Фан клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Чаби ја држеше цела игра. Се позна колку беше разликата помеѓу сега и лани, без него и со него. Реков пред утакмицата, ако сега успееме да ја зачуваме мрежата недопрена ке имам надеж дека можеме со барселона и дека ке имаме успешна сезона. Тоа се потврди, изигра одбраната како никогаш до сега. Цврста и тешко совладлива, на крајот претпоставував дека Мур ке излезе со 4 деструктивци, иначе он не би бил он. :) Среќно даље, кој сака нека ни падне, ма да моја лична желба е Шалке. Да видам дали Раул ке има срце да игра против своите. :)

И ако може некој само да го стави гестот на Пепе вчера... го држат уште будалите, мора да се смири додека е време.
 

Овој на психијатар мора да оди. Ако не го среди Мурињо никој нема да го среди.
 
Marcelo: Среќни сме поради победата. Мислам дека ова беше важна победа за нашиот морал и за моралот на фановите. Го направивме тоа што тренерот го бараше од нас, излеговме внесени во натпреварот од самиот почеток. Имавме долг кон фановите. Оваа победа не смирува малку. Не размислуваме за следниот ривал, не можеме да го избереме ние, кој и да е ќе мораме да го победиме и да и дадеме нова радост на публиката. Голема поддршка за Abidal, во вакви случаи ривалството меѓу двата клуба е надминато.

Alonso: Го контролиравме натпреварот, особено после вториот гол, тогаш бевме и посмирени. После 6 години губење во осмина финале, оваа година моравме да го поминеме тоа. Задоволни сме, сега ни останува да ја чекаме ждрепката и да се подготвуваме. Не ни е важно кој ќе биде ривалот.

Ramos: Изигравме добар натпревар против ривалот кој лани не елиминираше. Беше време за добар натпревар против ривал од категоријата на Lyon. Ако докторите и тренерот одлучат Cristiano да игра, тој игра.

Casillas: Осмина финалето не не сакаше, тие што сме подолго во екипата ги преживеавме сите тие порази, но знаевме дека Real Madrid овој пат мора да влезе во четврт финале, поради клубот, играчите, поради добрите натпревари во првата фаза. Сакаме кога ривалите кои доаѓаат кај нас да знаат дека не е лесно да се обеди овде. Ја сметаме публиката за заслужна за овој успех. Мислам дека сите би сакале да го видиме Raúl на Bernabéu, иако е подобро против него да играме во финале. Во секој случај, не не загрижува тоа која екипа ќе ни се падне во четврт финале, сега треба да уживаме во моментот и да се подготвуваме. Сега менуваме чип и мораме да се подготвиме добро за важното дерби во Liga.

Di María: Знаевме дека нема да биде лесно, но кога имавме шанса ја искористивме. Оваа сезона играме со друг менталитет и јасно ни беше дека можеме да поминеме. Среќен сум поради голот. После голот на Marcelo се стана полесно. Сега одиме чекор по чекор и чекаме ривал. Смирени сме и треба да продолжиме како до сега. Сакам да испратам поддршка за Abidal, иако е од Barcelona, човек е.

Carvalho: Ова е важна победа за клубот и за нас. Зависевме од нас самите и не страдавме поради добриот резултат во Лион. Знаевме дека треба само да ги искористиме нашите шанси и добро се однесувавме. Не е важно која екипа ќе ни се падне, важно е како ќе се однесуваме.

Cristiano: Поминавме и тоа е добра вест. Поддршка за Abidal и сите околу него, здравјето е поважно од фудбалот. Подобар сум, не бев 100% подготвен, но сакав да ризикувам и да помогнам. Кога си подолго време неактивен, како обично не е лесно да се вратиш одма, но сигурен сум дека за два дена ќе бидам добар. Кого не сакам во ¼? Тешко прашање, ги сакам поголемите екипи за покасно. Но сите екипи кои се во ¼ се тешки. Би било добро да го видиме Raúl на Bernabéu. Barcelona ја сакам покасно. Ми се допадна публиката.

Benzema: Во добар момент сум и го користам тоа. Во првото полувреме беше тешко, но знаев дека шансите ќе дојдат во второ полувреме. Се израдував многу кога го дадов голот и го прославив затоа што Мадрид е мојот дом, спротивно од она што се случи во Лион. Таму играв долго време и не можев така да се однесувам, но овде морав.

Ozil: Би сакал да се сретнеме со Schalke затоа што играв таму и затоа што тоа ќе значи враќање на Raúl. Во добар период сум и сум многу среќен за победата.
 
Конечно не огреа и нас сонцето, белким ќе продолжи да грее :vozbud:
Озил маестро капа доле за се што направи до сега за Реал Мадрид.( сакам дрес од дечково)
 
Не знам зашто ама Озил ми беше најслаб поединец вчера.Добри имаше многу но како со најмногу жар да играше Рамос.
Не ми се верува дека и ние во четврток правиме претпоставки за утрешната ждрепка.
 
Следна со кој и да играме најдобро би било првата на гости да биде.:):)
 
Честито пласман момци...заслуживте да пројдете.Сакам да се сретнеме во финале :smir:
 
Пепе не е нормален треба една недела во Демир Хисар да одлежи па после уште 1 недела да добие третман од Мурињо.Иначе вака ке направи некоја глупост ко со Гетафе :).Него дали само ја го приметувам или ми се причинува али СИТЕ ГОЛМАНИ НАЈДОБРАТА ПАРТИЈА ЈА ИМААТ ПРОТИВ РЕАЛ :)?????Ова се случува и во примера и во ЛШ како на пример вчера Лорис и милион други примери во примера :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom