RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Темава ја отворам зашто често наидувам на интересни факти за тоа како актерите ги добиле главните филмски улоги, кој ја одбил улогата, а кој прифатил, потоа занимливости од типот на тоа што се прават актерите за да се соживеат со улогите и како режисерите се одлучиле да ги режираат своите филмови.
Мислам дека нема соодветна тема каде што можат да се вметнат ваквите факти и податоци, а се разликуваат од филмските вести и таму на пример ми е несоодветно да ги постирам.
Еве ќе споделам неколку податоци со вас како за почеток на темава:
- Бред Пит самиот му се понудил на Гај Ричи да глуми во неговиот нареден филм откако го изгледал Две зачадени двоцевки. Излегло дека наредниот филм на Ричи е Снеч, но бидејќи Бред не можел да го совлада англискиот акцент, Ричи му ја дал улогата на ирскиот боксер.
- За улогата на Арон во Primal Fear филмското студио долго време барало млада актерска ѕвезда. Потрагата по млад талентиран актер излегла потешка од очекуваното. Имено, улогата за прв пат му била понудена на Ди Каприо ама тој ја одбил. Долго време проектот тапкал во место, а Ричард Гир веќе сакал да отстапи од проектот кога се појавил Едвард Нортон и ја добил улогата помеѓу 2000 пријавени кандидати. За оваа улога која го вивна во ѕвездите Нортон добил хонорар од 50 000 долари.
-Диетата на Кристијан Бејл за филмот Машинист била толку ригорозна што актерот за да ослаби конзумирал само салати и јаболка, џвакал мастики и пушел цигари. Улогата била толку тешка за зиведување што Бејл изјавил дека немал воопшто сила и дека не можел да направи еден склек.
-За да го сними Into The Wild, Шон Пен чекал 10 години за да ја добие соодветната дозвола од семејството на Крис. Од почит кон него, филмот не бил сниман во автобусот каде што всушност Крис кампувал, туку на друго место каде што била направена реплика на авотбусот.
Во филмот човекот кој му ги дава гумените чизми на Крис е Џим Галиен и се глуми самиот себеси. Тој навистина му ги подарил гумените чизми на вистинскиот Крис.