Фан Клуб: Челзи

Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Ја рака на срце за оваа ретардираност од страна на Ливерпул, би го пратил Ливерпул таму кај шо заслужува да е - во минатото.
Не ти ја разбирам потребата да цитираш се живо и диво. За жал и јас се најдов меѓу тие што ѓи цитираш и како и многу често досега, враќаш нешто комплетно неповрзано и глупо, а демек звучи паметно. Можеби се лажат некои...
 
F

fantomX

Гостин

Нема ништо глупо ако тоа што Ливерпул за играч кој сака да си оди бара 50 милиони фунти го наречам ретардирано. Можеби избрзав пошто уште не е јасно која е конечната одлука на Торес, ама неговото барање за трансфер и известувањето на BBC за тоа шо бара Ливерпул се аргументи на моја страна за однесувањето на Ливерпул да го наречам ретардирано. Ништо во моето не е наменето кон тебе, така да не сум сигурен дека јас „враќам нешто комплетно неповрзано и глупо“, појќе ми личи ко ти да го прајш то.
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Челзи прави изненадувачки трансфер во последен момент?

Младиот фудбалер на Виган Атлетик, Џејмс Мекарти би можел да се пресели во Челзи во последните часови од преодниот рок…

Дваесет годишниот Мекарти кој лани од шкотски Хамилтон премина во Виган направи успешен кам бек на терените откако поради повреда беше три месеци надвор од фудбалскиот терен.

Скаутите на Челзи го следеле него во поразот на Виган од Астон Вила, и доставиле импресионивни впечатоци по што според Тhe People Челзи ќе прати понуда во наредните дваесет и четири часа.

Сумата која би ја платил Челзи би била околу шест милиони фунти, нешто што добро би му дошло на Виган, тим кој се бори за опстанок.
 
Ivajlo

Sexual Harassment Panda
Член од
21 септември 2007
Мислења
127
Поени од реакции
18
Лонг тајм ридер фрст тајм постер...добро не баш фрст тајм.... оф топик
Не ти ја разбирам потребата да цитираш се живо и диво. За жал и јас се најдов меѓу тие што ѓи цитираш и како и многу често досега, враќаш нешто комплетно неповрзано и глупо, а демек звучи паметно. Можеби се лажат некои...
Ховеркрафт има поента, фантоме, често се осеќаш повикан, како јас во случајов, да солиш памет....
он топик... запази разлика меѓу насловот и текстот
Liverpool are likely to sell striker Fernando Torres before the transfer window closes on Monday if they can agree a £50m package with Chelsea...........Torres has a £50m release clause in his contract, but this only entitles him to leave if the Merseysiders fail to qualify for the Champions League this season - so even if Chelsea offer a package of that amount, Liverpool believe they could still force him to stay.
 
F

fantomX

Гостин
Лонг тајм ридер фрст тајм постер...добро не баш фрст тајм.... оф топик

Ховеркрафт има поента, фантоме, често се осеќаш повикан, како јас во случајов, да солиш памет....
он топик... запази разлика меѓу насловот и текстот
И ти си уште еден ко Ховеркрафт кој прави токму тоа шо тој вели дека јас правам - „враќаш нешто комплетно неповрзано и глупо“. Јас дадов мислење за тоа шо го прваи Ливерпул. Шо прајте вие двајцата? Јадите гомна за мене. Стварно нема смисла. :toe:
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Нема ништо глупо ако тоа што Ливерпул за играч кој сака да си оди бара 50 милиони фунти го наречам ретардирано. Можеби избрзав пошто уште не е јасно која е конечната одлука на Торес, ама неговото барање за трансфер и известувањето на BBC за тоа шо бара Ливерпул се аргументи на моја страна за однесувањето на Ливерпул да го наречам ретардирано. Ништо во моето не е наменето кон тебе, така да не сум сигурен дека јас „враќам нешто комплетно неповрзано и глупо“, појќе ми личи ко ти да го прајш то.
Како тоа е поврзано тоа што ти од мене го цитираше со твоето мислење дека Ливерпул треба да се врати во минатото. Да го кажеше тоа без да ме цитираш, да разберам.

Колку сакаш ти мисли дека е ретардирано, Ливерпул има право ако си посака и да бара 100 милиони фунти. Факт. Или не го користиш терминот „ретардираност“ во буквална смисла, и тогаш да разберам.

--- надополнето ---

Da ne ispadne rabotava kako so Robinho ;)
Нема да испадне, се очекува Челзи да прати понуда од 50м. Торес и денес само си го потврди ставот дека сака да си оди.
 
Мене жал ми е шо ти смета оти цитирајќи го пишав то, ама сепак не гледам зошто сум згрешил. Ти рече оти за тие пари би ни дал и некој младинец, шо е и потврда дека тоа побарување на Ливерпул е ретардирано (во буквална смисла на зборот) и зато само го искористив то за да го кажам моето мислење. Ливепрул и 200 можи да бара, ама нема основа за тоа.

Кај го потврдил Торес денеска таквиот став? Озбилно, не сретнав нигде такво нешто,
Инаку ова нема да биди ко Робињо во никој случај, и да не дојди Торес, Челзи барем нема да задоволи нечии перверзии.

--- надополнето ---

Последни шпекулации се дека во моментов Торес и Комоли го завршуваат новиот договор, и иако не толку како претходните случаи (пр. Нејмар), Челзи пак е изигран. Браво за нашите директори... :kesa:
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Мене жал ми е шо ти смета оти цитирајќи го пишав то, ама сепак не гледам зошто сум згрешил. Ти рече оти за тие пари би ни дал и некој младинец, шо е и потврда дека тоа побарување на Ливерпул е ретардирано (во буквална смисла на зборот) и зато само го искористив то за да го кажам моето мислење. Ливепрул и 200 можи да бара, ама нема основа за тоа.

Кај го потврдил Торес денеска таквиот став? Озбилно, не сретнав нигде такво нешто,
Инаку ова нема да биди ко Робињо во никој случај, и да не дојди Торес, Челзи барем нема да задоволи нечии перверзии.
Барањето на Ливерпул е смешно, да.

Логика нула, ама ајде шо би рекле енглезите let's agree to disagree. Нека ти е ретардирано тебе се она со што не се согласуваш. Претпоставувам дека 3/4 од светот за тебе сега стана ретардиран?
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Pozdrav do Pienaar od Fulam :tv:

Tores toa sto treniral sam mislam deka e dobar znak. Maschcerano & Alonso isto taka trenirale sami denovite pred da zaminat od Liverpul :)
 
F

fantomX

Гостин
Барањето на Ливерпул е смешно, да.

Логика нула, ама ајде шо би рекле енглезите let's agree to disagree. Нека ти е ретардирано тебе се она со што не се согласуваш. Претпоставувам дека 3/4 од светот за тебе сега стана ретардиран?
50 милиони фунти бара клуб кој не игра во ЛШ и тешко дека ќе игра следната сезона во ЛШ за играч кој (наводно, уште немам силна потврда) сака да си оди, играч кој скоро две сезони не изиграл на своето високо ниво од разноразни повреди, играч кој го загуби стартното место и во репезентацијата, играч кој (и ова е наводно, можеби ти знајш точно) има договор до 2013 шо не е договор на 5 години на пример, туку уште на две и пол.
Работите се јасни, не е јас дали се согласувам или не, нели зборуваме конкретно за Торес? Шо тогаш ми почнуваш воопштување и филозофирање?

--- надополнето ---

reports in the SSN studio that they can't go to the stream at Melwood. The Camera and the Wheels on the SSN van have been nicked. :jaj:
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
50 милиони фунти бара клуб кој не игра во ЛШ и тешко дека ќе игра следната сезона во ЛШ за играч кој (наводно, уште немам силна потврда) сака да си оди, играч кој скоро две сезони не изиграл на своето високо ниво од разноразни повреди, играч кој го загуби стартното место и во репезентацијата, играч кој (и ова е наводно, можеби ти знајш точно) има договор до 2013 шо не е договор на 5 години на пример, туку уште на две и пол.
Работите се јасни, не е јас дали се согласувам или не, нели зборуваме конкретно за Торес? Шо тогаш ми почнуваш воопштување и филозофирање?
Море брат се трудиш ли ти бар да разбереш што сакам да кажам јас.

Торес не вреди толку нити за мене. Него ти упорно ми тврдиш дека Ливерпул се ретардирани, и дека (како беше?) нема Роман да ѓи задоволува нивните перверзии?

Единствен ретардиран доколку овој трансфер се реализира за 50 милиони е Роман Абрамович. Тој би ѓи дал парите.

Кои перверзии? Човекот има договор. Ти ако земеш кредит на 3 години, го исплаќаш 1.5 година и после се осетиш несреќен од банката со која си потпишал договор, од таа несреќа ќе бараш да ти го опростат долгот и да одиш да земеш кредит од друга банка? (ако не ти е јасно, алудирам на договорите само, немој да забегаш со банките во наредниот цитат).

Не мораат да го пуштат, не се никако обврзани. Тоа што ништо не освоил, или дали има светла иднина Ливерпул воопшто не е важно.

Ако е твојот Челзи доволно „ретардиран“ да ја плати смешната сума која Ливерпул ја бара, и тоа е друга работа.

Толку веќе, оти ме отапе со ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom