Дали мислите дека Скопјани се накурчени? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Гладиус, не го спорам фактот дека постојат такви кои мислат дека ако живеат во Скопје живеат во Њујорк. Дека постојат такви што дошле од село, а се прават граѓани. Но постојат и Скопјани кои се како што вели темава "накурчени". Во тој линк кој го поставив низ коментарите долу забележав една теткица од која буквално ме фати дијареа.

Verce Krstevska Jovanovic i ovie pola friends ne se od skopje GARNT!

Verce Krstevska Jovanovic uhhh, pa da ne ne? ete citaj mi na wall, i taka mi ide da se ubijam od provincija:) ahhh bee, tayko mi zlatnicok ne si go slusav na vremeto, mislev iskompleksiran e covekov deka sme stari skopjani..c c c c... sega gledam, se bil vo pravooo! ama bas sve!


За ваквите накурчени мислам дека станува збор. Ако сум грешка, поправете ме. Но не доликува на еден граѓанин да се однесува како што се однесува таа. Да не ме сфати некој погрешно, но да не биле останатите градови, нејзиното Скопје после земјотресот ќе си останело такво какво што си било. Тогаш цела Македонија работела за Скопје да се дигне и да стане тоа што е денес. Скопје како Скопје само нема да успее во државава, секогаш ќе му треба помош од останатите градови. Темава е едно големо генерализирање, постојат покондирени Скопјани, но постојат и Скопјани кои од време се таму , уште од пра дедовци. Секаде има накурчени, впрочем цела држава ни е накурчена а ние се замараме за глупости :smir:
 
Токму затоа и викам дека е многу глупаво вака да се генерализира. Доволна е причината дека секаде има секакви, а тоа што можеби во Скопје ги има највеќе се должи на најголемиот број на граѓани кои живеат во еден град.
Како и да е, мора да се признае дека ова е површно размислување доколку станува збор за цела популација на Скопје.
 
За ваквите накурчени мислам дека станува збор. Ако сум грешка, поправете ме.

Епа да те поправам, оваа не е „накурчена“, ова е исккомплексирана!!! Коплекс и „накурчување“ е различно. Сеедно оваа мочлава каде живее, оваа има проблеми со себе, не со остатокот од светот!
 
Сте сретнале погрешни луѓе и затоа имате погрешна претстава за скопјани АКО сакате да видите вистински стари скопјани појдете во маџар маало или во дебар маало, запознајте некој од жителите и разговарајте и ќе видите дека е многу различно од она за што денес ги сметате скопјани.

Скопјани не се сите, сите живеат во скопје ама не се скопјани, за да биде скопјанец веќе кажав во еден претходен пост али еве пак еден пример: Ако јас денес појдам во Германија и останам да живеам таму, јас не сум германец, јас сеуште сум балканец, а ни моите деца кои би се родиле таму не би биле германци туку пола пола, е децата на моите деца односно внуците, тие би биле германци во буквална смисла.

Исто е и за скопјаните, не е он скопјанец ако татко му се доселил во скопје а он е првата генерација роден во скопје, неговите деца може да кажат дека се скопјани ама не и он.
 
Нескафе, насекаде ги има таквите луѓе. Никогаш не генерализирам дека Скопјанки се шмизлетини ниту пак дека Скопјани се веќе незнам ни какви се претставени во темава. Секаде ги има таквите луѓе. И во помалите места ги има. А оние Скопјани што велат за луѓето од другите градови "провинцијалци" што дошле да им го земат мажот или работата или сеедно веќе што, немаат аргументи да се бранат. Ако биле успешни и ако учеле ќе имаат работа, никој не дошол да им ја земе работата, дошол затоа што и на него не му е добро во градот од кој што доаѓа. Факт е дека во Скопје имаш поголеми шанси за успех имаш и поголеми шанси да најдеш било каква работа, што во останатите градови е малку потешко. Значи зборот ми е дека не е виновна некоја "провинцијалка" за твојот неуспех било да е на работно или на љубовно поле. Ако цутеле рози во останатите градови никој немало да доаѓа во Скопје да си ја бара среќата, ќе си останел во својот град.
 
Не треба да генерализирате. 1, 5, 20, не го претставуваат целиот народ во Скопје. Секој си е посебен и свој човек нели, па соодветно на тоа си има различни особини и карактер од другите. Ова важи и за Скопје и за било кој друг град. :wink:
 
Ако си се насмеал, смеењето го продолжува живото, то е убо за тебе. А не е убо за скопјани (поеќето) коа ти се фалат шо имат како имат.

Прв пример: Седиме на кафе со еден братучед мој и донесе неколку пичлемина другари негој и едниот кажува каснел оти не можел да најди место да паркира и го кажува на овој начин “Еј пеер немав кај да го паркирам мерцедесот, ебате скапа кола не ќе ја остаам на улица да ми ја изгребе некој“

Далје, седиме па другиот “Се мислам кај да одам летово на одмор дали хаваи дали незнам каде а можи и дубаи“

Летото го сретнав охрид кај шо си праеше кули од песок на плажа.

И така ред други работи, сум забележал како некој само подлажува се фали демек ако сум од скопје мора да се фалам да се праам нешто шо не сум.



Ете погоре објаснив зошто. Позз до тебе и твојот апарат за нескафе.


Дете, до тебе е. Ти сакаш да "седиш" у друштво на мерцедеси, хаваи и дубаи. Во "подолните" скопски кругови си праиме муабет за убави работи (при што не сме оптеретени со колите и парите на тато), си уживаме у добро кафе и понекој трач (за оние со мерцедеси, што идат на одмор на Хаваи). Иначе, шупци имаш и у Скопје, а ги имаш и у твојот роден град (од кај и да си), само што изгледа дека вториве не се достојни за твоето внимание...
Не ми е јасно само, како си успеал да ги запознаеш ПОВЕЌЕТО скопјани...не ти паднало на памет дека можеби самиот си бараш такво друштво? Мој најдобронамерен, најпријателски кајгана совет е да си најдеш НОВО ДРУШТВО. Ако не за себе, тогаш направи го тоа за Скопје :)
 
Не се, бидејќи се зависи до карактерот на личноста, не се сите луѓе(од Скопје) исти за да ги ставите во таа група.
 
.........рани куче да те лае е работава:toe:
 
Што мислење имате за скопјани онака на прв поглед, како накурчен народ, луѓе што го фатиле господ за мадиња?
Така ми стојат барем мене, секој само да се пофлаи дека имал толку станови, па незнам каква работа (што е далеку од вистината) па незнам што имал па незнам како праел а не сфаќа народот дека преку глава му е некој да ги слуша туѓите фалења што не се ни блиску за реалноста.
Така сум ги забележал поголемиот дел од скопјаните дека се..па сеа вие искажете свое мислење:)
Не знам за другите ама мене како млад успешен бизнисмен кој сака современ модерен живот, ми е здосадено од бедните парталави провинцијалци кои ми ја загадуваат околината со нивните простачки говори (кој ли ги разбира, не ми е јасно), нивните торби и куфери со алишта и ајвар, што се влечкаат наоколу по улициве, да ти е страв да возиш на раат. Баш вчера еден сељак, дојден од кујзнае каде, ќе ми седнеше за малку на хауба од Тојотата. Али имаше среќа што споро возев, зашто у моментот зборев на АјФонот, иначе ќе го вратев, од селото од кај што дошол у црн караван.
Затоа и не излегувам многу многу од дома. У едниот стан си праам provincial-proof журки, а другиот ми е за зезање.
 
Не знам за другите ама мене како млад успешен бизнисмен кој сака современ модерен живот, ми е здосадено од бедните парталави провинцијалци кои ми ја загадуваат околината со нивните простачки говори (кој ли ги разбира, не ми е јасно), нивните торби и куфери со алишта и ајвар, што се влечкаат наоколу по улициве, да ти е страв да возиш на раат. Баш вчера еден сељак, дојден од кујзнае каде, ќе ми седнеше за малку на хауба од Тојотата. Али имаше среќа што споро возев, зашто у моментот зборев на АјФонот, иначе ќе го вратев, од селото од кај што дошол у црн караван.
Затоа и не излегувам многу многу од дома. У едниот стан си праам provincial-proof журки, а другиот ми е за зезање.

хахаха... шо беше муабетов ја иам тојота и ајфон и узспат иам 2 стана ?

:)
 
.........рани куче да те лае е работава:toe:
Aбе ти сам неможеш да искочиш на крај ти си ранел некој друг, тие што доаѓаат си го заработуваат лебот а не ги раниш ти.
Не знам за другите ама мене како млад успешен бизнисмен кој сака современ модерен живот, ми е здосадено од бедните парталави провинцијалци кои ми ја загадуваат околината со нивните простачки говори (кој ли ги разбира, не ми е јасно), нивните торби и куфери со алишта и ајвар, што се влечкаат наоколу по улициве, да ти е страв да возиш на раат. Баш вчера еден сељак, дојден од кујзнае каде, ќе ми седнеше за малку на хауба од Тојотата. Али имаше среќа што споро возев, зашто у моментот зборев на АјФонот, иначе ќе го вратев, од селото од кај што дошол у црн караван.
Затоа и не излегувам многу многу од дома. У едниот стан си праам provincial-proof журки, а другиот ми е за зезање.
Зарем тие не се луѓе.???
Зарем е заслужуваат нешто подобро.???
Они барем трагаат по подобро се трудат за разлика од тебе и сличните како тебе кои не заработиле ни денар од сопствена пот а имаат се што ќе посакаат, од таквите скопјани како тебе преку глава ми е, ај баш кажи колку генерации од твојата фамилија живеат во скопје и од каде сте доселени во скопје , и да без да се броиш ти, крајот ќе покаже што си .
хахаха... шо беше муабетов ја иам тојота и ајфон и узспат иам 2 стана ? :)
И што сега, и јас имам куќа, викендица, кола, ајфон, што ќе си ги мериме на кој му е поголем .???
Сватете едно бре луѓе, на овој свет сите сме гости, не сте за век и векови овде, никој не останал па нема ни вие кого го заболе што кола имаш, каков телефон имаш или пак колку станови, куќи и викендици имаш, никој бре никој, сите сме гости овде и сите ние еден ден ќе одиме на едно место, добро не баш сите некои од нас ќе појдат на некои "пожешки" места.
 
Па што знам..има некои што се,ама има и некои што не се.
Мада секаде има такви,не само во Скопје.Пример во Ѓорче кога одам на игралиште или на некое друго место,луѓето таму се понашаат ептен фино и културно,не се курчат.Така да немам некои забелешки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom