Тачи слави, Европа го обвини за трговија со органи

  • Креатор на темата Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе мме не ви се смачи цело време да глумите жртви? Мене искрено ме засега овој случај бидејќи, во 2001 година исчезнаа 12 Македонци, за кои семејствата не дознаа ништо. Мала корекција на твојот текст:
Во Косово и во Македонија војуваа ЅВЕРОВИ, а не луѓе!

Се извинувам што опцув, не можев да се воздржам!
Dozvoleno ti e da pcues Albanci pa duri i da ne nareces zivotni i sto bilo drugo samo da e protiv nas sve e ok.. :) uzivaj si
 
Марти: И Србија надлежна да ја истражува трговијата со органи


Правосудството на Србија исто така е надлежно да ја истражува трговијата со човечки органи, изјавил специјалниот известувач на Советот на Европа Дик Марти.

“Мислам дека сите различни надлежни инстанци треба сето тоа сега да го истражуваат“, вели Марти за српскиот весник “Вечерње Новости“.

Тој навел дека тоа се однесува и на “правосудството на Косово, меѓународните судски инстанци, но и на правосудството на Србија кое исто така е компетентно, бидејќи известно е дека имало и српски жртви“.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=80609&kategorija=5


===================================================


Дик Марти: Многу влади биле информирани за трговијата со органи во Косово


Голем број влади знаеле за трговијата со органи во Косово. Тоа вели известувачот на Советот на Европа Дик Марти во интервју за српскиот весник “Вечерње новости”.

“Службите за безбедност се подготвувале извештаи кои сум видел лично. Овие служби информираа и политичките власти во сопствените земји. Има земји чиј власти не им било пријатно да ги читаат овие извештаи. Но, тоа не е поврзано со мојата работа, бидејќи станува збор за политички аспект “, истакнал Марти.

Запрашан дали поранешниот шеф на мисијата на ОН во Косово УНМИК Бернард Кушнер знаел за овие дела, Марти истакнал: “Не би се осмелил да кажам дека знаел. Мислам дека самиот тој одговори на ова прашање “.

http://www.time.mk/read/9a549e7748/849dfeda52/index.html
 
Ексклузивно: Исповед на жена која во логорите во Албанија посетила киднапирани Срби на кои им биле вадени органи. Во затвор покрај Тирана биле затворени д-р Петковиќ, Горан Столиќ и Милорад Аврамовиќ

--- надополнето ---


Помалку параноично делува твојот аспект.

За воља на вистината, морам да кажам дека контактирам со луѓе од пониските слоеви на шоу-бизнисот (значи не некои популарни ѕвезди, туку жонглери, ди-џеи, рапери..), кои често одат таму за да настапуваат. Сите тие имаат нешто поинаква слика за косовската реалност од твојава. На пример, шетање навечер во никое време по пеќките улици, или пак сите кажуваат дека косовските организатори (за разлика од многумина наши) до збор си го исполнуваат ветеното и дека обавезно плаќаат на време и во целост (што не е случај со нашиве фирми, клубови и сл.). Сите тие порадо идат на Косово да настапуваат одколку тука.

Од сите тие луѓе кои често одат да настапуваат на Косово, само еден еднаш кажа една непријатна случка, а тоа е дека во Приштина џебчии му го украле паричникот со пасошот во него.

Значи не негирам дека државата е криминална и дека има некои кои би сакале да те видат мртов (од коа ќе дознаат дека си каур), али такви има и кај нас, штавише твојава случка со калаш-џанаците борци за кауза е на наша територија, нели. Знам како живеат Србите таму, во беда и под постојан притисок, но и кај нас е исто со Македонците во албански средини. Така да, кога реално би ја погледале состојбата кај нас и не би требало многу да бидеме забезекнати од тоа на Косово. Тоа ти е исто ко ти да живееш у Карбала и да им се чудиш на тешкиот живот на оние во Газа.
 

Evil Betty без оф топици ќе ве молам.


Србија сега бара од Меѓународниот Трубинал за Поранешна Југославија во Хаг да истражи зошто УНМИК во 2008-ма година ја блокирал истрагата за случајот на трговија со органи. Тоа е битен момент кога државата притиска за истрагата да се спроведе.

Чистењето на Балканот почна, но дали се стишува работава?
 
Бериша тргувал со оружје
Актуелниот албански премиер Сали Бериша бил еден од главните трговци со оружје за Ослободителната војска на Косово (ОВК) за време на војната на Косово. Тој во 2008 година се сретнал со поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај поради уништување на документацијата во врска со трговијата со човечки органи, пишува белградскиот весник „Политика“.
Во предметот „33-08“ на Обвинителството за воени злосторства на Србија се вели дека центарот за купување оружје се наоѓал во куќата на Бериша во селото Прифч кај Тропоја, северна Албанија. Во тоа време Бериша беше политичар од опозицијата и поранешен претседател на Албанија во чијшто мандат се ограбени воените касарни од кои исчезнаа стотици илјади парчиња пешадиско оружје и муниција. Најголем дел од ова оружје заврши кај ОВК.
Четворицата Албанци што го обвинуваат Бериша за трговија со оружје се поранешни припадници на ОВК уапсени од страна на српските сили за време на конфликтот на Косово. Првото сведочење го дал извесен Албанец од Ѓаковица, член на група во ОВК предводена од Рамуш Харадинај. Овој сведок кажал дека по наредба на Харадинај во март 1998 година отишол илегално во Албанија по набавка на оружје.
- Границата ја поминавме кај граничниот камен С-7, а во селото Прифч кај Тропоја, во куќата на Бериша стигнавме околу три часот наутро. Таму останавме осум дена... Секој од нас, а бевме 30 луѓе, доби по две полуавтоматски пушки и една автоматска пушка со 300 куршуми - изјавил поранешниот член на ОВК. Тој додава дека по 15 дена за Албанија по набавка на оружје тргнала уште една група од 35 луѓе. Во истата куќа биле седум дена бидејќи чекале пратка од јужниот дел на Албанија. Овој пат им биле дадени по две полуавтоматски пушки, една автоматска пушка и по неколку бомби.
- Како и првиот пат, оружјето го добивме бесплатно бидејќи парите ги обезбеди централниот штаб во Швајцарија преку фондот „Татковината повикува“ - вели сведокот. Вториот сведок од ОВК е од Дечани. Тој тврди дека по обуката од Харадинај, во Албанија по оружје заминала организирана група од десетина луѓе .
- Отидовме до селото Вокша, Дечани, каде што беше собирниот пункт на членови на ОВК што одат во Тропоја по оружје. Ние бевме десет, а во Вокша сретнавме 650 припадници на ОВК од повеќе села од Дечане и од Пеќ. Комплетната група од Вокша ја предводеше извесен Расим. Бевме стационирани во куќата на Бериша во Прифч, каде што не чекаше неговиот брат Дем Бериша со неговиот син Гзим. Таму затековме уште три лица, кои донесоа 130.000 германски марки за оружје. Парите се собрани од гастарбајтери во Швајцарија - раскажува вториот сведок додавајќи дека тогаш од Албанија бил донесен цел арсенал пешадиско оружје од кинеско производство. Слични тврдења даваат и другите двајца сведоци. - Во куќата на Бериша набавиме околу 300 пушки, муниција и рачни бомби. Бидејќи се работеше за лесно пешадиско оружје, потоа беа организирани многу тури во Албанија за набавка на тешко оружје, минофрлачи, рачни фрлачи, митралези, топови - раскажува последниот сведок.

Уништување на документација.


Името на Сали Бериша се споменува во документ на српското Министерство за внатрешни работи, а се однесува на посетата на српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ на Албанија поради соработка во истрагата. Во документот се наведува дека на 15 септември 2008 година во Албанија престојувал Харадинај.
- Харадинај бил во посета на премиерот Сали Бериша без присуство на соработници. Се сретнал и со младиот принц Лек Зогу, кому, според наведеното, му барал да го убеди Бериша да им нареди на безбедносните служби да ја уништат целата документација што ја имаат, а се однесува на киднапирање и на пренесување на територија на Албанија – се вели во дел од документот. Во него се додава дека постојат сознанија дека со иста цел од 15 до 25 септември 2008 година во посета на Бериша пристигнале и Хашим Тачи, Хафер Халити и генералите Сами Љуштаку и Сулејман Селими.

Извор

Што е следно? :vozbud:
 
Чекаме на следната лага :tapp:
П.с Милојко полека да не те фаќа срцев напад од лажната радост:uvo:


Која радост јадо едно, само вие може да се радувате на туѓа несреќа, па дури и да го браните тачи и остала мафија.

Моја препорака е полека да баталите шовинизам и сепаратизам, сватете дека не сте сами на Балканов живеј те си среќно и весело. Иначе знаеш, дедо ти сигурно знае, лошо ќе биде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom