videoigra.wordpress.com

Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
За да не спамирам по другите теми ќе ја отворам оваа.
http://videoigra.wordpress.com/
За тие кое не го виделе, тоа е блог за видеоигрите каде
...ќе се обидам да навлезам длабоко и да прошетам нашироко низ нив.
(извадок од пораката за добредојде)

Прв текст ми беше „Игрите се уметност.

А веќе денеска го напишав вториот, нешто поконкретно: „Неформален илустриран водич кон приказна, гејмплеј и линеарност

Коментари за темите оставајте на блогот, а овде општо за блогот, критики и пофалби и што ми е поважно, предлози за теми, предлог за анализа на некоја откачена игра и сл.

Иначе ова е можеби прв блог од ваков карактер на македонски јазик, па затоа си дозволив да отворам посебна тема.
 

ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64
Другар, гледам сакаш да направиш блог, добра е темата, ама блогот едноставно ти е премногу едноставен. Со вакви блогови и портали имам некое добро искуство (мислам на број на следење) и можам да ти кажам дека не е тоа тоа. Си почнал во Wordpress, па дај барем искористи го програмот што е можно повеќе. Некако направи ТЕМИ, па и во менито да се гледаат. Смени ја темата на страна, подготово сликата што ти е на почеток. Моментално се нема чувство (зборам за мене) дека станува збор за блог од таа тема. После дај статиите поделиги некако, до каде ке скроламе со маусот? Стави некој ефекти, пагинација, направи на почеток некако наслов и краток опис а со клик да се отвори статијата. Искористи jQuery. Се трудиш се, и тоа е супер, ама гледај трудот да го распоредиш во повеќе правци, а не само на постирање статии. Гледам си почнал се на македонски, па во тој случај преведи ја целата страна. Стави некој slogan, logo. Едноставно направи страната да биде интересантнa. Гледам си пишал дека си активен форумџија, тогаш знаеш што треба да направиш за да биде се супер.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Јасни ми се тие работи, ама некако мора да се почни. Ај ќе поработам на тоа следниве денови.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Сега како ви се допаѓаат новиве сликчиња?
Чини, не чини, да менувам нешто?
 

ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64
Дефинитивно подобро од предходното, но имам една забелешка. Онаа сликата што ти е ставена на background, направи ја да се повторува по X оската, и најди некоја соодветна за таква работа. Јас конкретно работам на 1920x1080 резолуција, и се гледаат границите. Предпоставувам сликата ти е ширина 1440 или може нешто поголема.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Е сега веќе и самиот сум задоволен со изгледот. Му ставив темна тема и хедерот/логото е помало.
А за подобра промоција треба да направам еден твитер и фејсбук за блогов.

Туку настрана техничките детали, нешто слабо коментари за идеологиите на блогов.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.165
Поени од реакции
6.046
Не знам во која насока планираш да одиш понатаму, ама засега мислам дека текстовите се супер. Единствено исклучок е првиот текст кој ми беше премногу некако философски, со според мене непотребно дефинирање на категориите забава и уметност и обидот за класифицирање на игрите во овие две категории. Ама ОК, претпоставувам дека е добро како за воведен текст и ти си сметал дека е потребно тоа да го има на самиот почеток пред да се навлезе подлабоко во суштината на игрите (што одлично го направи во наредните два текста).

Само напред, продолжи понатаму, го чекам наредниот текст :)
 

sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101
И јас имам блог . Само да се исцепам, онака. Фала.

А на темава , блогот е поквалитетен после измениве што си ги нааправил.
Според мој вкус , текстовите се многу класифицирачки , а тоа баш не ми е занимлива тема за коментирање. Сите знаеме дека која и класификација ја направиш , заклучокот ќе заврши со релативизам .
Кога јас читам блогови , интересни ми се субјетивните блогови , кога има некое застапување на став / рецензија / било што game-related. Да не го спомнувам фактот дека субјективноста полесно ќе ти даде „лице“ меѓу блогерите, и на интернет.
(На пример Zero Punctuation рецензиите ми се секогаш интересни.)

--- надополнето ---

А , да . И долги текстови ми се исцрпувачки за читање. Те советувам малце пократки да ги пишуваш :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Прочитав јас, ако не реплицирав неколку дена. Ви благодарам за пофалбите. А за забелешките.

Според мој вкус , текстовите се многу класифицирачки, а тоа баш не ми е занимлива тема за коментирање. Сите знаеме дека која и класификација ја направиш, заклучокот ќе заврши со релативизам.
Млад медиум во кој многу работи се недефинирани или слабо дефинирани, па има место за класифицирање. А релативизмот го ставам каде што е потребен. (ако гледаш премонгу релативистички, релатвно е дали луѓео играат игри или не, релативно е и постоењето на луѓето… Watchmen :icon_lol:)

Кога јас читам блогови , интересни ми се субјетивните блогови , кога има некое застапување на став / рецензија / било што game-related. Да не го спомнувам фактот дека субјективноста полесно ќе ти даде „лице“ меѓу блогерите, и на интернет.
Ќе биде и тоа.

(На пример Zero Punctuation рецензиите ми се секогаш интересни.)
Extra Credits > Zero Punctuation :icon_mrgr

---------
Сеуште се мислам што да пишувам а еве неколку можни наслови:
Рецензија: Aquaria - рецензија за една убава игра
Рецензија: Guns of Icarus - мала игра со кратка рецензија
Рецензија: Osmos - релативно тешка игра за која треба железни нерви за да се преврти целата. Како пред 20 години да ја правеле. Последното ниво уште го немам поминато xD.
Адаптивна музика - главно информативна статија, ниту класифицирачка ниту субјективна, и кратка. Информативна затоа што не сум музичар, а и да бев ова поле е премалку истражено.

Некој ваш предлог за тема од овие погоре или пак некоја трета.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Рецензија: Aquaria
Како ви се допаѓа стилот?

Инаку направив и твитер и фејсбук страница за блогов, па ако сакате следете го/станете фан. Линковите се горе десно.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Социјални игри 1: Echo Bazaar

Нешто за овие игри и препорака за една таква. Ќе има уште една ваква, многу интересна е втората.

ПС. Ако му се заубави играва на некој нека и отвори тема на форумов.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Capture.jpg

Вака треба да изгледа блогот уствари или сите мои броусери се шекнати?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom