- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.822
- Поени од реакции
- 12.316
Да ги оставиме за момент на страна израелците. Нивната влада вложува милиони и милиони евра во помош во инвестиции (14 мил.), околу 10 мил. евра за можни штети, негде 2 кома нешто мил. во поддршка за извоз, милиони за поддршка за иригација, нови сорти, обука...тоа е се директна поддршка. Индиректна во ослободување од даноци, подрршка за извозни бариери и изземања од рзни рестрикции. Во прашање се огромни средства, плус ако додадеш оној систем кој ние го напуштивме -задруги, а кои тие упорно и паметно го поддржуваат (кибуци и уште еден вид здружување). Пред неколку години пак заживеа идејата за задругите и нивната предност, но изгледа веќе доцна, се трансформираа, распаднаа колку што знам. Малку сме далеку со системите према кои пробуваме да се споредимеШто лупаш бе какво несубенционриање Израелците попродуктивни се во нивните пустини од нашите земјоделци. Проблемот е што еден земјодлец на село чува 10тина кокошки, две крави, 20тина офци, сади пченка, грав, тутун, жито... Да не парјме муабет колку научуват за најмодерните техники и ги применуват... Од сево ова за ништо не го бива... Уште немаме поделба на трудот измислено и специјализација да не прајме муабет педолошка анализа на земја скраја да е...
Субвенциите се ваучер за гласови на избори и социјално бомбонче... Пологично е да воведиме казни за земјоделците оти се можеби едни од најнепрудуктивните во Европа и Светот.
И сиромашните држави даваат помош/поддршка за земјоделците (соседите), а еу последно време дава помош да НЕ се сади тутун (субвенции доколку наместо тутун посадат памук или слично) заради штетноста по здравје и забраните. Сета таа помош не е само ради социјален мир, туку и за планирање на зем. производство. Да не ги споменуваме начините на откуп преку организирано прибирање буквално од нива по гарантирани однапред познати цени.
Во тие држави владите го штитат планираат и унапредуваат земјоделието, не е стихијно и неплански.