Нормално беше дека Мурињо оди таму здраво за готово,па дури и да се зачудиш пријателски настроен без било какви провокации,со почит кон нашата ноќна мора.Па реми не е воопшто лошо,иако можевме да ја зачуваме таа предност.Ништо страшно.Ова значи дека на Бернабеу ќе треба комотно да победиме без разлика на дадени голови,но да не примиме гол за да комплицираме.Тимот изигра солидно.,посебно второ полувреме.Прво полувреме играа како да не јале 2 години.Имаше мн.дупки во одбрана..и многу грешки кои можеа Лион да го доведат во водство.Рамос како и секогаш прав Мадридиста.Во секоја контра на Лион се вмешуваше па макар и тоа го чинело жолт.Бензема е прекрасен.Дури и во одбрана помагаше,а со оглед на ситуацијата во која е вчерашниот гол многу му помогна.Изгледа дека Адебајор е причина да се подобрува.Конкуренцијата е висока.Долго време не играл така Бензема.,може и никогаш.Сиот свој менталитет го посвети на Реал Мадрид.Ја читаше секоја постапка на Лион,се трудеше што е најважно и успеа....КР не можам, да го критикувам ниту би сакала затоа што многу стори за Реал Мадрид.Може е само период,но стварно не знам на кого мислеше да подаде коа го изведе ,,тоа нешто'' со ногата.Може во публика,не се знае.Имаме одлична клупа.Може малку да одмори дечкото со сите почести...
А,тој Pjanic украдна неколку метри и Лион ги претвори во гол......Нека му го мисли во Мадрид....Второ полувреме беше наше.Треба да сме горди посебно на оној период кога Лион напаѓаше и напаѓаше а играчите се бореа целосно да го зачуваат тоа што остана од утакмицата....Касиљас како Касиљас.Без него Мадрид не би бил Мадрид....Капитенски да му се опрости за таа грешка,која си ја поправи макар и што шутот беше надалеку од голот.....Се на се....поволен резултат.Победа на Бернабеу и добредојде крај на малерот..We'll go on......