Го изгледав и јас...
Дали е Крис херој?
Не. Зашто да е херој? Се откажал од се што има, ги даде парите за повторно да заработува пари, каква иронија. Into the Wild? Ресторан, комбајн, ноќни свирки, кај старецот дома... дали е тоа одење во дивината и дали таму гледате херојство и храброст да се направи нешто. Јас би рекол дека е повеќе луд отколку херој или пак личност што тргнал по среќата, или бегал од проблемите, или не знам што точно.
Критика за општеството или бегање од проблемите?
Се обиделе и двете да ги скротат во едно но не успеале, очигледно. Општеството такво какво што е, воопшто не беше искритикувано од филмов, верувам дека 95% од луѓето што го изгледале филмов не ни приметиле дека се работи за критика на општеството со оглед на тоа што направиле голем фејл во презентирањето на критиките, она извикувањето не е критика.
Ако тоа што сте предбрачни деца(а потоа вашите родители се земале) значи и бегање од дома, тогаш е лудост. Одби подобра кола, не одби ферари, одби нешто подобро, зарем треба да го величиме? Јас би прифатил подобра кола, а кој не би? Да не се лажеме, не е исто да се возиш во кола без клима и во кола со клима, не зборам за ферари, зборам за кола од средна класа, сосема нормално, она и што му беше понудено, но не, он одби. Океј, сепак, доколку не сакаше подобра кола, зашто тогаш носеше доста добар саат, скромен е за кола, не е скромен за саат? И капак на се, беше навреден зашто му била понудена кола, не инсистираа или пак веќе да му беше купена, само му беше понудено.
Скоро се рачистивте, ако не се гледа филмот во детали е добро но предолго филмче.