадрид, на 19 ноември 1936 година.
1903 Околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнале офанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум од Бахтијар-паша, за да се предадат одговори: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода за Македонија, а не да се предаваме“. Но, кога градот се нашол во безизлезна состојба, штабот наредил востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Во жестоката битка загинале 32 востаници. Меѓу нив неколкумина се самоубиле. Крушевската република падна утредента, по борбите на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен.
1905 Во Велес се родил Бане Андреев - Ронката, бил член на КПЈ, на АВНОЈ и на АСНОМ, а од 1949 година партиски и воен раководител. Во 1949 година бил обвинет за недоследност во оживотворувањето на политиката на КПЈ и го исклучиле од партијата, по што заминал од политичката сцена. Во 1960 година повторно го примиле во редовите на СКЈ. Умрел во Белград, на 31 октомври 1980 година.
1928 Умрел Леош Јаначек, чешки композитор. Најголемиот дел од животот го поминал во Брно, каде што основал школа за оргули и работел на Конзерваториумот за музика. Основен принцип на неговиот композиторски стил претставува примената на моравскиот музички фолклор. Се родил во 1854 година.
1938 Германија објавила мобилизација на населението во рамките на подготовките за војна.
1945 Основано е македонско Лекарско здружение.
1955 Во Цирих умрел Томас Ман, германски писател. Негови назначајни дела се "Бунденброкови", "Доктор Фауст", "Волшебниот рид" и други. Во 1929 година ја добил Нобеловата награда за литература, а во 1949 година Гетеовата награда. Се родил во Лајпциг, на 6 јуни 1875 година.
1982 Во Лос Анџелес умрел Хенри Фонда, американски филмски артист, еден од великаните и легендите на Холивуд. Се родил во Гренд Ајленд, на 16 мај 1905 година.
1990 Во Скопје беше осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква "Свети Климент Охридски".
1990 Во Скопје била основана Партијата за целосна еманципација на Ромите од Македонија. За претседател беше избран Фаик Абди.
1993 Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија беше примен во редовното членство на Меѓународната организација на преведувачите (ФИТ) и станал 19-ти член на Регионалниот преведувачки центар за Европа.
2000 Во несреќа на руската нуклеарна подморница „Курск“ на околу 120 наутички милји североисточно од Мурманск, која после две силни експлозии потона на дното на Баренцовото Море на последниот ден на големите поморски маневри на Северната флота на руската воена морнарица, загинале сите 118 членови на екипажот.
2004 Во Грција беше пуштен во сообраќај мостот Рио-Антирио, најдолгиот висечки мост на челични сајли во светот, кој го поврзува полуостровот Пелопонез со остатокот на грчкото копно, долг 2.250 метри.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1624.Францускиот крал Луј Тринаесетти го поставил за прв министер кардиналот Арман Жан ди Плеси Ришелје.
1826 Умрел францускиот лекар Рене Теофил Јасинт Ленак, кој во 1819 година го измислил стетоскопот.
1863 Во Париз умрел Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтиамот, продолжувач на традицијата на Рубенс. Оставил дела кои се одликуваат со темперамент и со драматичност. Се родил во Шарентон Сен Морис, на 26 април 1798 година.
1899 Во Лентостаун, во близина на Лондон, се родил Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава добил со филмовите од криминалистичкиот жанр, страв и ужас. Негови најпознати филмови се "Триесет и девет скали", "Тајниот агент", "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици", "Психо" и други. Умрел во Лос Анџелес, на 29 април 1980 година.
1903 Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распоредил својот одред и со куршуми ги пречекувал јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Сугаре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули се родил во Крушево, 1865 година.
1906 Кај Влашките колиби на Кожуф, во борба против андардите, загинал Лука Иванов, македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско. Се родил во Панаѓуриште, Бугарија, 1880 година.
1912 Умрел Жил Масне, француски композитор. Компонирал 20 опери, главно со лирска тематика, од кои најпознати се "Мантон", "Вертер" и "Дон Кихот". Се родил на 12 мај 1842 година.
1913 Се родил Макариос, архиепископот на автокефалната Кипарска црква и претседател на Кипар. Умрел во Никозија, на 3 август 1977 година.
1914 Франција во Првата светска војна и објавила војна на Австро-Унгарија.
1916 Во Ресен се родил Радослав К. Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките раскази „Рибарот Климе“ и „Рашанец“. Умрел во Охрид, на 26 октомври 1955 година.
1923 Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк (татко на Турција) станал прв претседател на Турската Република. Учествувал во движењето на младотурците. Во Битола завршил виша воена школа, а во Цариград Генералштабна академија и бил еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спровел прогресивни реформи. Се родил во Солун, 1881 година, а умрел во 1938 година.
1936 Во селото Велгошти, Охридско, се родил Живко Чинго, македонски писател. Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“, драмите „Образов“, „Ѕидот, водата“ и другите дела, му овозможија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Умрел во Охрид, на 11 август 1987 година.
1951 Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакале да бегаат преку граница, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов.
1961 затворена е границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија, што беше најава за изградба на Берлинскиот ѕид.
1995 Умрел д-р Душан Манаковиќ, еден од најпознатите македонски географи и основоположник на современата геоморфологија и спелеологија.
1995 Во Софија умрел Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје. Се родил во Солун, во 1941 година.
2001 Во Скопје беше потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишале претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери - на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствувале и високи меѓународни претставници.
2003 Либија се согласила да исплати 2,7 милијарди долари на семејствата на 270 луѓе кои загинаа во експлозија на бомба во авион на компанијата „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска во 1988 година.

1784 На островот Кодијак, на Алјаска формирана е првата руска колонија. Царска Русија ја продаде Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД.
1867 Роден е Џон Голсфорди, англиски писател, автор на прочуената трилогија "Сага за Форсајтите". Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 31.01.1933 година.
1909 Во Солун е извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев.
1915 Во селото Никифорово, гостиварско, е роден Видое Смилевски-Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умре во Скопје, на 8.09.1979 година.
1919 Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, народен херој на Македонија. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20.02.1943 година.
1941 Официјално е објавен текстот на "Атланската повелба", што на палубата на еден брод во западен Атлантик ја потпишаа британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД, Франклин Рузвелт.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1769 Во Ајачио, на Корзика, е роден Наполеон Бонапарта, француски цар, еден од најголемите војсководци на сите времиња во светот. Во 1904 година е крунисан за цар. Сакајќи да го освои светот, а претходно покорувајќи ја половина Европа, 1812 година тргна во напад на Русија, но доживеа пораз. Во април 1814 година беше принуден да адбицира. Во 1815 година се обиде повторно да дојде до власт и, само по сто дена престој во Париз е интерниран на јужноатланскиот остров Света Елена, каде што умре на 5.05.1821 година.
1771 Во Единбург е роден Валтер Скот, шкотски писател, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше народни епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат романите "Ајванхо", "Кенилворд" и "Старинар".
1883 Во Врполе е роден Иван Мештровиќ, хрватски скулптор, еден од најголемите современи светски уметници. Изработи голем број релјефи, фигури и портрети, како и многу монументални јавни споменици. Умре во САД, на 16.01.1962 година.
1893 Умре Жан Мартин Шарко, француски лекар, еден од најголемите невролози на сите времиња. Се занимаваше со проблемите на хистеријата, хипнотизмот и склерозата. Роден е во 1825 година.
1911 Во селото Крушаре, Ениџе-вардарско, убиен е Апостол Петков Терзиев, македонски војвода и борец за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. Роден е во село Бојмица, солунско, во 1870 година.
1993 Во Сондерберг, Данска, на последниот ден од заседанието на Меѓународната федерација на студентите по медицина (ИФМСА), Сојузот на студентите по медицина на Македонија е примен во полноправно членство.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1534 Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основа монашки ред кој имаше задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобри папата Павле Трети на 27.07.1540 година, па стана столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите беше и озогласената римска инквизиција.
1896 На Алјаска, најсеверниот дел на САД е откриено злато кое потикна десетици илјади авантуристи да тргнат по него.
1914 Британскиот експедиционен корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.
1926 Во американската метропола на филмот, Холивуд, умре Рудолф Валентино, северноамерикаснки филмски артист од италијанско потекло кој во немиот филм се прослави со улогите на заводник и романтичен јунак. Неговите филмови "Четири јавачи на апокалипсата", "Дамата со камелии" и "Шеиков син", влегоа во историјата на светската кинематографија. Роден е во 1895 година.
1938 Во Њујорк почна Вториот светски младински конгрес. По повеќедневно заседание, конгресот го усвои познатиот "Њујоршки договор за мир", што го потпишаа претставниците на младината од 54 земји.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Настани:
.
1896 Во Јукон, северозападниот дел на Канада, откриено е злато кое поттикнало десетици илјади авантуристи да тргнат во потрага, во тнр. златна треска.

1914 Британскиот експедициски корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.

1930
Уб Иверкс го прави првиот звучен цртан филм во боја, наречен Fiddlesticks (Бесмислици).

1960 Кипар стекнал независност од Велика Британија.

1960 Џозеф Китингер скокнал со падобран над Њу Мексико на висина од 31.330 метри, со што поставил три сеуште актуелни рекорди: највисок скок, најдолг слободен пад и најголема брзина на човек без летало.

1977 Елвис Присли, кралот на рок ен ролот, починал од предозираност со дрога во својот дом во Грејсленд на 42 години.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.814
Поени од реакции
22.863
1534 Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основа монашки ред кој имаше задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобри папата Павле Трети на 27.07.1540 година, па стана столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите беше и озогласената римска инквизиција.
1896 На Алјаска, најсеверниот дел на САД е откриено злато кое потикна десетици илјади авантуристи да тргнат по него.
1914 Британскиот експедиционен корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.
1926 Во американската метропола на филмот, Холивуд, умре Рудолф Валентино, северноамерикаснки филмски артист од италијанско потекло кој во немиот филм се прослави со улогите на заводник и романтичен јунак. Неговите филмови "Четири јавачи на апокалипсата", "Дамата со камелии" и "Шеиков син", влегоа во историјата на светската кинематографија. Роден е во 1895 година.
1938 Во Њујорк почна Вториот светски младински конгрес. По повеќедневно заседание, конгресот го усвои познатиот "Њујоршки договор за мир", што го потпишаа претставниците на младината од 54 земји.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
1534 Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основа монашки ред кој имаше задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобри папата Павле Трети на 27.07.1540 година, па стана столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите беше и озогласената римска инквизиција.
1896 На Алјаска, најсеверниот дел на САД е откриено злато кое потикна десетици илјади авантуристи да тргнат по него.
1914 Британскиот експедиционен корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.
1926 Во американската метропола на филмот, Холивуд, умре Рудолф Валентино, северноамерикаснки филмски артист од италијанско потекло кој во немиот филм се прослави со улогите на заводник и романтичен јунак. Неговите филмови "Четири јавачи на апокалипсата", "Дамата со камелии" и "Шеиков син", влегоа во историјата на светската кинематографија. Роден е во 1895 година.
1938 Во Њујорк почна Вториот светски младински конгрес. По повеќедневно заседание, конгресот го усвои познатиот "Њујоршки договор за мир", што го потпишаа претставниците на младината од 54 земји.
1534 Шпанскиот благородник Ињацио Лојола во црквата Монмартр во Париз со неколку француски и шпански ученици основа монашки ред кој имаше задача да води борба против реформацијата и против сите противници на Католичката црква. Тој ред го одобри папата Павле Трети на 27.07.1540 година, па стана столб на католичката реакција во Шпанија, Италија, Португалија и во хабзбуршките земји (Чешка, Словенија, Хрватска). Во рацете на езуитите беше и озогласената римска инквизиција.
1896 На Алјаска, најсеверниот дел на САД е откриено злато кое потикна десетици илјади авантуристи да тргнат по него.
1914 Британскиот експедиционен корпус се истовари во Франција. Со тоа, Велика Британија го почна активното учество во Првата светска војна.
1926 Во американската метропола на филмот, Холивуд, умре Рудолф Валентино, северноамерикаснки филмски артист од италијанско потекло кој во немиот филм се прослави со улогите на заводник и романтичен јунак. Неговите филмови "Четири јавачи на апокалипсата", "Дамата со камелии" и "Шеиков син", влегоа во историјата на светската кинематографија. Роден е во 1895 година.
1938 Во Њујорк почна Вториот светски младински конгрес. По повеќедневно заседание, конгресот го усвои познатиот "Њујоршки договор за мир", што го потпишаа претставниците на младината од 54 земји.
:tapp:

986.Во Ихтиманскиот премин (Тројанова Врата), византискиот цар Василиј Втори претрпе пораз во борбата со војската на македонскиот цар Самуил кој продолжи со нови освојувања се до 991 година.
1593 Турскиот султан Мурат Втори и објави војна на Австрија која траеше 14 години.
1873 Во Ново Село, штипско, е роден Славејко Арсов, истакнат македонски револуционер и војвода. Загина во борба против османлиската војска во близина на селото Ѓуѓанце, светиниколско, на 22.06.1904 година.
1902 Во Прилеп е роден Методија Андонов-Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Тој се бореше за правата и слободата на македонскиот народ. Во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, е осуден според Законот за кривични дела против народот и државата. Умре во Прилеп, на 24.07.1957 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom