Драг мој за каков синдикат зборуваш?
Па овде е се затруено,труло,гнилеж. Не доведоа до степен да не веруваме никому, се личи на превара...
Е ова е тоа што го зборам....
Сите давате примери како се случуваат демонстрации низ светот и никој како да не сака ниту да види ни да слушне дека секаде е организирано од синдикат .
Вие сте сите интелигентни и образувани ,ама никако не можете да ја направите математиката дека нема општа добивка на ниво на држава од политичките партии ,све се сведува на група и круг на луѓе, зарем треба уште 100 години да владеат истиве 2 партии за да разберете ...
Секој ден се збори за едноумието во екс ЈУ ,ама сите заборавија дека и во такво “едноумие“ народот излегуваше на улица и за едно неисплатено К-15 ,за кое новородениве поддржувачи на капитализмот не знаат ни што значи....
Во Европските демократии многу јасна е улогата на синдикатот и мора еден ден некој да се заинтересира ,ниеден Грујо ,ниеден Бранко ниту може ниту пак сака да ти ја чува работата и мисли на твојата плата ,они само гледаат да си ги наполнат џебовите додека се на власт..
Вистинската адреса каде што работниците треба да се соберат е ССМ .Таму треба да се дигне на клоци и избрка секое партиско полтронче ,да се стават млади и храбри луѓе и како ССМ да се излезе на улица ,а секоја политичка фаца која ке ја видиш поред тебе треба да ја шутнеш со шпиц ципела..
Кој утре може да каже дека не се случило народ?????