Di Stefano (08.03.11 – articulo Marca): Задоволство е да се гледа овој Real Madrid!
Вистинско задоволство е да се јаде пица во Буенос Аурес, но не помало од задоволството да се гледа овој Real Madrid, кој игра спектакуларно, речиси како парче пица во твојата уста. Али во Аргенитна пицерии има премногу, она вкусно тесто и кашкавал кој се топи како што се топат ривалите кои играат против Real Madrid.
Оние од Santander мислеа дека нашиве ќе им дојдат и ќе ги победат, и не е малку. Ова беше натпреварот кој најмногу ми се допадна оваа сезона, затоа што екипата беше многу добро организирана. Играчите многу добро ја движеа топката, цртаа на терен, секој сликар знаеше каков потег со четката да направи без да застане.
И не да кажам само Ozil кој со својата игра не опијани од среќа. Кога ќе го видиш Marcelo како игра фудбал не можеш да не се сетиш не оние кои беа нетрпеливи затоа што очекуваа многу повеќе од него. Јас секогаш бев смирен по тоа прашање и велев “ова дете е дел од бразилската репрезентација, не е тоа мала работа, пријателе“. На Бразилецот му беше потребно само време, истото време кое го бараше Benzema за да ни покаже како да уживаме како што го направи тоа во неделата, затоа што е скапоцен играч. Првиот гол беше од убава акција, поиграј си ти, дај ми ја мене, и ќе се забавуваме.
Racing добро не пречека, знае да биде добар домаќин, затоа што дури и кога ни наштети го искористи најдипломатскиот играч, Kennedy. И не можам да не го прашам новиот сопственик на Racing, кога ќе го видам, од кај ги наоѓа дечкиве? Па да, изгледа како добар човек, но што ли си помисли кога виде еден од своите играчи како излегува на терен со два домати на нозе наместо копачки. Смешно е ова со копачкиве во боја.
Mou е храбар.
Mourinhо секој ден сé повеќе ме освојува. Има доста опции во случај на повредени или санкционирани играчи и покажа дека знае да ги искористи картите кои ги има на располагање, а ги има многу и добри. Освен тоа, храбар е, тој е тренерот кој ни требаше за да добијат шанса дечките од “нашата фабрика“.
Еден играч треба да се покаже кога ќе му е пружи шанса и најдобра шанса секогаш е пеналот, но ве молам немојте такви шутеви уште еднаш. Се постигнува гол кога ќе шутнеш силно, бум-бам-бум, а не пуф. Па и да процени голманот каде оди топката, кога е силно шутната нема да може да ја фати. Треба да избегнуваме да им даваме такви шанси на ривалите, иако ги преценуваме, може тоа да се смета како губење шанси. Да не постигнеш гол од пенал е голема грешка. Подобро е да играш за победа, отколку да играш некој друг да победи на твоја сметка. Иако не сите имаат среќа, но сите можеме да учествуваме и да создадеме наша сопствена среќа, а играчите да ги адаптираат своите квалитетите на својата позиција, како Casillas. Која способност ја има за фаќање пенали. Овој пат се истегна како на филм.
И враќајќи се кон сеќавањата од мојата земја, покрај добрата гастрономија, тука е и Di María. Неговиот стил е премногу аргентински, галопира, прави пукнатини кај противникот. Така да ако некој знае каде може да се најде добра пица во Мадрид, како онаа која ја јадев во моето детство во Аргентина, ве молам кажете му на овој ваш слуга. Планирам да продолжам да уживам со овој Madrid во друштво на една добро парче пица. Како и во добро парче бодови кои можеби ќе ги остави Barça, зошто да не?
За Álex: Барај поддршка од постарите, овие играчи се оние кои ќе те одведат до успехот.
Ми се допадна: Синхронизираноста на екипата. Додавањата, длабочината со која се стигнуваше до гол. Се играше квалитетно. Тоа е и причината што сме екипа, затоа што играме како екипа, а не како индивидуи.
Не ми се допадна: Боите на копачките. Како да се на карневал. За да те препознаат на терен ти треба само квалитетот кој го поседуваш. Никогаш не сум сакал тетоважи, ланци и други дрангулии кои не се потребни за да се игра добар фудбал.