Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
И покрај тоа шо еден ливерпул-ретард се меша кај шо не му е местото со негативна репутација за пост кој нема врска со Ливепрул, јас сепак морам да искажам честитики за Ливепрул и Стив Кларк. На Диња наша можи и ќе и текни дека дојде во клуб кој нејзиниот поранешен клуб го победа двапати оваа сезона, онака поштено.... И друго нешто ми беше, уште едни 50 милиони фунти сега за Фабрегас само би покажале колку многу ги цениме резервите на Светскиот Првак, алал да ни е.
Ама некое време немам намера да коментирам за првиот тим, говедата начело со лајното не го заслужуваат тоа.

Целта на уклучувањево ми беше утрeшниот куп-дуел на младинскиот тим против Барнсли на Стемфорд Бриџ. Челзи ТВ ќе има пренос од 19:30, па можно е да се најди стрим. Можи да биди интересно, јас ќе побарам стрим, ако има и друг заинтересиран нека побара, ваљда некој сигурно ќе нај.
 
Мора под итно смена на Анчелоти, на крај на сезона сигурно го менуваат, оваа ќе не уништи до крај, тотално изгубен, без никаква идеја, никаква мотивација кон играчите..:jaj:
 
Па полошо оној судијана неможеше да одсуди ... стартот над Ешли Кол во 54та мислам беше, чист пенал , ракана на оној Лукас исто ... смешно е што без никаква игра победија гадоиве Ливерпул, па по лошо неможеше да одреагира Чех кога му залепија гол. Али тоа е тоа, се надевам дека годинава Челзи ќе стигне до големото финале во ЛШ.
 
Дебелиот се освести и изјави дека неможеме да се бориме за титулата туку за место во топ4, браво..
А сега уште да се освестиш колку промени мора да направиш во тимот и формацијата.
 
Па полошо оној судијана неможеше да одсуди ... стартот над Ешли Кол во 54та мислам беше, чист пенал , ракана на оној Лукас исто ... смешно е што без никаква игра победија гадоиве Ливерпул, па по лошо неможеше да одреагира Чех кога му залепија гол. Али тоа е тоа, се надевам дека годинава Челзи ќе стигне до големото финале во ЛШ.
Абе сите за никаде, кутриот господин Анчелоти, се сам мора да прај. Дури и денојте ги заборај, болно беше да се слушни како нашиот следен натпревар е во Sunday....:kesa:

Ко шо гледате десно, овде треба да има стрим од куп-дуелот на јуниорскиот тим.
http://veetle.com/index.php/channel/view#4d45330a57f86

--- надополнето ---

Дуелот е од 8, сега има најава.
 
Младинциве од ко ги гледам некои две сезони наназад, секогаш стартуваат слабо и појачуваат и појачуваат како одминува дуелот. Така беше лани до Астон Вила во финалето, така беше и со Арсенал оваа сезона , два добри примери. Е сега шо не гледам толку напраени шанси ко во споменативе дуели, ама ќе видиме како ќе ој.
 
МекЕкран добар гол, ама неговото прво полувреме ми покажа зошто е форсиран алаПирло во прв тим.

--- надополнето ---

Чалоба 2-1 во 86 минута, топката го погоди него в глава после еден прилично добро нафрлување од слободен удар од МекЕкран.

Нареден психолошки тренинг за лакрдијата наречена прв тим на Челзи моментално треба да е гледање на дуелите на младиот тим и карактерот на овие деца, то треба да го видат волојте неаздисани.

--- надополнето ---

2-1 конечно, наредна фаза е 1/4 или 1/2 финале, не знам точно, ќе знајме навреме.
 
Карло е воодушевен од квалитетите на Давид Луиз.

Како што напоменавме, Давид Луиз по прв пат ќе биде стартер во понеделник, во натпреварот против Фулам.

Луиз го направи трансферот во Челси во последните часови пред затварањето на јануарскиот трансфер период. Неговата цена изнесуваше 21 милиони фунти. Анчелоти смета дека тоа не биле непотребно фрлени пари, затоа што во Луиз има голем талент.

Откако Анчелоти потврди дека Луиз ќе започне во понеделник, за новинарите изјави: "Луиз е фантастичен. Во иднина ќе биде најдобриот дефанзивец"

"Ние сме тажни поради тоа што Луиз ќе неможе да игра во Лигата на Шампиони, но сме среќни што го имаме во нашиот тим. Тој ќе се покаже во Премиер Лигата и вО ФА Купот."

Во целиот разговор се вклучи и Луиз, велејќи:

"Јас сум многу среќен. Играм во најдобриот клуб."

"Кога пристигнав, сите ме поздравија. Во клубот ги има најдобрите луѓе", рече Луиз.

"Секој играч сака да игра во овој тим. Среќен сум што успеав да дојдам. Среќен сум што ќе можам да помогнам на ваков тим", заврши Луиз.
 
Абе сите за никаде, кутриот господин Анчелоти, се сам мора да прај. Дури и денојте ги заборај, болно беше да се слушни како нашиот следен натпревар е во Sunday....:kesa:

Ма далеку од тоа дека треба да го жалиме Анчелоти дури и чудно ми е како до сеа не му акнаа клоца со овие резултати што ги има оваа година, но ете веќе кога шампионската титула во ПЛ е многу далеку од нив ќе можат да се сконцентрираат во ЛШ, па ај малце мотивирачки може ќе ви биде тоа што баш во една ваква сезона и за Милан 2006 / 2007 каде што едвај стигнаа до 4тото место кое водеше во ЛШ успееа да ја крунисаат со титула во ЛШ, па може ќе биде случај и во оваа.
 
Од твоја тастатура во божји уши:)
 
И ко демек до Анчелоти е, а? Не до Малдини, Гатузо и Кака, како и Пипо се разбира? И за кого мотивација, за мене? Шо да го мотивира еден играч на Челзи, тоа шо Анчелоти зборува за „натпреварот во недела“, иако дуелот со Фулам е во понеделник вечер? Тој е изгубен, тој и не ни сака да се врати на прав пат, сака само милионите да ги земи. Не да ги заработи, туку само да ги земи. Стока.
И единствената аналогија на Челзи и Милан моментално можи да биди само твојот потпис - мислам дека тој појќе не важи за Милан, ткт за Челзи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom