Принцезичка
courage is contagious
- Член од
- 12 декември 2008
- Мислења
- 1.556
- Поени од реакции
- 348
Екстремно високи цени на зеленчукот и многу честа и голема промена на вредноста на одредени производи се забележуваат последниве недели на зелените пазари. Најголема промена во цената имаа краставиците, кои минатата недела се продаваа за 50 денари за килограм, а сега чинат 90 денари.
Промена има и кај зелката, која од 20 денари за три недели поскапи повеќе од двојно и сега се продава за 50 денари од килограм. Незапаметено скап е и младиот компир, за кој на тезгињата деновиве се бараат до 120 денари за килограм. Килограм свежи пиперки произведени во јужниот дел на земјава сега чинат 300 денари, а пред десетина дена нивната цена беше околу 200 денари.
Трговците велат дека главна причина за ова е зголемениот извоз на зеленчук, кој се засилил последниве две недели.
- Набавуваме зеленчук од Кочани, Свети Николе и од Струмица. Деновиве речиси нема понуда. Пред нас зеленчукот го откупуваат други фирми што го извезуваат во поранешните југословенски републики. Цената е повисока и за нас и за оние што купуваат на пазарите. Нормално е кога има помала понуда, а поголема побарувачка, цената да оди нагоре - изјави Анета Стојановска, трговец со неколку тезгиња низ скопските пазари.
Увоз по извозот
Дали Македонија, позната како земјоделска земја, од производител ќе стане увозник на земјоделски производи? На нашите пазари се продаваат домати од Турција, лук од Кина, бостан од Јужна Америка, јајца од Косово... Квалитетот на увезената стока е послаб од оној на домашната, но во недостиг од понуда пазарот наоѓа свое решение за да ја задоволи потребата на купувачите. Цената е само одраз на оваа спрега.
- Македонија почна и да увезува зеленчук. Домашно произведениот го продаваме на север, а ние увезуваме со послаб квалитет од Турција и од Кина. Еве, овие домати се од Турција и се поевтини од нашите. Тоа е индустриски домат и не може да се спореди со нашиот стар „скопски јабучар“, кој повеќе и го нема. Лукот ми е од Кина и го продавам по 300 денари за килограм, додека домашниот е поскап и чини 400 денари за килограм - објаснува Стево Димовски, трговец со зеленчук.
Сите очекуваат дека поскапувањето нема да запре. Објаснуваат дека апетитите за квалитетен зеленчук, каков што произведува Македонија, растат во западните држави. Конкуренцијата во откупот ја засилуваат и неколкуте откупни центри, кои веќе на големо функционираат во јужна Македонија. Со меѓусебни договори со земјоделците, тие родот го откупуваат уште кога се засадува.
Меч-двосечач
Купувачите се изненадени од оваа состојба на домашните пазари бидејќи не се навикнати на толку скап зеленчук, произведен кај нас.
- Навистина е прескапо. Овие цени на зеленчукот можеби и се нормални за зимскиот период или ако купувате околу Нова година, но сега, кога секој ден има сé поголемо производство, навистина е чудна ситуацијава. Купуваме по малку, она што е неопходно, а за домати и свежи пиперки ќе почекаме до јуни или јули - вели Славка Милевска од населбата Ѓорче Петров.
Познавачите на состојбите велат дека организираниот откуп од страна на многу домашни и странски фирми што оперираат на наш терен почна да дава резултати. Зголемениот извоз на домашното производство е меч со две сечила, кој, освен прилив на свежи пари во економијата, ќе предизвика и пораст на цените за домашното население.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=4611833394&id=10&setIzdanie=22250