Македонски избор за Евровизија 2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Bibo
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Vlatko Ilievski – Rusinka (Gilgor Koprov, Vladimir Dojcinovski, Vladimir Dojcinovski-Jovan Jovanov)

Копров и Јованов.. комбинација ала местење.. иде Влатче годинава и тоа е тоа. Може и да ќути, ама се знае дека ќе иде.
 
Баш напротив. Деца и тинејџери многу гледаат Евровизија. Инаку кој ќе гласа.

А за Влатко е јасно дека ќе оди.
 
Ех нема ништо конкуренција годинава го нема ни Лозано ни Самарџиев..... Значи го местат Илиески многу убаво без скандали ај да видиме
 
Џабе ги трошат времето и парите,не памтам кога последен пат сме имале добра песна.

Али знаете како викаат,видела жаба коњ се кова па дигнала нога и она.
 
Ќе отиде Влатко, ќе се покае што воопшто пројавил желба да се пријави на циркусов и ко и секој друг наш досега, ќе се врати без резултати и тешко дека ќе му текне пак некогаш да се пријави.
 
Уште Влатче остана непрошетан? Ајде и тој :)
 
ИЗЛОГ

919E630F6A72344B9A6A1278FDB92D9F.jpg
Евросонг
Пишува
Лејла Сабит

Дебитанти на куп, звучни имиња малку, сомнежи многу, понекое откажување, надеж на почеток, разочарување на крај.
Погодивте, се наближува македонскиот Евросонг и срцето веќе ни чука побрзо.
Естрадата е раздвижена, јавноста чека да падне крв, композиторите се на штрек, менаџерите се растрчани наоколу, уметничкиот директор се моли на Господ. Забавата и сеирот може да почнат!
Песна или пејач? Не е важно, ќе им најдат мана и на песната и на изведувачот.
Анонимус или звучно име! Не е важно, ќе речат дека талентот е најбитен!
Машки или женски изведувач? Не е важно, и така ќе ги бројат килограмите!
Публика или жири? Не е важно, пак на крајот ќе пресече жирито!
Победа или пораз? Не е важно, и така менаџерот ќе бара спонзори за финалето.
Фер или наместен избор? Не е битно, секогаш еден е победник, а друг е губитник.
Честитки или озборување од колегите? Не е битно, зашто и кога ти се смеат, би ти забиле нож во грб!
Лобирање или не? Не е битно, и така ќе речат Евровизија е повеќе политика отколку музика, и за дипломатија не нe бива баш!
Па зошто тогаш Евросонгот во Македонија е прашање на живот и на смрт?
Можеби зашто музички не мрдаме подалеку од регионот, квалитетни пејачи и композитори можат да се избројат на прсти, желбата да ја видиме опачината на естрадата или, едноставно, седнуваме во удобните фотелји од навика. Проценете вие!
До Евросонг, белки ќе преживееме!


http://www.vest.com.mk/?ItemID=CA656AB44AE9EF43A2C6170A01DF68A2
 
А имаше годинава конкурс? Знам прошлите години даваа на телевизија конкурс за пријавување, годинава никаде не сретнав.
 
А имаше годинава конкурс? Знам прошлите години даваа на телевизија конкурс за пријавување, годинава никаде не сретнав.

Имаше кај Копров во кабинет. ;)
 
^ Значи јасно е уште од сега кој ќе оди :)
 
Кој сака нека оди, уште од сеа е јасно нишо не праиме. :)
 
Премногу го форсираат Влатко, не знам дали има потреба од толку форсирање. Кога више толку го форсираат, барем нека се потруди да му е добра песната. Или во најмала рака задоволителна.
 
Texas holdem Коцкар Иван Јованов & Денис Екс
Иван Јованов и Јован Јованов/ Иван Јованов/ Денис Хајдаревиќ

добро...ќе ми го објасни некој ова?
 
Texas holdem Коцкар Иван Јованов & Денис Екс
Иван Јованов и Јован Јованов/ Иван Јованов/ Денис Хајдаревиќ

добро...ќе ми го објасни некој ова?

Логика бараш кај Јовановци и Денис Екс? :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom