Фан клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Кикснаа... да не си игравме курот со противниците од дното сеа ке бевме израмнети...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
ееј, немојте сеа со што би било ако било... сеа искрено така е, ќе беше подобро за нас да не се глупираа со слабите.

али остајте сеа тие муабети, и Педро Леон да промашеше со Милан ќе бевме можда 2ри у група и ќе отпадневме од Тотенхем... :pos:

не дека сеа ќе пројдеме... :pos:
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Ај да сменам тема многу ми е интересна вашава...
И следен е најбитниот меч за сезонава можда.... Излагаме речиси со комплетен состав, очекуем Бензема да ги распуца своите. Одбраната несмее да прими гол, наредниот натпревар е за одбраната да се биде или не, ако ја сочуваат мрежата, Мурињо ке добие едно големо браво, зашто оваа одбрана има квалитет и треба само голема мотивација. Мурињо го може тоа. Чаби и Лас најверојатно....(не сум сигурен) мораат ке го контролираат натпреварот, речиси целата судбина ке ни биде во нивни раце. Чаби лани неможеше да игра на реваншот и тоа се почуствува значително. Лани го имавме Гути, сега Озил...далеку порастрчан, знае да потсети со пасовите на Гути и да не заборавиме дека на домашен терен игра подобро од било кој.

Адебајор.... па момци време е мислам да одмори. Иако автоматски со ова Бензема оди како шпиц, каде што послабо му оди, ама мора. Роналдо се враќа, одморен, никогаш до сега волку не одмарал. Ди Марија мора да заигра како на почетокот на сезоната, а Бензема како што кажав и на почетокот очекувам дека доколку натпреваров биде добитен, тој да е главниот екзекутор. Од Марсело и Рамос не очекувам центаршутеви зашто и онака го нема Адебајор. Штета ке биде што на клупата ке немаме ниту еден адут на кој можеме во целост да се потпреме и да знаеме дека ке направи значителна разлика. Марсело и Рамос може да притискаат до 30метар од противничкиот гол, но да одат на центаршутеви ке биде мислам дека залудно само и поубаво би било да се пробие одбраната со краток пас или некоја индивидуална акција на Роналдо или Бензема.

Како и да е, нема бранење на резултатов мора да се оди на победа. Лани, незнаењето што да се прави по водечкиот гол не' кошташе елиминација. Овој пат се оди на убедлива победа, очекувам главната улога да игра мотивацијата од страна на Мурињо. Имаше доволно време да ја разработи тактиката на Лион и се остало. Не се грижам некако за овој дуел(изглеа дека се навикнав да испаѓаме:)), шала на страна верувам во екипата има квалитет има тренер, има се. И да спомнам ако има некој шо планира да иде на заедничко глеање, пишете тука да се договориме. :)
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.168
Поени од реакции
25.322
Како што кажа во среда мислам дека одбраната ќе ја има најтешката задача. Не велам дека треба од почеток да се браниме, напротив мораме да нападнеме и да даде први гол, ако го постигнеме тоа мислам дека се ќе биде решено. Ако се затвориме и ако примиме случаен гол е тогаш ќе ни биде многу тешко. Играта од минатите 2 натпревари ми се свиѓаше многу. Исто така ептен добро ми изигра Рамос како централен дефанзивец. Зашто да не игра у среда како централен, а Арбелоа да игра десно. Бензема најверојатно ќе биде да игра напагач, и со тоа очекувам да допринесува што е можно повеќе. Највеќе очекувам од Роналдо, Озил, Алонсо и Карваљо.

Иначе Шурикен ја планирам да идам да гледам.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Адебајор.... па момци време е мислам да одмори. Иако автоматски со ова Бензема оди како шпиц, каде што послабо му оди, ама мора. Роналдо се враќа, одморен, никогаш до сега волку не одмарал. Ди Марија мора да заигра како на почетокот на сезоната, а Бензема како што кажав и на почетокот очекувам дека доколку натпреваров биде добитен, тој да е главниот екзекутор. Од Марсело и Рамос не очекувам центаршутеви зашто и онака го нема Адебајор. Штета ке биде што на клупата ке немаме ниту еден адут на кој можеме во целост да се потпреме и да знаеме дека ке направи значителна разлика. Марсело и Рамос може да притискаат до 30метар од противничкиот гол, но да одат на центаршутеви ке биде мислам дека залудно само и поубаво би било да се пробие одбраната со краток пас или некоја индивидуална акција на Роналдо или Бензема.
Баш заради ова, според мене ќе биде подобро Ди Мариа или Роналдо да не стартуваат. Сеа пошто е тешко овој вториот да биде на клупа, ќе биде добро Анѓеле да остане на клупа, а Бензема да игра таму кај што највеќе се покажа, крило.

На нигеров можеби му треба одмор, али нека седи таму напред и нека влече противнички играчи. Кога би играле со Роналдо и Бенз од прва, тоа би било ултра напаѓачка формација со еден класичен и два полушпица. Затоа моја желба е Роналдо да остане на клупа, а ако не тоа, бар Ди Мариа, за у случај да згусти, да имаме брз и свеж играч што може да го смени натпреварот.

За гледање, ја тешко, зошто пак ова испадна у глупо време на колоквиуми... :(
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
- Адебајор -
- Бензема - Озил - Роналдо -​

Според мене ова е најдобро, Бензема џабе да игра ако е шпиц а + тоа ќе имаме играч на клупа што може да внесе живост (Ди Мариа).
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Шознам, ДиМарија игра последниве натпревари како прероден, многу ми се свиѓа, и затоа излезе од игра за да стартува во Лион. И Бензема според мене ќе стартува, може да се менуваат Роналдо шпиц Бензема лево, и обатно.
 
Член од
10 декември 2009
Мислења
534
Поени од реакции
87

Ај сите да ја ставиме оваа слика секаде дека моземе, за да му дадеме подршка на Реал Мадрид во дуелот со Лион
HALA MADRID
VAMOS REAL
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Наредни утакмици:
Реал - Лион 16 март.
Атлетико - Реал 19 март.(сабота.... жива срамота) Сите федерации гледаат подобар распоред да напраат за својот претставник, нашиве место у недела да ја наместат, се глупираат без потреба.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
^ И после ќе викаат дека без врска Мурињо се жали на распоредот.

Иначе в среда освен победа несакам ништо (добро може и реми без голови :)) Време е да ги плеснеме копилињава од франција.

HALA MADRID !
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Инаку имајте предвид дека ова е ЛШ,се надевам дека ме разбравте да не должам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom