Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Со целото дување на овој форум дека си за хуманизам и не зам што друго, зачудувачки е колку не си во тек со настаните.

Асанж се криеше во Британија и е уапсен од Скотланд Јард.

Така му треба, мислеше дека шведските комуњари ќе му помогнат. Ебате глупиот, се криел кај најголемите лицемери...
А ти демек нешто хуманизам ориентиран си?

И тоа што му се случи е неправда, првенствено зошто ФБИ и ЦИА покренуваат меѓународна потерница за непостоечки злочин.

"Комуњарите" нема да го примат затоа што им фуфка од Амерканците. Кај нас да се криеше, уште побрзо ќе го фатеа, секој политичар гладен за пара ќе го продаде на Америкаците без да му ја мислат два пати.

Зачудувачки е колку не си во тек со настаните. Сеуште не е уапсен. Единствено што успеав да најдам поврзаност помеѓу Асанж и Скотланд Јард е МОЖНОСТА да се уапси (поради налогов) но не и дека е уапсен.
Не, очигледно ТИ не си во тек. Уапсен е од страна на Метрополитанската полиција, и е сега моментално во притвор, а поднесол молба за екстрадиција во Шведска која најверојатно ќе биде одбиена.
 
P

Princ

Гостин
Како стоиш со датуми? Слабо нели?
- Ти на 19.11.2010 рече дека е уапсен. Пред 18 дена.
- Денес е уапсен, и денес реплицираш на мојот пост од пред 18 дена.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Time magazine have removed Julian Assange from their person of the year poll. He was well ahead in the lead.
Ова само шо беше објавено на официјалната фејсбук страница на Викиликс.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Time magazine have removed Julian Assange from their person of the year poll. He was well ahead in the lead.
Пред 2 минути го објавија ова на официјалната страна на фејсбук на Викиликс.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Леле го тргнаа и од листата на Тајм. Е ако ова не е лична хајка не знам што е. Само го навлекуваат бесот на луѓево, а популарноста расте...
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Ма дај, шо сакаат нека праат веќе.. се откијаа тајните..
Само дали некои ке имаат муда да и завртат грб на америка..
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Како стоиш со датуми? Слабо нели?
- Ти на 19.11.2010 рече дека е уапсен. Пред 18 дена.
- Денес е уапсен, и денес реплицираш на мојот пост од пред 18 дена.
Извини, не видов кој датум е. Гугл ја даде страницава како еден од резултатите кои ги барав, а дека сум член, решив да реплицирам. И не знам на кого му се обраќаш со "ти"? Јас не сум постирал претходно на темава. Очигледно не сум само јас кој не гледа пред да постира...
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
ја ко шо разбрав, претходоно бил осудуван за ова дело, но поради недостаток на докази бил ослободен..
сеа ископале докази, и пак го обвинија.. а не го затворија насилно, туку тој сам договори место, кадешто отиде со своите адвокати и го приведија во полициска станица...
моја претпоставка е дека...
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.325
Поени од реакции
8.341
Малку поинакво размислување за викиликс преземно до
HTML:
друг форум


Викиликс или Викимикс?

Редно е и „Котле“ да каже нешто за глобалната хистерија наречена Викиликс. Од
толкавата врева неопитното уво не може да чуе ништо. Пласирана главно преку
меинстрим медиуми под мрежна планетарна контрола, фамата за Џулиен Асанџ
добива историски рамери. И навистина, толкаво масовно протекување на тајни
документи не е познато во досегашната историја. Вистина е и тоа дека Викиликс е еден
од симптомите на глобалното општество.

Но, да се прашаме, што е толку непознато во тие тајни документи? Дали ние не
знаевме дека во Ирак се случуваат убиства на недолжни цивили? Дали не знаевме
дека САД прислушуваат секаде каде што можат, па се чудиме дека Хилари Клинтон
издала наредба да се прислушува Бан Ки Мун? Дали можеби не знаеме како тајните
структури ги ословуваат и омаловажуваат светските лидери? Купишта „тајни“
документи, главно безначајни.

Да ви кажам, Викиликс не нуди ниту една суштинско истекување на суштинска тајна.
Од она што досега се гледа, а и според мислења на врвни светски експерти, се работи
за глобална, таканаречена Cointelpro (Counter Intelligence Propaganda) акција, со
елементи на масовна Psy-op (Psychological Operation).

Во заднината, според мене, лежат плановите за преземање на контролата врз
Пакистан (затоа се објавени документи за пакистанска поддршка на Талибанците),
а Пакистан е трн во око на претендентите за светска контрола – исламска држава
со нуклеарно оружје. Уште поголема заднина е намерата да се нападне Иран.
Психолошката подготовка оди во насока на конечно „расчистување“ на проблемите со
Исламот...за тие што ги имаат.

Кој е финансиерот?

Многу странични информации, настрана од контролираните медиуми, изнесуваат
прилично интересни податоци за учество на загадочни разузнавачки служби зад
Џулијан Асанџ, оние (од регионот) кои се најмногу засегнати од силен Иран.

Уште позагадочни се, на пример, информациите за наводната финансиска поддршка
на Викиликс од страна на Џорџ Сорос. Интересно, нели? Е, интересно, џанам! Во тој
контекст е и фактот дека адвокат на обвинетиот американски војник од Авганистан
Бредли Манинг кој му давал тајни документи на Асанџ е Марк Стевенс, долгогодишен
соработник на Соросовиот институт Отворено општество. (На американскиот, не на
Милчиновиот – „нашиов“ во моментов е преокупиран со пишување транспаренти за
митинзите на СДСМ).

Натаму, оние што љубат да осознаваат вистински, ќе се потрудат да ја
најдат „философската“ и политичката идеологија на Асанџ во неговиот есеј „Државата
и терористичките заговори“ од 2006 година, па ќе се соочат со: извитоперен анархизам
кој стреми кон уништување и корумпирање на државите. Тоа е исто како оние
контролирани квази-анархистички движења кои дивеат по улиците, а кои немаат
ништо заедничко со во суштина благородната основа на изворните анархистички
учења (на Прудон и Бакуњин, на пример): подигање на свеста на целокупното
население на ниво на кое нема да има потреба од државна контрола каква што ја
знаеме денес.

Се разбира, постојат повеќе слоеви во приказната за Викиликс. Некои од нив
се навистина полезни, како што е несомнениот увид во тешкото лицемерие во
меѓународните односи. Но, како што секоја дезинформациска пропагандна акција
има финеси, така мислам дека глобалната операција наречена Викиликс на дело ја
спроведува Хегелијанската дијалектика: „Употреба на вистината за да се каже лага.“

Многу добронамерни луѓе се закачија за енормното значење на аферата и тоа е
разбирливо. Настаните што следат на глобалната сцена, ќе покажат дека зад завесата
на театарот наречен Викиликс се кријат многу поголеми тајни од оние што наводно ги
обелоденува Асанџ.

Сега, сето тоа се претвора во алатка за уценување и дискредитирање на политичари и
влади. Ќе дојде редот и на Македонија, иако таа е далеку од приоритетите на авторите
на Викиликс. Сето тоа, монструозниот механизам на глобалната контрола, го увидел
и Мендух Тачи, па на гостувањето на А1 вели дека сами треба да се средиме овде,
меѓу себе – Албанците не војуваа против Македонците, Македонците не војуваа
против Албанците, вели. Да се помириме, додава Тачи. Аха! Иншалах, бе Мендух, да се
помириме. Само, дали ќе ни го дозволат тоа...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Ако сакаш да кажеш дека Викиликс е приказна пробуткана од меинстрим медиумите, не се согласувам со тебе. Ги пратам од поодамна кога немаше скоро ни трага од нив, се додека не излегоа овие критичните документи. А кога излегоа, не може да бидат игнорирани веќе. Меинстрим медиумите со ретки исклучоци и натаму се обидуваат да го извалкаат она што Викиликс го прави, а сега кога ќе почне судењето за Асанж ќе имаш прилика да видиш на која страна се. Имаше конкретни забелешки од некои политичари во САД за она што меинстрим медиумите го прават: наместо да ја фокусираат дискусијата кон тоа како Американците прислушкувале во ОН, тие ја фокусираат на тоа како овие документи излегле во јавност и што да се преземе...

Сметам дека на САД воопшто не му е потребен ни Викиликс ни било кој друг сајт за да започнат тепачка со Пакистан или Иран. Од Викиликс истекоа и истекуваат вистинските причини зошто се водат војните и само штета може да излезе за нив. Нема никаков мотивирачки фактор во некој документ на Викиликс, затоа што нив не им треба вистината. Рекоа дека има оружје за масовно уништување во Ирак и влегоа. Тоа е сосем доволно. Не мора да биде вистина.

Сакам да знам кои се тие „странични, неконтролирани медиуми“. Немам на ум такви, не сум сретнал до сега.

Тоа би го читнал па би дискутирал, ако имаш да ми дадеш линк.

Се извинувам за шаренилото сакав само да се знае што на што се однесува. Пишав и предходно, ја разбирам скепсата. Се е измама, зошто и Викиликс не би било. Ги разгледував аргументите за и против подолго време и обично мојот конспиративен ум размислува во насока дека пак некој не мести. Ама сепак мислам дека Викиликс до сега беше real deal. Тешко е да се прифати, знам.

Понатаму, очекувам Асанж прописно да плати за бељата, да биде дикредитиран, оцрнет и се како што иде по книга... Ќе ни биде објаснето дека човекот е манијак, дека се бави со вуду-магии, дека зад него стојат тие тие и оние, дека е терорист, дека има крв на рацете... комплетниот пакет. За Викиликс очекувам да биде затворен или полошо, ставен под контрола, па дури тогаш ќе се објавуваат одбрани дела на Хилари Клинтон и компанија. Со оглед на тоа што ќе важи за сајт кој ја зборува вистината, за брзо време на него ќе се рашират најголемите лаги. По некое време ќе следи ново разочарување, нов пораз...

Се извинувам за песимизмот, но сепак, да бидеме реални. Викиликс е само еден сајт. Во битката со големите сили тој е како Давид кој јаде ќотек од 100 Голијати. Но ќе остане добра приказна и добар пример. Макар и да остане на симболика, вредеше да ги видиме големите како какаат во гаќи. Ни се направи меракот.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.325
Поени од реакции
8.341
Ако сакаш да кажеш дека Викиликс е приказна пробуткана од меинстрим медиумите, не се согласувам со тебе. .

Не бе другарче убаво напишав јас дека е :
Малку поинакво размислување за викиликс преземно до drug forum
јас сега за сега ќе се воздржам од продавање памет или нешто слично и ќе набљудвам сег за сега па после ќе видиме тешки да биди како што сите сакаме да биди и виситна да нема заговор во ова но многу работи што се случуваат се излегува дека се со некаква задна игра па ако сакаш и ете глобалната финасиска криза и сите се радвавме на банкротот на американците но на крајот друго излезе дека европа ќе го јади стапот и американските граѓани а единствено само банките во америка имаат бенефит

ps.Се надева дека ќе излезе нашто арно од ова и за нас (како држава) и дека ќе научиме односно разберем нешто што не знамее за и околу нас ако не нешто барем да ги видиме списоците на гејците
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не бе другарче убаво напишав јас дека е :
Малку поинакво размислување за викиликс преземно до drug forum
Затоа од сабајле не треба да пишувам :)

Не знам што ќе излезе за Македонија, ама како за сите така и за нас, ќе има и добри работи (други што не заебавале мислам) и лоши работи (кога сами себе сме си давале голови). Тоа во случај да потера некое време сајтот зошто не верувам дека ќе биде многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom