Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Екстремно високи цени на зеленчукот и многу честа и голема промена на вредноста на одредени производи се забележуваат последниве недели на зелените пазари. Најголема промена во цената имаа краставиците, кои минатата недела се продаваа за 50 денари за килограм, а сега чинат 90 денари.
Промена има и кај зелката, која од 20 денари за три недели поскапи повеќе од двојно и сега се продава за 50 денари од килограм. Незапаметено скап е и младиот компир, за кој на тезгињата деновиве се бараат до 120 денари за килограм. Килограм свежи пиперки произведени во јужниот дел на земјава сега чинат 300 денари, а пред десетина дена нивната цена беше околу 200 денари.

Трговците велат дека главна причина за ова е зголемениот извоз на зеленчук, кој се засилил последниве две недели.

- Набавуваме зеленчук од Кочани, Свети Николе и од Струмица. Деновиве речиси нема понуда. Пред нас зеленчукот го откупуваат други фирми што го извезуваат во поранешните југословенски републики. Цената е повисока и за нас и за оние што купуваат на пазарите. Нормално е кога има помала понуда, а поголема побарувачка, цената да оди нагоре - изјави Анета Стојановска, трговец со неколку тезгиња низ скопските пазари.

Увоз по извозот

Дали Македонија, позната како земјоделска земја, од производител ќе стане увозник на земјоделски производи? На нашите пазари се продаваат домати од Турција, лук од Кина, бостан од Јужна Америка, јајца од Косово... Квалитетот на увезената стока е послаб од оној на домашната, но во недостиг од понуда пазарот наоѓа свое решение за да ја задоволи потребата на купувачите. Цената е само одраз на оваа спрега.

- Македонија почна и да увезува зеленчук. Домашно произведениот го продаваме на север, а ние увезуваме со послаб квалитет од Турција и од Кина. Еве, овие домати се од Турција и се поевтини од нашите. Тоа е индустриски домат и не може да се спореди со нашиот стар „скопски јабучар“, кој повеќе и го нема. Лукот ми е од Кина и го продавам по 300 денари за килограм, додека домашниот е поскап и чини 400 денари за килограм - објаснува Стево Димовски, трговец со зеленчук.

Сите очекуваат дека поскапувањето нема да запре. Објаснуваат дека апетитите за квалитетен зеленчук, каков што произведува Македонија, растат во западните држави. Конкуренцијата во откупот ја засилуваат и неколкуте откупни центри, кои веќе на големо функционираат во јужна Македонија. Со меѓусебни договори со земјоделците, тие родот го откупуваат уште кога се засадува.

Меч-двосечач

Купувачите се изненадени од оваа состојба на домашните пазари бидејќи не се навикнати на толку скап зеленчук, произведен кај нас.

- Навистина е прескапо. Овие цени на зеленчукот можеби и се нормални за зимскиот период или ако купувате околу Нова година, но сега, кога секој ден има сé поголемо производство, навистина е чудна ситуацијава. Купуваме по малку, она што е неопходно, а за домати и свежи пиперки ќе почекаме до јуни или јули - вели Славка Милевска од населбата Ѓорче Петров.

Познавачите на состојбите велат дека организираниот откуп од страна на многу домашни и странски фирми што оперираат на наш терен почна да дава резултати. Зголемениот извоз на домашното производство е меч со две сечила, кој, освен прилив на свежи пари во економијата, ќе предизвика и пораст на цените за домашното население.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4611833394&id=10&setIzdanie=22250

Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Познавачите на состојбите велат дека организираниот откуп од страна на многу домашни и странски фирми што оперираат на наш терен почна да дава резултати. Зголемениот извоз на домашното производство е меч со две сечила, кој, освен прилив на свежи пари во економијата, ќе предизвика и пораст на цените за домашното население.
Ова да го прочитаат оние кои се воодушевени од "историски најголемиот извоз..." Според човек кој има дојдено од Словенија, доматите им биле 40 денари. Македонија 80-100.
Ваква земјоделска и извозна политика е погубна за нашиот стандард и за нас како граѓани. Во секој смисол.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Ова да го прочитаат оние кои се воодушевени од "историски најголемиот извоз..." Според човек кој има дојдено од Словенија, доматите им биле 40 денари. Македонија 80-100.
Ваква земјоделска и извозна политика е погубна за нашиот стандард и за нас како граѓани. Во секој смисол.
Картелите работат народот си ќути и трпи власта збира пари. Луд јебе збуњеног ситуација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Некако ми наликува на зоолошка. Затворени, раздвоени по групи, сорти...со кафези. Можноста од казни, неодржување на кафезите од измет и преживање и намален дотур на сено и коњски коски се зголемува со секоја непослушност или инатет/отпор на животното. Ако не слушаш, нема јадење, нема вода...Надвор не се може ради оградата, внатре комуникацијата е неможна заради сплет други огради и казни од персоналот. Организирањето е можно само преку службите (хигиеничари, чувари, билетари...) на кои им е убаво пошто си земаат плата.
Дури и лавовите во ваков тип држава-ЗОО не можат ништо да направат, а камоли ние повеќето говеда, мајмуни и птици (нека извини некој ако не се наоѓа во овие животни).

Народот за жал не може ниту да мрдне. Моќта, правниот систем, приватните и други обезбедувања како и парите со кои се купуваат истите, се во рацете на малкумина. Се формира претстава пред европјаните за казни за плукање, лозови прачки, казни за фасади...суштинските проблеми ќе останат за век и веков. Такви сме, проклетиња.
 
Корекција народот може да мрдне арно ама уште мислат дека сме пусто турско и треба раката на пашата да ја бациме и да се тртиме .
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Турско? не им требало на нашите да се борат за ослободување...турско луѓето имале некоја пара да направат соба, куќа, нива...а ние ќе им изградиме -Една соба во која ќе живеат двајца браќа...четврт барака.

Ме плаши што нашата генерација просечни работници ќе им оставиме на оние по нас.
Мизерија...со миљон споменици.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
249
Ова да го прочитаат оние кои се воодушевени од "историски најголемиот извоз..." Според човек кој има дојдено од Словенија, доматите им биле 40 денари. Македонија 80-100.
Ваква земјоделска и извозна политика е погубна за нашиот стандард и за нас како граѓани. Во секој смисол.
Свесни ли сте колку кошта семето за домати.

Па ако ви е скапо, одете во село посадете, одгледувајте и јадете ефтино.

Сакате да живеете во метропола и ефтино да биде, е тоа го нема :smir:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Колку кошта кило семе за домати?
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Ме плаши што нашата генерација просечни работници ќе им оставиме на оние по нас.
Мизерија...со миљон споменици.
Па тоа е и поентата на спомениците. Ние ќе изумреме од глад и сиромаштија, ама ете тие ќе останат да сведочат дека некогаш тука живеел народ кој имал за споменици ама не и за леб. Патетики :tapp:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Според човек кој има дојдено од Словенија, доматите им биле 40 денари. Македонија 80-100.
Ваква земјоделска и извозна политика е погубна за нашиот стандард и за нас како граѓани. Во секој смисол.
istoto e i vo BG- kade izvezuvame (zatoa tie ke kupuvaat eftino- a kaj nas cenite ke rastat)
Картофите са по 1,00 лева за килограм.
Доматите до 1,99 лв/кг.
Цената на краставицитe до 1,87 лв/кг,
зелето до 1,01 лв/кг.
Цената на портокалите до 0,94 лева за килограм.
Лимоните се\ по 1,37 лв.

јаб'лките до 1,36 лв/кг.
јајцата се продават на едро средно по 0,17 лв. за број.
Кајмата се продава по 4,76 лв/кг, а
кренвиршите по 4,36 лв.

Цената на кравето сирене до 4,68 лв/кг.

No, kaj nas ke bide mnooooooooooogu interesno pred, za i po Veligden - koga cenite na jajcata, jagneshkoto , zelenchukot i ovoshjeto ke ripaat bez kontrola.:pos2::toe:
 
karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Стварно ќе има уште едно цунами на поскапување на бензините и нафтата во износ од 3 ден по литар?:pipi:
Ај честито ко така..срцки мој:back:
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Стварно ќе има уште едно цунами на поскапување на бензините и нафтата во износ од 3 ден по литар?:pipi:
Ај честито ко така..срцки мој:back:
вистина вистина

Од ноќеска на полноќ поскапуваат бензините за три денари, а дизелот и екстра лесното масло за 1,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 82 ден/лит, додека новата цена на дизелот ќе биде 71 ден/лит.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 60 ден/лит, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,616 денари/кг и ќе изнесува 42,908 ден/кг.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C0479C19E06EBD43937A7802192FE4AA
 
cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
Па тоа е и поентата на спомениците. Ние ќе изумреме од глад и сиромаштија, ама ете тие ќе останат да сведочат дека некогаш тука живеел народ кој имал за споменици ама не и за леб. Патетики :tapp:
каде има најмногу споменици? на гробишта. немо стојат да не потсетат на тоа што било или што сме сакале да бидеме, во тоа ја претвараме државава... во масовна гробница на една генерација загубена во транзицијата, и немоќта да остават подобар живот пзоади себе...
е сеа за бензиниве... ова е благо речено ебење у здрав мозок на утепаниот народ, да му се земе и она што го има... што е многу, премногу е....
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
каде има најмногу споменици? на гробишта. немо стојат да не потсетат на тоа што било или што сме сакале да бидеме, во тоа ја претвараме државава... во масовна гробница на една генерација загубена во транзицијата, и немоќта да остават подобар живот пзоади себе...
е сеа за бензиниве... ова е благо речено ебење у здрав мозок на утепаниот народ, да му се земе и она што го има... што е многу, премногу е....
Е добро де сите знаеме дека е премногу . Ама што правиме во врска со тоа?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Not again.... добро до каде ќе одат со цената на горивата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom