- Член од
- 19 април 2005
- Мислења
- 1.806
- Поени од реакции
- 75
Тука лежи дел од одговорот - само регистриран земјоделец може да поднесе барање за субвенција. Производството на ориенталец (кој е преку 90% од вкупното производство) никогаш не било исплатливо. Многу работна рака, мали приноси. Всушност, што помали листови, тоа повисока категорија. Нејсе, од секогаш се сметала како додатна дејност. Наутро на работа, попладне на нивче. Регистриран земјоделец не може да врши друга дејност.И јас не сум експерт за тутун, ниту земјоделец, а имам работено тутун ...
Второ - Според Законот за тутун- Ако сопственикот/изнајмувачот на земјата нема претходно склучено договор со откупувачот не смее да сади тутун, односно ако веќе има посадено мора да го откорне. Толку од либерализацијата на пазарот. Не можат фирмите да се шетаат по ниви и да одбираат што им се допаѓа, па тоа да го купат, како кај градинарските производи. Тоа што можат да го направат е да играат со цената. Затоа и предвидува субвенции државата. И пченицата не е нешто профитабилна, меѓутоа е стратешка култура (веќе чувствуваме последици од то тоа што голем дел од производителите не одгледуваат лебно жито - лебот 3 денари плус). Од тутунот не се прави леб, ама па многу семејства го произведуваат - околу 50000.
Своевремено требаше да се напарви стратегија за алтернација на оваа култура, а не да се гасат пожари и да се купуваат и натаму гласови со субвенционирање.