Z
zmej gorjanin
Гостин
Се слагам со ова, филмов покажа дека луѓето можат да поверуваат и во апсурдна и неверојатна приказна доколку некој добро им ја раскаже, тоа е само дел од атеистичката порака која ја носи филмот. За актерската екипа ќе кажам дека и не беа толку виновни тие колку што беа виновни нивните реакции и реплики, но затоа тие програмирани и неприродни реплики и реакции кај актерите направија Џон Олдман да изгледа уште поуверливо и уште подобро да ја раскаже својата приказна. Замислете на вас да ви дојде некој мртов озбилен и да ви збори дека е стар 14000 години, колку и да е уверлив и се расфрла со факти ќе бидете уверени дека е луд и во најмала рака ќе му се изнасмеете. Додека кај професориве кои го слушаа Олдмн сепак остана мало место за сомнеж. Прво речиси ги убеди дека е кејвмен, па потоа им кажа дека се шали и му поверуваа и дека ги лажел (бидејќи тоа беше единствениот рационален одговор на ваква неверојатна приказна) но сепак остана тој мал сомнеж дека можеби и се тоа е вистина, на тој начин ги ставија и гледачите во недоумица дали човеков лаже или ја кажува вистината. Е ова особено потсетува на верник кој се бори самиот со себе да си докаже дали постои Господ Бог или не откако некој атеист аргументирано ќе му докаже дека Господ не постои и е плод на човековата имагинација. Сепак доколку не навлегуваме во ситници и не бараме некаква рационалност во сето тоа што беше кажано ќе заклучиме дека е ова одличен филм со уникатна и оригинална приказна.Како што почнавте и продолживте со ставање на "ваков" тип на филмови во дискусијава слободно може да се префрли темава во филозофија или религија
Пошто ми е тазе гледан да прокоментирам нешто.
Прво и основно бев многу скептичен во врска со филмов кога ја видов убиствената камера...
Второ глумата беше многу под нивото,тоа сите се сложуваме .
И трето околу приказната и поентата на филмот :
Добро луѓе кога почна филмов не можевте да процените дека ќе е еден од оние филмови кои на крајот ќе ве остават со прашањето "дали е или не е"? И повторно се фаќате во истата мамка,дискусијата ја сведувате на тоа прашање а не на она што е главна поента на филмов,а таа поента е за на друг подфорум.
И нешто околу таа поента- Некаде 2/3 од траењето на филмот е застапено во врска со религијата и некои учења. Само по себе филмов дава остра критика на нив.Но да видиме како-
Олдменов во една прилика истакна дека е Исус ,а тоа кај гледачите кои се религиски определени верувам дека ги наведе да помислат дека тоа претерано ,лага и целиов филм е недоволно убедлив . Но и тоа можеби имаше цел кај режисеров ,зошто верниците веруваат во одредена приказна искажана преку некоја догма а некое зборување кое неможе ни да се поткрепи но ни да се поништи го класифицираат како тотално срање .
--- надополнето ---
Big Fish го имам гледано, The Fall ќе го ѕирнам