Македонска ЕвроКризија (по не знам кој пат) !!!
Февруари месец е, па како мачките наоколу, така и нашиве естрадни комети ги фаќа некоја нагонска еуфорија да се издупат до даска со кој ќе стигнат само да им се најде песничката на нашиот ни „најпрестижен“ фестивал за забавни мелодии „Скопје Фест 2011“.
Ако некад тоа било навистина некој фестивал со реноме, епа се’а веќе јас не би можел да се сложам со тоа. Ваљда ко’а го додадоа делот наречен „Евровизија“ све отиде у бестрага. Секоја година ко’а претставникот наш се бираше на овој фестивал, СКАНДАЛ !!! Нема година без некое срање од типот - местенка, тепачка, дисквалификации на учесници, „стручно“ жири (у све само у музика не), па некој се љути (е не сакам да играм јас
......
Мириса и оваа година еве на неш’о ново од нашава медиумска куќа (нашиот верен национален сервис НАЛИ) МРТВ која веќе прејудицира за победникот, иако се они непристрасни. Само следете ја утринската програма на македонското радио и ќе ви стане све јасно
Значи... Дуле и Коки се наљутиле уш’е од старт и си рекле „е ние нема да ви пееме за џабе, заш’о е све наместено! Ние ќе пееме само ако ни кажете уш’е од старт дека ние ќе победиме и ќе идеме у Германија...“ Ама МРТВ е куќа бре, највисока и тоа у Скопје, ка’о може она да трпи такви ултиматуми?? Па им свртела грб, а овие се откажале и заминале у Штип на пастрмајлии. Ги заболе баш... и онака уш’е никој не знае кој е Дуле кој е Коки.
И се’а? Кој ќе победи? Све некако балади... или па трала-ла-ла, ниш’о онака да фати на увце од одма, од прво слушање.
Влатче? Со песничката Слаткар ш’о муја напишал???
Или Лидето, после менопауза излезена со песна уште од нејзино време отчукана на дактилографска машина ???
Е баш да видиме и кој ќе се степа, кој нема да сака да излезе да земе утешна награда, кој ќе добие 12ки од жири, а појма неаме кој е тој/таа ...и се’а за онаа нована награда за интерпретација од фондацијата „Тоше Проески“ - е тоа да видам кој ќе се осмели да го изруга името на единиот вреден уметник од нашево државиче. Ќе му дадат 1 000 евренца.
Сепак најавена е драма уш’е на самиот старт - ќе доаѓале на „Red Carpet"
па ка’о луѓето ќе се тепале да се сликаат со нив, а новинарите ка’о ќе ги интервјуирале ко да се Лејди Гаги и ваљда Ноки и Цаци ќе ги креирале импозантните „аутфити“....
И не знам каде у таа багра на апсолутно неатрактивни поканети гости се најдоа „Суперхикс“ ??? Не сфаќам....
Ама како и да е ќе следиме и неколку саати после ќе слушаме вакви рефрени:
Па кој ќе преживее ќе пишува....