КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
- Локација
- Haunted Hayride
- Веб-сајт
- misterijamk.blogspot.com
Вонземјаните за коишто се шпекулираше дека ќе соопшти НАСА, воопшто не биле вонземјани. Се работи за бактеријата наречена ГФАЈ-1 која потекнува од нашата Земја.
„Сакам да ви ја претставам бактеријата ГФАЈ-1. Ова не се мали компири, туку микроби. Изгледаат обично, но прават многу необични работи“, вели Фелишиа Волф Симон, Институт за астробиологија на НАСА.
Микробот живее во екстремни услови во калифорниското езеро Моно и се однесува чудно. Кога нема фосфор, еден од основните елементи за живот, лесно го заменува со отровниот арсеник. Оваа способност дури е запишана во неговата уникатна Де-Ен-Ка.
„Ја расневме во специјална вештачка течност со кал од Езерото Моно како извор за микробите и се што им е потребно освен фосфор, плус голема доза арсеник“, изјави Фелишиа Волф Симон, Институт за астробиологија на НАСА.
Поточно, до сега како основни за појава на живот се сметаа шест елементи: јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур. Бактеријата ГФАЈ-1 докажа дека листата не е непроменлива и ја прошири со уште еден елемент.
„Организмот не ги менува сите, но менува една од основните компоненти за живот. Тоа е голема работа“, изјави Мери Војтек, постар астробиолог на НАСА.
Ова менува се што знаеме за животот - отвара бесконечни можности за развој на нови форми на Земјата, но и можност да постои живот на други планети со целосно поинаков хемиски состав.
Иако ГФАЈ-1 претпочита фосфор, на други планети или на Месечината каде што арсеникот е почист може спонтано да почне нова еволуција на организми што го користат овој елемент.
Извор А1