Закана има во вашите глави само, кои се продолжение на телевизорот, само без гајтан за струја.
Дејство на 12,7мм муниција на човечки битија...убивање цивили чисто ради занимација...
Колку земји со доминантно исламско население се окупирани од западни сили?
А колку земји со доминантно христијанско население се окупирани од земји со доминантно исламско население?
Пример некој?
Колку земји со доминантно исламско население имаат марионетски режими поставени од западот?
А колку земји со доминантно христијанско население имаат марионетски режими поставени од исламски земји?
Пример?
Има такви,шо викаат на телевизија?
Колку жртви паѓаат секој ден во тие земји?
Да чита и да се чуди човек...
Дали и вие како и Медлин Олбрајт сметате дека 560.000 мртви деца како резултат на санкциите против Ирак во девеесетите “вределе за целта“...?
Колку воопшто луѓе кои се перцепираат како христијани гинат годишно од страна на некои кои се перцепираат за муслимани а каков е обратниот резултат?
И сега на секој напад (кој е разбирлив,замислете да бевте во Ирак и да го собиравте вашето дете низ улица,раце,нозе,црева,мозок само за да го погребате) во кој некој се разнесол подлегнувајќи на пропагандите на религиската лоботомија овде се потресуваат „аууу готово, џихадот почна„, небаре некоја форумџивка ќе иштанца 26 рисјанчиња а некој форумџија ќе си истетовира малтешки крст на газот...
Ама тоа е, Орвел стварно беше оптимист изгледа...