Тотална анемичност, незаинтересираност. Сфаќам, веќе немаат надежи за титула, па ја изгубиа мотивацијата, но сепак требаше подобро да се изигра денес. Анчелоти проба да смени нешто, стави креативност во средината, но не функционираше добро.
На крај, Њукасл заслужено си земаа бод. Сеуште не сум баш сигурен дека Анчелоти ќе си оди, ама после натпреваров, шансите затасзголмија. Кажа дека знаел во што е грешката оваа сезона, и дека ќе зборел за тоа по последното коло. Баш ме интресира што ќе каже. Не мислам дека проблемот е во неговата способност да го води тимот туку во тоа што неможе да го најде вистинскиот проблем и да го реши.
Тоа е, трансферите летово ќе покажат што може да очекуваме заследната сезона. Сепак, кога ќе погледнам сега, Челзи и покрај сите лоши резултати, и бедната, најлоша сезона од доаѓањето на Абрамович, на крај имавме шанса за титула, и изгледа второ место ќе завршиме. Малце подобра да беше играта, и повеќе среќа да имавме, ќе бевме сега на врвот.
А околу трансферите, имаше некои информации вчера дека биле при крај преговорите за Нејмар, иако пред тоа тој изјави дека ќе има дете, што може да ги промени плановите за иднината на неговата кариера. Со Кака пак не поврзуваат но денес излезе дека од Реал бараат 50 милиони фунти за него што е претерано многу. Останува да чекаме и да видиме што ќе се случи.