Mourinho (11.03.11 - press): Важно е за мене да знам дека фановите се со тренерот.
Не можам да ти кажам дали утре ќе игра Granero со Xabi, пред еден месец имав други планови за прес конференција. Сега не зборувам за тие кои ќе играат и кои нема да играат, нема да кажам кој ќе игра. Не знам ништо за дискусијата дека играме подобро со Granero отколку со Lass, Khedira… така да нема да коментирам.
Најважно за една екипа не е системот, туку како ја сфаќа играта. Од последниот натпревар правиме чуда, како да е единствениот во сезоната, но ако Iker не го одбранеше пеналот ќе зборувавме за нешто друго сега. Не може да се заборави се останато од сезоната, последниот натпревар не менува ништо.
Не сум слушнал некој да каже дека Karim е полош од лани, поинаков е од лани, подобар.
Ozil напредува глобално, како Karim, ми изгледа како друг играч кој се движи од долу нагоре. Адаптиран е на екипата. Како што пишувате за играчи за кои се дале големи пари а не го оправдале тоа, можете да напишете нешто и за спротивните случаи, како тој на Ozil кој беше доста евтин.
Не сакам играчи кои не се 100% подготвени. Да игравме утре против Lyon, Cristiano немаше да игра, не е подготвен, но во среда ќе игра.
Ако тие што го прават распоредот сакаат la Liga да заврши следната недела можеби ќе им помогнам. Во ситуација сме што со секој следен изгубен бод можеме да кажеме чао, не сум глупав. Кога една екипа игра вторник и недела, а другата среда и сабота не можеш да кажеш дека се натпреваруваме по исти правила. Кога нема исти правила за сите, зошто да не им помогнеме да ја остварат целта.
Нема никаква награда, не сум кажал дека нема да има карантин. Не знам што кажал Iker, можеби он нема да биде повикан за тој натпревар и нема да иде во карантин или можеме да си останеме дома и да не се секираме, ќе се собереме во 18ч.
Постои можност да ја освоиме la Liga ако ги добиеме сите натпревари до крај. Но не сме одговорни за среќата на другите екипи.
Добар резултат пред натпреварот во ЛШ секогаш е важен за самодовербата на екипата.
Нема да зборувам за судиите на Bаrça, кога зборувам критикувам, се извинувам, излегува комитетот на судии, тој за насилство.... сите.... не можам да кажам ништо, но истото е секогаш, исто беше со Chelsea, Inter…. Не вреди да се коментира.
Подобро да не го кажувам моето мислење за медиумите, зошто треба да продолжам да работам со вас. Не мислам дека е интелигентно да ве критикувам, ниту пак кога ќе си отидам затоа што не би било фер.
--- надополнето ---
Ја уште сеа почнав да се загревам..