Денеска излегле муабети дека е можно и на инзаги да не му се продолжи договорот,сум за.
Сидорф ги изел гомната и потенцирал дека не може веќе да чека за нов договор и сака да му биде објаснета неговата иднина во клубот,сакам да не му го продолжат договорот.
Пирло скоро е официјално дека ќе си оди,нека му е со среќа титула не верувам дека ќе види до крај на кариера.
Амброзини најверојатно ќе остане зошто според изјавиве агентот негов ми звучи многу очаен и мислам дека ќе прифати да "игра"(една игра што ја има си ебало мајката али ај)за минимална плата што да се надеваме дека Галијани ќе му ја понуди.
Гатузо има уште една година од договорот и веројатно ќе остане,освен ако не понудат некој денар за него русите па да се предомисли.
Неста веројатно ќе остане уште една година и сакам да остане ама имаше една изјава демек зошто Мексес да зема 4 мил. по сезона а јас 2.5 ? Молам ? Па Таиво што е ѕвер,што има 25 год. и што го бараа и Реал ќе игра за 2 мил. по сезона а Неста мрси муда сега,мислам дека ако не успеат да се договорат за плата и тој ќе си иде.
Амелија си оди.
Јанкуловски си оди.
Одо ДА СЕ НАДЕВАМЕ дека ќе си оди или бар ќе биде позајмен негде и платата ќе му ја плаќа друг.
Вила,Сократис,Замброта и Бонера мислам дека ќе останат заради куп активности,(сакам да го видам во игра Вила со Каљари викендов),иЈепес би го шутнал ако се покажа добро сезонава,кобната грешка со Тотенхем не можам да му ја простам.
Манчини го сакал Ибра во Сити,ништо чудно нашиве да го купат и да го трампаат за Балотели плус кеш(иако сакам да остане)ова го зборам зошро знаете дека и Ибра а уште повеќе агентот негов се курви.
За улогата полушпиц мислам дека Боатенг не треба да си го уништува угледот што го створи за себе кај навивачите на Милан и да не мрчи туку да си се врати во среден ред. Пасторе кој не би го сакал,ама имаат одвратен претседател со кој не можеш да се разбереш,мислам дека само гомното Прециози е по болен од него,и ќе бара многу пари за Пасторе.
Се си мислам дека работата за Гансо е свршена само се ценкаат за сумата,и не е истата повреда поради која паузираше долго време туку препоните,го исфорсираа тие гнасите од Сантос и тоа е тоа. Сакам да дојде ако има слободно нон ЕУ место во тимот.
Ако не тука се и Хазард и Ламела,па и не би исклучил некоја позајмица на Кака.
Мора да ја искористи ситуацијава со истекувањето на договорите Галијани и да изигра паметно и за добро на клубот,батали ти легенди и дедовци. Лесно ќе се заменат играчите,Амелија-Маркети,Неста-Астори,Сидорф-Гансо,Ламела,Хазард Пирло-Монтоливо,Витсел,Поли,Фабрегас,Хамшик и еден копач,овде мора да биде многу внимателен Галијани посебно ако реши да фрла повеќе пари,Есиен е ѕвер ама има 29(иако секогаш би бил прв избор нормално)Сандро и Фернандо се на почеток на кариера што се вика и до сега одлично се прикажаа бар колку јас што ги имам гледано,и тука е Ласана кој после гужвата во среден ред на Реал веројатно ќе си оди па треба да се искористат добрите односи со Перез и да го скубнеме за гага цена.
--- надополнето ---
Иначе сега прочитав дека Милан можно е да прати понуда од 12 мил. за Муса Сисоко...............а и тука е М'вила како опција.