Македонија се вклучува во лотото на екс-Ју државите

  • Креатор на темата Креатор на темата slobbo
  • Време на започнување Време на започнување

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Македонија интензивно се подготвува да се вклучи во проектот заедничка лотарија, во која ќе учествуваат сите држави на поранешна Југославија, со што премиите за главна награда ќе достигнат неколку милиони евра.

Директорот на Државната Лотарија на Македонија Јован Сиљановски за Макфакс потврди дека со новиот Закон за игри на среќа, што наскоро треба да биде усвоен од македонското Собрание, се отвора патот Македонија да пристапи кон заедничката лотарија.

„Министерството за финансии ги прифати сите наши сугестии и предлози. Штом Законот за игри на среќа биде донесен во Собранието, ќе започнеме со сите активности. Ние сме веќе подготвени“, изјави Сиљановски.

Тој информираше дека Асоцијацијата на лотариски организации на државите на поранешна Југославија веќе изготвува Правилник, а се работи и на усогласување на законските рамки во сите држави, што е основен предуслов за отпочнување на заедничкото лото.

„Изготвени се многу нормативни акти, правила и правилници. Бидејќи станува збор за игра организирана во повеќе држави мора да биде усогласена со нормативните акти на државите“, вели Сиљановски, додавајќи дека фондот за исплата на добивките во сите држави треба да биде 50 отсто од вкупната уплата во државата.

Наскоро во Белград треба да се одржи состанок на сите директори на државните лотарии, на кој ќе се потпише заеднички договор со кој ќе се дефинираат правата и обврските

Според Сиљановски, постои можност новото лото да почне со работа пред започнување на летните одмори.

Предвидено е цената на едно ливче за заедничката лотарија да изнесува едно евро, а за главната премија ќе треба да се погодат 5 од 90 броеви.

Извлекувањето ќе се врши во Љубљана, најверојатно секој четврток, а директен пренос ќе се емитува во сите држави на матичните јазици

Податоците ќе се обработуваат во заеднички современ компјутерски центар.

Директорот на Државната лотарија на Македонија не ја исклучува можноста лотариите на државите на поранешна Југославија да ја прошират соработката и во приредувањето на други игри на среќа, како што е бингото, инстант грепките и слично

Паралелно со учеството во заедничката лотарија, Државната лотарија на Македонија ќе продолжи со организирањето на НовоЛото, кое се приредува двапати седмично.

„Од нашето лото сум многу задоволен, бидејќи не очекувавме толку добри резултати за кратко време. Почнавме на 3 мај 2010 година со првото извлекување, а веќе се постигнуваат исклучителни резултати“, рече Сиљановски.

Тој најави дека согласно новиот закон, на играчите на лото ќе им биде овозможено и уплата преку интернет, или смс пораки.

Сиљановски вели дека интересот за игрите што ги приредува Државната лотарија на Македонија постојано расте, при што најави и приредување на нови игри, меѓу кои ќе биде и спортската прогноза.

Зголемениот интерес за лото и останатите игри на среќа во Македонија и во земјите од регионот, за социолозите воопшто не претставува изненадување.

Тие сметаат дека игрите на среќа се многу актуелни во земјите со низок животен стандард. Како што луѓето се сиромашни, така гледаат надеж дека ќе им падне нешто на лотарија.

Илија Ацевски, професор по социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, вели дека играњето на лото, за човек што останал без работа, претставува потиснување на проблемите и купување на надеж дека ќе го врати она што го загубил.

„Со купувањето на ливче за лото се бара шанса и неколку денови се живее во надеж и исчекување, додека не биде извлекувањето. Кога некој уплатува лото, тој чувствува една неутралност, чувствува за момент дека е еднаков со сите и дека може да добие“, вели Ацевски.

Тој потсетува дека најрадикален бил примерот во Албанија во деведесеттите години од минатиот век, кога по пропаста на штедилниците, луѓето масовно се коцкале за се' и сешто, при што се одело дури дотаму, што во кафеаните се измислувале најразлични игри и поводи за коцкање.
извор

Ова се е убаво ама и многу опасен состем одбрале :)
шансите да се погоди овој систем е 43 950 000 : 1

Епа нека е со среќа :)
 
ама коа ќе падне, паднато е :)
 
Ако се падне има да ја благословуваш Југославија :vozbud: Која пара ееее
 
Само лото ни остана да играме.Ајде Македонци ливчињата во раце и пари ќе правиме :)
 
Се убаво,само страшно е ако балканската мафија има замешано прсти во чудово:tv:
 
као Сурвајвр и Велики Брат ќе ни биде, и овде ќе плачеме “дека не ни даваат да тепаме’’ :D
 
Така е уште полошо, парите од неколки земји ќе одат директно кај некој можи да падни во словенија, можи црна гора можи и србија.
И шо е уште полошо, ќе имало 80 бројки и од нив 5 да погодиш.
Ела погоди ги да те видам овде од 34 , 7 не можам да погодам 5ка немам добиено, па не нешто друго.
А од секоаш сум мислел дека е некако местено лотото...

Бингото е супер, зато шо мора да падни еднаш ако имаш среќа ќе добиеш;)
 
среќа брат среќа...ако немаш среќа и милион ливчиња пак ништо...:toe:
 
Србија - комунистите се смешни со својот сон за Југославија. Ова е веќе студен труп. Како и да е и онака никогаш не биле паметни, а и веќе ја нема Русија да им менува пелени Насри

Сакам да ви кажам само дека се што може да се ставови и да биде нечесно без последици е нечесно. Особено за толку многу пари.
 
Jaс пак стојам на фактот дека после 50 извлекувања на лотото, и уплатени незнам колку комбинации, нема теоретски шанси да не се падни лотото освен ако имат некоја заебнација праено со лотото.
A сега новово лото со 90 бројки ела да те видам погоди го, али како шо кажа чоеко погоре пак среќа е дали ќе ти падни, исто ко со гребките ако имаш среќа ќе ја изгребиш добитната ќе ти текни во тој момент да земиш гребка.
 
Значи,од спортска на лото обраќам :zlo:
 
Регионалното лото - 2 милиони евра

Балканскиот џек пот ќе тежи два милиони евра. За само неколку недели од стартот се очекува истиот да достигне и до 50 милиони.
loto2_42594.jpg

Новата екс ју лотарија која ја организираат сите поранешни членки на југославија најверојатно ќе стартува летово. Премијата ќе се извлекува секој четврток во Љубљана, а државите учеснички ќе го пренесуваат на сопствен јазик. И Македонија интензивно се подготвува да се приклучи во проектот на заедничката игра на среќа.

- Интензивно работиме кон усогласување на законските регулативи, правилниците се изготвени договорите се постигнати - вели Јован Сиљановски, директор на македонската државна лотарија.

Кризата но и сигурноста во државните лотарии ја прават играта се поатрактивна.

- Во време на криза и сиромаштија нормално е луѓето да се надеваат и на поголема добивка па затоа и играат - додава Сиљановски.

Сиљановски вели дека се уште се разработуваат техничко организациските детали. Правилникот е подготвен, сега останува само да се прилагодат законите во сите земји учеснички, што е и услов за почеток на заедничките игри на среќа.

Граѓаните ќе можат среќата да си ја пробаат за само 60 денари по ливче. Секоја недела ќе очекуваат барабанот кој има 50 топчиња да ја исфрли токму нивната комбинацијата од 5 бројки.

Регионалното лото во кое ќе учествуваат Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Република Српска, Црна Гора, Хрватска и Македонија според очекувањата на организаторите ќе треба да привлече околу 20 милиони играчи.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/regionalnoto-loto-2-milioni-evra

--- надополнето ---

50 милиони??????????????????????????????????

па во америките е толку :nesvest:

мене доста ми е нашето НовоЛото да ми падни кое моментално е околу 200 000 евреи :tv:
 
Greska, vo USA ide do 350 mil

">
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom