Нејќам. Кај јас на почетокот секогаш сум срамежлива,уште и типот уста да не отвара и сме завршиле работа.
Ми треба некој што ќе ме замуабети,ќе си се понаша природно. Само со таков човек можам да функционирам и да се опуштам и јас максимално.
Мистериозноста е привлечна,да и не барам уште на првиот состанок да ми каже ко...ј број на гаќи носи,ама мора да биде слободен и да знае барем општ муабет да прави,затоа што сите добро знаеме дека добрата комуникација е клучна за секоја успешна врска. Башка срамежливите дечки никогаш не се спонтани,а ние паѓаме секогаш на тоа(кога машките иако можеби претходно ги испланирале работите сепак со ништо не го покажуваат тоа и се однесуваат најнормално,едноставно од нигде-никаде да го погодат моментот). И не сакаме премногу комплименти. Да,сакаме да слушнеме дека вредело што сте се мрзнеле чекајќи не,затоа што изгледаме прекрасно,ама одвреме навреме можете слободно да не спуштите од пиедесталот,да си бидете искрени и да го кажете тоа што навистина го мислите.
Несигурност во себе,пасивност,индиферентност,константно барање дозвола да направи нешто и согласување со се што ќе каже девојката=not cool & annoying
Сума сумарум-мажи останете си мажи. Колку и да викаме дека сте шовинистички неандерталци знаете дека ве сакаме и дека не можеме без вас.