Да имам ако сакаш ќе ти ги доставам. Па види вака логички заклучи ако тутунот се продава за 50 евра, зарем ќе ситничеа толку дали да дадат 2 или 4 евра? Јас ако е така дај 10 евра за килограм го откупи го сиот тутун, сите очи ќе извадат да ти го донесат. Че прававиш профит од милијарда евра (25 000 тони по 40 евра ќар од кг), со 500 милиони ја корумпираш власта, а со другите одиш во некоја егзотична земја...
А кај реков јас дека тутунот се продава по 50 евра кило? Ај да видам цитирај кај сум рекол такво нешто на темава? Јас во еден од моите претходни постови јасно кажав дека линковите од alibaba.com и слични сајтови ги сметам за нерелевантни и шпекулантски.
Демонстрираш малце смотана логика. Власта се корумпира и со 5 милиони. Суштината на проблемот е во следната математичка економска трговска и логичка задача:
.........................................................................................
(сметаме дека просечниот квалитет на тутунот во тоталитет е ист во годинашната и ланската сезона)
1.Ланска сезона 2009/10:
а). тутунот на ниво на внатрешниот македонски пазар постигнал просечна цена со износ А1=
200 денари за килограм откупен тутун купено директно од производителите(тутунарите);
б). тутунот кој бил откупен на ниво на светски пазар постигнал просечна цена со
непознат износ Б1 за килограм тутун;
в). профитот
Х1 кој го оствариле трговците т.е. монополите во Македонија по единица производ следствено е еднаков на
Б1 - (А1 + Т1), каде Т1 се трошоците на откупувачот по единица производ (кило) до крајна продажба на откупениот тутун на надворешниот пазар а кои не спаѓаат во набавните трошоци за суров сув тутун.
2.Годинашна сезона 2010/11:
а). тутунот на ниво на внатрешниот македонски пазар постигна просечна цена во износ А2=
130 денари за килограм откупен тутун купено директно од производителите(тутунарите);
б). тутунот на ниво на светски пазар постигнал просечна цена со
непознат износ Б2 за килограм тутун;
в). профитот
Х2, кој го оствариле трговците т.е. монополите во Македонија по единица производ е еднаков на
Б2 - (А2 + Т2), каде Т2 се трошоците на откупувачот по единица производ (кило) до крајна продажба на откупениот тутун на надворешниот пазар а кои не спаѓаат во набавните трошоци за суров сув тутун.
3.Други важни податоци:
а). Б1=Б2 = Б
б). Т1=Т2 = Т
в). квалитетот на тутунот од сезона 1 и сезона 2 го сметаме за ист.
4.Заклучок:
а).
Х1 = Б - (А1+Т) = Б - (200+Т)
б).
Х2 = Б - (А2+Т) = Б - (130+Т)
в). од погоре изложеното согледуваме дека
Х2>Х1
г). разликата меѓу профитот Х1 и профитот Х2 е:
Х2 - Х1 = Х
д). Х го претставува износот на зголемен профит(добивка) за откупувачите (трговците, монополите) на тутун во Република Македонија во сезона 2010/11 во однос на сезона 2009/10 за производна единица(кило) откупен тутун.
г).
Х = [Б - (130+Т)] - [Б - (200+Т)] =
= Б - 130 - Т - (Б - 200 - Т) = Б - 130 - Т - Б + 200 + Т =
=
+70 денари
д). на еден темелно образложен начин заклучуваме дека откупувачите на тутун во РМ ќе добијат 70 денари повеќе по кило од годинашна во однос на ланска сезона, кој дел ќе го земат директно од добивката на производителите (тутунарите) - македонски земјоделци.
5.Финансиски резултат:
Целокупното зголемување на профитот на откупувачите во годинашната сезона во однос на ланската сезона е разликата помеѓу бројот на килограми откупени до крајот на годинашната сезона помножени со Х2, и, бројот на килограми откупени во ланската сезона помножени со Х1. Со оглед на тоа дека годинава има одредено зголемување на производството на тутун на ниво на РМ во однос на лани, а лани беа откупени околу 25 милиони килограми, можеме да заклучиме дека откупувачите оваа сезона ќе остварат добивка поголема од лани која ќе надминува
30 милиони евра! Целокупниот профит не го знаеме, бидејќи не ги знаеме Х1 и Х2.
..........................................................................................
Но ете можеме да ги дознаеме Х1, па и Х2. Господин Аполон рече дека има докази дека Х1 всушност не е профит, туку загуба. Значи дека тоа е негативен број. Навистина ми е чудно зошто господин Аполон уште веднаш не ги презентираше тие податоци на овој форум каде е најпожелно да се дискутира со аргументи, каде има едно интелигентно читачко тело кое добро разбира за што станува збор, каде секој умствено способен македонски граѓанин слободно може да прочита и да се увери во веродостојноста на одредено тврдење, туку рече: "ако сакаш ќе ти ги доставам"?? ЗАТОА УПАТУВАМ ЈАВЕН ЕДЕН АПЕЛ ДО ГОСПОДИНОТ АПОЛОН:
ПОЧИТУВАН ГОСПОДИН АПОЛОН, ВЕ ЗАМОЛУВАМ ШТО ПОСКОРО ДОСТАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ДОКАЗИ КОИ ПОТВРДУВААТ ДЕКА ВО ЛАНСКАТА СЕЗОНА 2009/10 ОТКУПНИТЕ ТУТУНСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА ГЕНЕРАЛНО ОСТВАРИЛЕ ЗАГУБА, И ДЕКА ТОА НАСТАНАЛО БАШ ПОРАДИ ВИСОКАТА ЦЕНА НА ОТКУПЕНИОТ ТУТУН А НЕ ПОРАДИ ЛОШО МЕНАЏИРАЊЕ ИЛИ ПОРАДИ ИНВЕСТИЦИИ, НО НАПРАВЕТЕ ГО ТОА ЈАВНО НА ФОРУМОТ ЕКОНОМИЈА ОВДЕ НА КАЈГАНА ЗА СИТЕ ДА ВИДАТ И ДА СЕ УВЕРАТ ДЕКА ГОДИНАШНИОТ СЕРИОЗЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ НА ТУТУНОТ НА ТУТУНАРИТЕ Е ОПРАВДАН ! ! !
Со тоа ќе решите многу проблеми господин Аполон и ќе разбиете многу дилеми и шпекулации. Уште еднаш ве замолувам. Презентирајте ни ги вашите докази. Само така ќе ги доведете во прашање следните мои заклучоци кои ќе произлезат доколку не успеете да го направите тоа што рековте дека можете доколку изразам желба.