Идол vs М2

Кое е подобро музичко шоу?

  • Македонски Идол (А1)

    Гласови: 68 60,2%
  • М2 - Потрага по Ѕвезда (Сител)

    Гласови: 45 39,8%

  • Вкупно гласачи
    113
Oва е прв идол, нит работам таму да ти давам инсајдерски информации, ќе видиме на крај. Да му дадеме шанса.
Ти кажав како е секаде по светов, поради што од таму имаме искуства само.


Не реков да не му даваме шанса, но доста се контраш кога не знаеш
 
Таа што победи на српскиот не видов дека направи албум. Изгледа не е секаде исто. Сам си вртиш во круг, од тоа што не знаеш што да ми одговориш.
Затоа што јас знам што те прашувам, ти немајќи одговор на моето прашање цело време кружиш. Конкретно те прашав и бев сосема јасен.
Што добива нашиот идол? Договор? Со кого и каков?

Дај бе не го напињај ја угушивте темава :)
 
Не реков да не му даваме шанса, но доста се контраш кога не знаеш

А ти знаеш шо ќе се деси во иднина. Имаш искуства од Идол од цел свет ти упорно бараш за нашиот, како некој ќе ти каже освен ако не е ~внатре~ Најверојатно е да веруваш во искуствата од цел свет на Идол. Шо е и најлогично.
Ако купиш мерцедес авангард ќе прашувавш шо иде во авангардот кај нас? Нормално дека истото шо иде во мерцедес авангард во секоја држава.
 
Дај бе не го напињај ја угушивте темава :)


Го барам најнормалното, за да знам по што да ги споредам овие две нешта.
Дали според наградата за победникот или според тоа кое шоу е подобро организирано и форсирано.

--- надополнето ---

А ти знаеш шо ќе се деси во иднина. Имаш искуства од Идол од цел свет ти упорно бараш за нашиот, како некој ќе ти каже освен ако не е ~внатре~ Најверојатно е да веруваш во искуствата од цел свет на Идол. Шо е и најлогично.
Ако купиш мерцедес авангард ќе прашувавш шо иде во авангардот кај нас? Нормално дека истото шо иде во мерцедес авангард во секоја држава.


Пак забегуваш, ама само така можеш да дискутираш. Во Србија изгледа друг модел на идол им дале.
Тука станува збор за нашиот, изгледа затоа и за него прашувам, а не за американскиот.
 
Пак забегуваш, ама само така можеш да дискутираш. Во Србија изгледа друг модел на идол им дале.
Тука станува збор за нашиот, изгледа затоа и за него прашувам, а не за американскиот.

Шо бе во србија поинаков модел? Ај докажи како било
 
Шо бе во србија поинаков модел? Ај докажи како било

Па сега и докази ќе бараш. Не ме засмевај. Типката што победи остана со ништо или народски кажано доби ташак.
А тука не се знае што ќе добие победникот, по се изгледа истата награда ќе му/и ја врачат
 
Па сега и докази ќе бараш. Не ме засмевај. Типката што победи остана со ништо. Или народски кажано доби ташак.
А тука не се знае што ќе добие победникот, по с еизгледа истата награда ќе му/и ја врачат

Епа ти бараш докази за нешто шо не е завршени и прв пат се одржува, јас барам докази за нешто шо е завршено барем. Шо е пологично?:)
Од 4плеј сигурно поише ќе добие.
 
Епа ти бараш докази за нешто шо не е завршени и прв пат се одржува, јас барам докази за нешто шо е завршено барем. Шо е пологично?:)
Од 4плеј сигурно поише ќе добие.

Има ли поголем доказ од фактот дека не доби никаков договор девојката, дека нема кариера?
А кога веќе ги спомна 4 плеј спомни ги Елена и Ламбе, па Туна, Пилева и Бојана, а после нив Ноне :kesa:
 
Пак те потсетувам кај нас немало Идол ова е прв пат. Да видиме шо ќе излезе од овој Идол, а м2 имало два циклуса.
 
М2 - Потрага по Ѕвезда (Сител) е далеку поубаво, подобро и поорганизирано шоу! :wink: Мојот глас оди за М2 :)
 
Повеќе гледам Идол затоа што ми е посмешно а инаку и М2 не е лошо има таленти.И неможе да се споредат кое е подобро бидејки М2 има само 3 аудиции па финале(се дозволија уште три мислам) и ги пуштаат само најдобрите а Идол имаше 409493438 аудиции низ цела Македонија па прво ке ги пуштаат смешните а најверојатно после тоа ќе почнат добрите,бидејќи другарка остана до топ 40 и кажуваше дека стварно има деца што пеат убаво.И онака М2 е можно да заврши дури пред Идол затоа што финалето на Идол е некаде во Март мислам а со оглед на тоа што М2 има само 4-5 аудиции вкупно.....ќе видиме :)))
 
Идолот не е лош ,ама повеќе ми се допаѓа М2 .Имаше вчера едно девојче со гитара мислам 13 год.многу добро испееа и исвири.
 
Колку само подобра кариера ќе направиш ако победиш на М2 одколку на Идол.
 
M2 e подобро каде каде
но на идол е сеирот и реметот

вие одлучете :)
 
Македонски идол без размислување во секој поглед ми се допаѓа, интересно и комично а како ги гледам кандидативе ќе има добра конкуренција.

М2 не ми се допаѓа ни кандидадтите ни жирито ептен тапа шоу, ко мртво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom