Место за убави работи!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
38
Темава ја отварам и истата ги биде место каде што ќе ги собираме најпозитивните работи, мисли...

Доколку имате некоја убава реченица, некој убав стих, некоја убава мисла, некоја убава песна може да ја пишете тука.

Но, да станува збор за вистинските избор, а не темата да ја трупаме со секакви работи.

Ригорозен ќе бидам и ќе бришам :)
 
Што е твое, кога тогаш ќе биде!
На крајот на тунелот секогаш има светла точка!
Почитувај ги другите, ако сакаш да те почитуваат!
Кој на друг дупка му копа, само во нејзе паѓа!
и мноОоОоОоОгу други...
 
"Dobrina vo zborovite sozdava doverba .
Dobrina vo mislite sozdava dlabochina.
Dobrina vo davanjeto sozdava ljubov."
~ Lao Tse


"Ljubovta nikogash ne umira od prirodna smrt.
Umira bidejki neznaat da i go obnovat izvorot .
Umira od zaslepenost, greshki, predavstvo.
Umira od bolesti i rani; umira poradi dosada, gubenje svežina i sjaj."
~Anais Nin


 
Денес започнувам нов живот. Денес ја отфрлам својата стара кожа, која предолго ги трпеше ударите на неуспехот и раните на просечноста. Денес повторно се раѓам во лозјето каде има овошје за сите. Денес ќе го оберам грозјето на мудроста од највисоката и најбогатата лоза во лозјето, зашто неа ја засадиле најмудрите во мојата професија кои дошле пред мене, генерација по генерација. Денес ќе го пробам вкусот на грозјето од оваа лоза и навистина ќе го проголтам семето на успехот, затворено во секое зрно, а новиот живот ќе никне во мене. (Најголемиот продавач на светот - Ог Мандино)
 
Ако на куче му покажеш дека се плашиш, исто е како да му кажеш на човек дека го сакаш... Само што кучето ќе те гризне за нога, а човекот за срце.

Ако некогаш ти дојде до плачење, не прави го тоа затоа што:
кој те мрази ти се радува,
кој не те разбира ти се смее,
но кој те сака ќе страда заедно со тебе.

LIFE ISN’T ABOUT WAITING FOR THE STORM TO PASS... IT'S LEARNING HOW TO DANCE IN THE RAIN
 
Минатата ноќ поет ми го спаси животот (една од најубавите поеми кои ги имам прочитано)

Ми даде уста-на-уста
го излижа бакнежот на смртта
вдиша во мене нов глас
кој шепотеше слатки ништа
додека сета горчина не испари

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
ме насити со гозба од звук, привлечни стихови,
ме зароби во песна
ме смири во приспивни соништа
кои ме разбудија

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
ми даде ритам
од кој моето лажно срце прескокна
поттикна смртни пожари
ја угасна мојата бескрајна жед

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
изрече тајни во гатанките
осветли убавина во темнината
исткаа бесконечни сенки
од светлината

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
создаде љубов додворувајќи се со ушите
звук поттикнувачки за моето чувство за вкус
јас шепотев зборови
моите прсти ја милуваа страницата

Раман Мундаир
 
Минатата ноќ поет ми го спаси животот (една од најубавите поеми кои ги имам прочитано)

Ми даде уста-на-уста
го излижа бакнежот на смртта
вдиша во мене нов глас
кој шепотеше слатки ништа
додека сета горчина не испари

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
ме насити со гозба од звук, привлечни стихови,
ме зароби во песна
ме смири во приспивни соништа
кои ме разбудија

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
ми даде ритам
од кој моето лажно срце прескокна
поттикна смртни пожари
ја угасна мојата бескрајна жед

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
изрече тајни во гатанките
осветли убавина во темнината
исткаа бесконечни сенки
од светлината

Минатата ноќ поет ми го спаси животот
создаде љубов додворувајќи се со ушите
звук поттикнувачки за моето чувство за вкус
јас шепотев зборови
моите прсти ја милуваа страницата

Раман Мундаир

Одлична е, супер што ја постираше.
 
Одлична е, супер што ја постираше.

Со задоволство. Еве уште една. Со секое читање ми е се поубава и поубава...

Можен распоред на стиховите

Можам само да претпоставувам како би изгледала
песната за тебе. Нејзината форма до сега не успеав
да ја осмислам, внатрешноста – уште помалку.
Зборовите на песната повремено ги наоѓав

во туѓи стихови, но никогаш со посакуваниот распоред.
Во ниедна приказна не можев да најдам уверливи слики
за твоето битие, во ниедна реченица – потполниот одраз на твоето тело.
(А знам дека сето тоа, повеќе или помалку, веќе толку пати е кажано.)

Впрочем, не можам туку-така да те сместам во инвентарот на јазикот.
Тогаш тоа би бил само уште еден сон, чии случувања во целост
не би ги запомнил после будењето. Значи, имам моќ

само да одиграм уште една измислица и затоа се согласувам
на веќе објавени зборови. Ти велам, можам само
да претпоставам како би изгледала песната за тебе.

Павле Горановиќ
 
Што е животот?
Животот е ......

Предизвик - пресретни го
Борба - прифати ја
Авантура - впушти се
Тага - надмини ја
Трагедија - соочи се
Должност - изврши ја
Игра - играј ја
Мистерија - открија ја
Песна - пеј ја
Блаженство - почуствувај го
Шанса - искористи ја
Патување - оствари го
Ветување - исполни го
Љубов - уживај во неа
Убавина - восхитувај се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom