Незнам некој спомна дека сме немале шут на гол до 75 мин. Од хајлајтсов што го гледав, видов преку 20 шута на гол...ама што дека. Бензема на крај што промаши, значи невидена работа е.
Брат ова ли го сметаш за опасност:icon_mrgr До шансата на Адебајор сите шутеви ви беа од над 20 метра, и беа лесен плен за Аранзубиа а голем дел од нив само фрчеа над голот. Како оној на Серхио Рамос кој сигурно утепал некоја птица која во тој момент прелетувала над трибините

Соочете се, оваа година сте трагедија на гостински терен. Играте на сила. Да не е Кристијано Роналдо да даде некој гол од слободен, или да направи некој соло продор како кога ја погоди стативата, вие немате никаква игра. И одново задоцнети реакции, чекање до последни 10 минути...
И на крај судијата бил крив

Не зезајте, да имаше ферско судење, мечот немаше ни да го завршите со 11 играчи а со исклучувањето на Пепе, работите немаше воопшто да бидат исти. Да не правам муабет колку пати Марсело одглуми фаули во критични зони. Па театралното паѓање на Ди мариа...
Толку ни се можностите нас нас, ќе се браниме и ќе се чека шанса од контра. Во првите пола саат бевте толку изгубени, што илкада додавања во празно ви одеа, а тоа дефинитвно не наликува на шампионски тим. Чиста среќа имате што никако неможеме да се комплетираме. Па дур играше Гвардадо не мрднавте по таа страна. После го начекавте Пабло Алварез и пркнавте малце.
Али заборавивте кој е на голот :icon_mrgr
Аранзубиа е еден од најдобри голмани во Шпанија ама неможе да дојде до израз поради слабиот тим на Депортиво. Мурињо направи големи грешки на овој меч. Адебајор требаше да стартува на овој меч за да се гура со корпулентните Лопо и Колото, а искрено очекував повеќе од страничните позиции каде го имаме ултра спориот Морел. Кажав и дека Кака го имаме во џеб и многу се израдував кога видов дека Ди Мариа не е стартер.
Се насе ова си го гледамкако заслужено нерешено и исто како и вас сум незадоволен од судењето

Тоа со раката на Лопо е пенал, колку што беше пенал и исфрлањето на некој од вашиве со ножички кога ќе му ја скинеше главата на нашиот напаѓач...
Уште после поразот од 6-1 ви реков да не го земате тој меч како мерило, и дека ќе страдате многу на гостинки терен оваа сезона. Мурињо има сосема погрешна тактика, и не требаше да бидете толкави оптимисти пред нашиот меч. Како беше тоа.... 4+ победа така??? :icon_mrgr