Не се работи за турски имигранти,туку за имигрантите од Авганистанн,Ирак,Пакистан итн,имигрантите од овие земји преку територијата на Турција нелегално имигрираат во ЕУ...
Турците намерно ги пуштаат имигрантите таму,се со цел Грција да се соочи со поголеми тешкотии..)



--- надополнето ---
02.01.2011
Грција за илегалните доселеници стана влезна врата за ЕУ поради тоа што во меѓувреме има посилни контроли на поморските патишта во Средоземјето. Ако Африканците порано претежно доаѓаа со бротчиња од Либија, сега најчесто се одлучуваат за копнена рута преку Турција. Илегалните мигранти најчесто се со потекло од
Авганистан, Ирак и Сомалија.
Поради бранот бегалци, владата во Атина уште пред два месеца побара помош од Агенцијата на ЕУ Фронтекс за заштита на границата. Од ноември, околу 200 вработени во Фронтекс соработуваат со грчките власти. Тие ја контролираат границата и ги носат бегалците во кампови. Но, бегалските кампови се преполни. Низ градовите можат да се сретнат илјадници бегалци кои питаат. Многумина се обидуваат да стигнат некако до брод за Италија. Организациите за човекови права постојано ја критикуваат политиката на азил на Грција и состојбата во камповите за бегалци. Европската комисија исто така е на мислење дека состојбата е алармантна.
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14747647,00.html