ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.965
- Поени од реакции
- 57.716
http://www.realmadridfootballblog.com/2011/05/why-this-season-was-a-success-in-numbers/?utm_medium=twitter&utm_source=twitterfeed
интересна статија...
овие многу рано почнаа со пазарењево, не стигнав да напишам што мислам за сезонава.... малце подолго ќе е ова, ако ве мрзи да читате, прескочајте... :tv:
Ај сеа да почнам со ред, т.е. прво со одбраната, пошто за голманите нема што многу да се пишува, Адан има потенцијал и сакам да остане за недај Боже ситуација, сакав и Јержи да остане уште една сезона за да Мехијас остане у Кастиља, али фала му на пољакот у секој случај. За тоа колку добар согирач и човек е, кажаа соиграчите кога го оспратија со пасиљо...
Е сеа одбраната... Мурињо ефектот врз неа успеа, годинава имавме многу посигруна одбрана, иако останаа речиси истите од минатата сезона (освен Карваљо) кои лани ги критикувавме, годинава сите се подбрија во играта... добро освен еден, знаеме кој... Играч по играч...
Рамос - Новиот вице-капитен имаше турбулентна сезона, играше и добро и лошо. На почетокот беше солиден и играше на ниво, но имаше еден (подолг) период од сезоната кога играше катастрофално, и како бек и како стопер, премногу излегувања напред и оставања дупки, премногу грешки и фаули. Но на крај се извади со одличните игри од осмина финалето на ЛШ па навака, од тогаш играше речиси перфектно. Отцена 7/10
Пепе - Месарот играше скоро цела сезона некако невпечатливо, но не дека играше лошо, туку дека сега беше „втор стопер“, улога во која го гледавме минатите две сезони, а годинава таа улога му ја презеде Карваљо. Но реков, тоа не значи дека играше лошо, напротив, играше одлично, иако и тој имаше неколку слаби натпревари. Oстана во сенка, се до класико периодот, кој го изигра одлично, без разлика што доби црвен. Отцена 7.5/10
Карваљо - Со него не добивме само стопер, туку добивме и лидер на одбраната. Најдобриот стопер што кај нас играл после Иеро. Профил на одбранбен играч кој најмногу ни требаше, цврст, технички добро поткован и искусен. Полн погодок. Иако со 32 (веќе 33) години, успеа да ја изигра целата сезона на ниво. Отцена 8.5/10
Марсело - Мојот омилен играч, кого до лани и јас го пцуев кога ќе направеше глуп кикс но се надевав и верував дека ќе го покаже тоа што го знае... конечно созреа !!! Добро сеа, у паметот е уште дете. Играта во одбрана му е неспоредливо подобрена со таа од минатите сезони, во нападот е уште подобар, но, можеби и најважното, малиот Марсело прерасна во голем човек и Мадридиста до крај кој го остава срцето на терен. Со само 22 години, постана еден од лидерите на тимот, и со целосна заслуга на два пати беше капитен. Неговата севкупна улога на теренот и надвор од него е непроценлива, од 18 години, веќе 5та сезона е кај нас, го сметам за мадридско дете. Играчот за кој лани викавме дека ни е слабата точка, годинава стана најдобриот во светот на неговата позиција. Отцена 9.5/10
Албиол - Очигледно ништо од некогаш „најперспективниот“ стопер во Шпанија. На крајот на минатата сезона го бранев, и викав дека не играше добро поради тоа што очекувавме да биде лидер по повредата на Пепе, а можеби и не го забележував тоа лани поради целокупната слаба игра на одбраната, но годинава Албиол е црната овца во неа. Како трет избор изигра очајни утакмици. Иако Мурињо му укажуваше многу шанса, блесна само на 2-3 утакмици. Отцена 3/10
Гарај - Дечкото кој не доби многу шанси сезонава, но според игрите кои ги прикажа, заслужи да биде трет избор за стопер, пред Албиол. Има квалитет во него за да биде достојна замена и сакам да остане. Отцена 5/10
Арбелоа - „Резервата“ ми стана еден од најомилените играчи во тимот. Иако е од типот на играчи кои се во сенка, сезонава играше во врвна форма. Без грешка ги исполни задачите и на двете бековски позиции. Благодарен играч, игра со срце за тимот, во одбрана одличен, во напад солиден, го дава максимумот од себе, и го дупчи Виља кога сака. Да би имало награда ко у НБА за најдобра резерва, без размислување би му ја дал на Алваро. Отцена 8/10
Доста е за сеа со одбраната, за другите ќе пишам понатака... ако успорат со купувањава...