Кажете ми пријатели Возот Скопје-Битола го има ли?слушам нешо тутунариве кревале галама во Прилеп?
Железничката пруга е под блокада веќе седум часа и туку е заглавен патничкиот воз од Скопје за Битола, кој во раните утрински часови остана тука бидејќи тутунарите од долненскиот крај, искажувајќи го своето незадоволство ја поставија блокадата, сакајќи да покажат дека немаат предадено ниту два отсто од тутунот од годинашната реколта и дека апсолутно се незадоволни од ниските цени.
Тие единствено што бараат да се постигне ланската цена и велат дека врз нивниот труд и мака и квалитетот што успеаја оваа година да го постигнат, сето тоа се девалвира и токму затоа спремни се да истрајат.
Патниците што се наоѓаа во возот, околу 14 часот го напуштија и со организиран превоз се однесени во Прилеп, меѓутоа тутунарите претходно им обезбедија вода и оброк и срдечно ги испратија.
За вестите на А1 ТВ, двајца постари тутунари кои одамна ја запишале биографијата за големата тутунска мака.
Како сето ова го доживувате, особено што покрај вас се помалите внуци, за кои како што велите, вреди да се обезбедени некој денар повеќе, тие треба да учат но, истовремено сте активист на независниот синдикат.
-Јас сум активист на независниот синдикат од 1991. година досега. Фактички ние бараме ланската цена да се постигне, ништо друго не.
-Макар што инфлацијата е појака и го замолувам од ова место премиерот Никола Груевски, да не биде корумпиран од девет газди, да остава на цедило 300.000 жители.\
http://www.time.mk/read/9fb5cf11bb/73bd0563ea/index.html
-Евидентираните групи насилници не смеат повеќе да ги заплашуваат чесните домаќини, тутунопроизводители, да го предаваат тутунот во откупните пунктови. Апелираме исто така, политиката да остане надвор од тутунопроизводителите, заради тоа што носи само штета“, изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство.
Тутунарскиот лидер Кире Неделковски за да покаже дека протестите немаат врска со политиката, покажувајќи ја својата партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ, само покажа дека е постар ВМРО-вец од многу што се сега во власта.
Тој ги повика тутунарите ако се задоволни од откупните цените слободно да го предаваат тутунот, а ако не да се приклучат на протестите.
„Министерот, повикува тутунот да го носат, да и јас ги повикувам сите граѓани што имаат тутун, тутунот да го носат. Не знам која е причината, кој ги спречува да го носат тутунот?
-Викаат дека овие протести се на опозицијата. Ако се овие на опозицијата, нека го носи позицијата, тутунот, па ќе видиме како ќе помине. Зошто нивните луѓе не излегуваат, ако сме ние опозиција.
-Што ако по два, три дена, тој што кажува дека ќе биде цената поголема, ако не биде, тогаш што ќе се случи? Ќе стане хаос? Ќе има тепање на проценители? Што ќе биде со луѓето? Тогаш кој ќе биде виновен? Пак ние“, вели Кире Неделковски, претседател на штрајкувачки одбор на тутунари.
http://www.time.mk/read/9fb5cf11bb/b1ed59302e/index.html
Еве, гледате дека не се опозиција. Стефусе, кај пропадна со твоето БДП???