Како прво претеруваш со тоа со сила да се правиш присебна и реална (очигледно)
Како второ читам нешто контра Роналдо. Кажи ми зошто тој е најплатениот ? - Затоа што е најдобар во одбрана ? - Не !!! затоа што носел и носи победи со неговата игра и неговите голови. Па и во тоа продолжението во купот што го имаш потенцирано, да не беше тој немаше да се радуваш на пехарот.
Викаш дека играл сам за себе...а Меси(пример) за кого игра ? Албиол за кого игра ? сите играат пред се сами за себе за да се докажат и да го заслужат местото во тимот со кој треба да нижат победи. Кој се тие што трчаат како луди на секаде ? - наброј. Се буниш дека не му се допаѓала тактиката на Муо со што му биле помали шансите да постигне гол- а не споменуваш дека со тоа се помали шансите и Реал да оди понатаму, заради тој не постигнат барем еден гол. Роналдо си има своја игра своја позиција и не знам што барате од него да се враќа на местото од Албиол. Ако одбраната не ни чини Роналдо не е ништко крив за тоа. И ете се прилагоди колку што можеше... но и самата виде дека со тоа прилагодување на таа игра, нема никаков резултат. Нмаесто да се искорсти човекот за тоа што го знае најдобро да го прави, го прават обратното... али nvm секој со својот ум ...
Озил бил ослабнат. Па нормално, кога Кака топ и фит грее клупа, а овој ринка на секоја утакмица....
И верувај дека на сите ни е смачено од судиите... но тоа судел ко што судел-не оди така. Мора да се превземат некои мерки за судиите...
и btw честитки за фарса... победија заслужено ( во последните 18 минути).
Тоа е мое мислење, немора да ти се допаѓа. А кажи ми, ти го оправдуваш однесувањето на Пепе? Настрана дали инцидентот е за црвен или не. Зошто мора да дозволи да биде испровоциран? Зошто? Знае дека така само можи да ни наштети, да добие картон. Исто, го оправдуваш претераното глумење на Ди Мариа? Извини, јас не. А преочигледно е. До пред еден месец најмногу трчаше (не дека сега малку трча) и се бореше до крај. Во последно време како се научил, штом изгуби топка - паѓа. Поарно е сите да зборат дека нашите се талентирани глумци, дека сме победиле нечесно, итн? Ти сакаш да си моментално на место на фановите на Барса? И незнам за нив, но јас би се срамела од играч како Бускец. Поарно би претпела пораз, против кој би знаеле дека сме се бореле со сите сили, до последната минута, отколку победа со глума. А во сето ова најмногу ме иритира што знам дека (нашите) се способни, дека можат, зошто убави шанси уништуваат со изглумен фаул? Ниту барам да ме сватиш, ниту да се сложиш; само не ми кажвај дали со сила се прам реална или не.
Кој спомна Крис да се враќа во одбраната? И не ми кажвај дека сите играат за да си заработат место во тимот, кога друго ми беше муабетот кога реков дека не игра за клубот. Земи ги за пример Раул, Гути, Касиљас, Серхио, Марсело, Игуаин, сега и Озил, Гранеро, Адан.. Си го видел ти некогаш Крис да го баци амблемот на Мадрид? Јас не; ако грешам, би сакала да видам таква слика, бидејќи тогаш ќе бидам првата што ќе ја клам за аватар. Кои се тие што трчат ко луди? Ди Марија, Озил, Игуаин, Марсело. Доволно. Каде виде дека барам да се враќа на местото на Албиол? Не го обвинувам Крис за грешките на одбраната, тој е одговорен за нападот. Сакам голови од најдобриот фудбалер на светот. Верувам Мурињо знај подобро од мене, затоа не навлегувам во тоа дали добро го користи Крис.
Што па сеа за Озил ме фати? Само дадов забелешка.
Незнам какви навивачи сте вие, шо ви е намерата глумите реални или пишувате дека имало црвен за зеленки да ви дават или пак немате 2 чисти од фудбал!?
Ај сега да се извинат тие што јадеа го..а за ПЕПЕ пошто човекот едноставно е ѕвер бе луѓе разберете за разлика од Роналдо се труди колку може и игра од срце и најголема заслуга има Пепе за титулата во купот а не на Роналдо!
Слободно задржи си ги зеленките; дојдов на форумов за Мадрид, шо ќе ми е репутација?!
Јас сум една од тие што рекоја дека картонот беше заслужен. И немам намера да се извинам, бидејќи не ги се*ев неговите фудбалски способности, напротив, реков дека е одличен, туку неговото однесување кон ривалите. И сега кога го изгледав клипот од Пунто Пелота, видов дека не е заслужен црвениот. Но можеби и немаше да биде избркан, да немаше пред тоа лоши стартови за кои беше предупреден.
Сите знаеме дека судиите го држат Пепе на око, а фудбалерите на Барса тоа го искористија. Што е крив судијата што Алвес одлично глуми?
Кога сме веќе кај Оскарите, меѓу другото, честитки до Бускец и Педро. Цареви сте, еј!
За да не ме сватите погрешно, со ова што ги критикувам нашите фудбалери, не значи дека не ги почитувам, напротив. За мене ќе бидат најдобрите и кога ќе носат трофеи и кога ќе губат; што значи не си го сакам клубот само во победи. Го сакам секогаш!
--- надополнето ---
Sergio Ramos, Arbeloa, and Morata have unfollowed Pique on twitter...
Мило ми е што не сум фан на Refelona.
--- надополнето ---