Дали девојките сакаат срамежливи дечки?

  • Креатор на темата Креатор на темата Interperf
  • Време на започнување Време на започнување

Дали девојките сакаат страмежливи дечки?

  • Да

    Гласови: 66 26,6%
  • Не

    Гласови: 182 73,4%

  • Вкупно гласачи
    248
Нејќам. Кај јас на почетокот секогаш сум срамежлива,уште и типот уста да не отвара и сме завршиле работа. :) Ми треба некој што ќе ме замуабети,ќе си се понаша природно. Само со таков човек можам да функционирам и да се опуштам и јас максимално.
Мистериозноста е привлечна,да и не барам уште на првиот состанок да ми каже ко...ј број на гаќи носи,ама мора да биде слободен и да знае барем општ муабет да прави,затоа што сите добро знаеме дека добрата комуникација е клучна за секоја успешна врска. Башка срамежливите дечки никогаш не се спонтани,а ние паѓаме секогаш на тоа(кога машките иако можеби претходно ги испланирале работите сепак со ништо не го покажуваат тоа и се однесуваат најнормално,едноставно од нигде-никаде да го погодат моментот). И не сакаме премногу комплименти. Да,сакаме да слушнеме дека вредело што сте се мрзнеле чекајќи не,затоа што изгледаме прекрасно,ама одвреме навреме можете слободно да не спуштите од пиедесталот,да си бидете искрени и да го кажете тоа што навистина го мислите.

Несигурност во себе,пасивност,индиферентност,константно барање дозвола да направи нешто и согласување со се што ќе каже девојката=not cool & annoying

Сума сумарум-мажи останете си мажи. Колку и да викаме дека сте шовинистички неандерталци знаете дека ве сакаме и дека не можеме без вас. :icon_lol:
 
Има и такви кои што сакаат посрамежливи, но процентот е мал, сепак жени се палат на самодоверба.
 
хехе што не ке чуе човек од вас.... :pijan:

Ние па се натпреваруваме кој ке биде по алфа-мажјак и коа ке слушнам нешто вака.... :nesvest:

Па добро, ако јас сакам вакви, не мора да значи дека сите сакаат :) Сепак, повеќето шо се со голема самодоверба и шо се најбучни, се најлесни за „читање“ и ми е веќе видено. Алфа мажјаците, оние висинските, се ретки, свикај им малце и предат ко мачиња и знаеш дека глумат лудило.
Оние што се посрамежливи на некој начин ме потикнуваат да „поработам на случајот„.
Освен тоа, кај срамежливите обично се дознаваш постепено, нема на прва средба да ти каже се и да ти биде досаден.

Барем мене така ми е :)
 
Не викам лош, и јас сум понекогаш срамежлив...туку неинтересен, јас обично не ги заприметувам срамежливите, не намерно. Зборувам за претерано срамежливи.

Ногу јасно бидејќи се срамежливи и се по повлечени по малце разговараат скоро ич посебно во поголема група кога се.Секогаш има некој што повеќе доминира во некое друштво е поистакнат од другите што и не е баш најдобро.
 
Сакам и не сакам. Сакав еден кој беше срамежлив а се гледаше дека му се допаѓав и јас. Ама од што беше толку срамежлив не можеше да ме праша да ми биде дечко. И имам еден совет до срамежливите машки - Ако сакате некоја кажете и, не чекајте да замине со друг.:smir:
i ti so napravi posle
mu prejde ti ili.... :)
 
Да бидеме искрени никој не сака срамежливи машки женски што и да е...

Јас обожавам, поинакви се и пореални, не се воопшто извештачени нити искомплексирани.
 
Посрамежлив од мене нема, се додека не добијам доверба од некоја личност. Иначе потешко е да стапам во контакт со некоја девојка што ми се бендисва, но кога ќе стапам се отворам и се осеќам поудобно ( барем некогаш ). :smir:
 
Па добро, ако јас сакам вакви, не мора да значи дека сите сакаат :) Сепак, повеќето шо се со голема самодоверба и шо се најбучни, се најлесни за „читање“ и ми е веќе видено. Алфа мажјаците, оние висинските, се ретки, свикај им малце и предат ко мачиња и знаеш дека глумат лудило.
Оние што се посрамежливи на некој начин ме потикнуваат да „поработам на случајот„.
Освен тоа, кај срамежливите обично се дознаваш постепено, нема на прва средба да ти каже се и да ти биде досаден.

Барем мене така ми е :)

Одма една психоанализа им удираш а?:) Кој предизвик е да имаш девојка психолог чоече незнаеш дали ти праи муабет или те анализира:pos:(no hard fillings:smir:)
Он топик - Кај срамежливо машко постои онаа инфериорност, пасивност, ригидност која јас лично сметам дека не им се допаѓа на девојките. Од друга страна дечкото со самодоверба е по отворен, флексибилен и има далееку повеќе успех и во наоѓање нова љубов, и во градење на сериозна врска. Никој не сака да биде срамежлив но срамежливоста може да се надмине преку поинтензивна социјализација.
 
Требало да биде ЈАВНА АНКЕТА (да се види кој за што гласал :P)
 
Ја кога бев мал, значи од 10 до 19 години бев многу срамежлив, и многу девојки ме сакаа, се заљубуваа у мене, ми свиркаа по улица, врескаа кога поминував низ кумановско З’дче.... и ја така си живеев срамежливо и девојките ме сакаа али ја како? Срам, неможам да бекнам, превише размислувам.
И пораснав некако.....
поминав низ некои ситуации и ме научија дека нема што ја да се срамам од било што, зашто секој си има по нешто од што се срами, ја не сум совршен нити па другите се, и тоа е тоа. И како го изгубив срамот така ги изгубив девојките. И сега никоја ни вика по мене, ни прашува за мене, ништо... ништо. Или можда ова само на мене ми се случува.
 
Друже сега како што не си срамежлив ке земеш сега ти ке фатиш да викаш по нив, да се распрашуваш, да се запознаваш, да им сврикаш, да им врескаш... хехе :back: Не да им свиркаш и врескаш не тоа вистина.... :smir:

Нема што да чекаш ти треба да одиш да си најдеш нешто.... :motor:
 
Ја кога бев мал, значи од 10 до 19 години бев многу срамежлив, и многу девојки ме сакаа, се заљубуваа у мене, ми свиркаа по улица, врескаа кога поминував низ кумановско З’дче.... и ја така си живеев срамежливо и девојките ме сакаа али ја како? Срам, неможам да бекнам, превише размислувам.
И пораснав некако.....
поминав низ некои ситуации и ме научија дека нема што ја да се срамам од било што, зашто секој си има по нешто од што се срами, ја не сум совршен нити па другите се, и тоа е тоа. И како го изгубив срамот така ги изгубив девојките. И сега никоја ни вика по мене, ни прашува за мене, ништо... ништо. Или можда ова само на мене ми се случува.

Така ти се чинело.... :)
 
Срамот е сосема непотребна особина и не знам еден на кого му донел корист. Поврзан е со страв да не бидеш разбран или исмеан (или со недостаткок на самодоверба) и сосема те спречува да се претставиш таков каков си во суштина. Најчесто дури откога ќе го загубиш сфаќаш колку те кочел во минатото и тоа од банални па до побитни животни ситуации.

И додека за женско е некако прифатливо да биде срамежлива за машко е погубно така да што побргу се загуби толку подобро.

Он. Некои девојки може на почеток да сакаат срамежливи машки но само е прашање на време кога ќе сфатат дека не е тоа тоа :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom