1624.Францускиот крал Луј Тринаесетти го поставил за прв министер кардиналот Арман Жан ди Плеси Ришелје.
1826 Умрел францускиот лекар Рене Теофил Јасинт Ленак, кој во 1819 година го измислил стетоскопот.
1863 Во Париз умрел Ежен Делакроа, француски сликар, главен претставник на романтиамот, продолжувач на традицијата на Рубенс. Оставил дела кои се одликуваат со темперамент и со драматичност. Се родил во Шарентон Сен Морис, на 26 април 1798 година.
1899 Во Лентостаун, во близина на Лондон, се родил Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава добил со филмовите од криминалистичкиот жанр, страв и ужас. Негови најпознати филмови се "Триесет и девет скали", "Тајниот агент", "Човекот кој многу знаеше", "Ребека", "Аферата Парадин", "Птици", "Психо" и други. Умрел во Лос Анџелес, на 29 април 1980 година.
1903 Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распоредил својот одред и со куршуми ги пречекувал јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинаа Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Сугаре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули се родил во Крушево, 1865 година.
1906 Кај Влашките колиби на Кожуф, во борба против андардите, загинал Лука Иванов, македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско. Се родил во Панаѓуриште, Бугарија, 1880 година.
1912 Умрел Жил Масне, француски композитор. Компонирал 20 опери, главно со лирска тематика, од кои најпознати се "Мантон", "Вертер" и "Дон Кихот". Се родил на 12 мај 1842 година.
1913 Се родил Макариос, архиепископот на автокефалната Кипарска црква и претседател на Кипар. Умрел во Никозија, на 3 август 1977 година.
1914 Франција во Првата светска војна и објавила војна на Австро-Унгарија.
1916 Во Ресен се родил Радослав К. Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките раскази „Рибарот Климе“ и „Рашанец“. Умрел во Охрид, на 26 октомври 1955 година.
1923 Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк (татко на Турција) станал прв претседател на Турската Република. Учествувал во движењето на младотурците. Во Битола завршил виша воена школа, а во Цариград Генералштабна академија и бил еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спровел прогресивни реформи. Се родил во Солун, 1881 година, а умрел во 1938 година.
1936 Во селото Велгошти, Охридско, се родил Живко Чинго, македонски писател. Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“, драмите „Образов“, „Ѕидот, водата“ и другите дела, му овозможија едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Умрел во Охрид, на 11 август 1987 година.
1951 Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакале да бегаат преку граница, убиени се пет струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов.
1961 затворена е границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија, што беше најава за изградба на Берлинскиот ѕид.
1995 Умрел д-р Душан Манаковиќ, еден од најпознатите македонски географи и основоположник на современата геоморфологија и спелеологија.
1995 Во Софија умрел Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје. Се родил во Солун, во 1941 година.
2001 Во Скопје беше потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишале претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери - на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствувале и високи меѓународни претставници.
2003 Либија се согласила да исплати 2,7 милијарди долари на семејствата на 270 луѓе кои загинаа во експлозија на бомба во авион на компанијата „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска во 1988 година.
1784 На островот Кодијак, на Алјаска формирана е првата руска колонија. Царска Русија ја продаде Алјаска на САД во 1867 година за 7,2 милиони американски долари. Во 1963 година Алјаска стана една од сојузните држави на САД.
1867 Роден е Џон Голсфорди, англиски писател, автор на прочуената трилогија "Сага за Форсајтите". Во 1932 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на 31.01.1933 година.
1909 Во Солун е извршен втор неуспешен обид за убиство на македонскиот револуционер Јане Сандански и на неговите другари Стојко Хаџиев, Анастас Митрев и Иван Манолев.
1915 Во селото Никифорово, гостиварско, е роден Видое Смилевски-Бато, народен херој на Македонија, истакнат револуционер и општествено-политички работник. Умре во Скопје, на 8.09.1979 година.
1919 Во Скопје е роден Раде Јовчевски Корчагин, народен херој на Македонија. Загина во Скопје, во судирот со бугарските агенти и со полицијата, на 20.02.1943 година.
1941 Официјално е објавен текстот на "Атланската повелба", што на палубата на еден брод во западен Атлантик ја потпишаа британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД, Франклин Рузвелт.