Приватни или Државни факултети?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Ко прво денес да отвориш универзитет најдобар бизнис е ако имаш пари затоа не ме чуди што е на 22 место а како второ, ФОН го направи татко му, не Сефер.
Ако е најдобар бизнис што не отвориш и ти Универзитет ? Гајле ми е за Сефер или за татко му факт е дека се успешни и не треба секогаш да бидеме скептични кон секој позитивен потег во високото образование убаво би било некогаш да дадеме подршка и да кажеме и убав збор за некого, мене искрено ми се допаѓа како ФОН се менаџира и како работи , гледам на Фејсбук секој ден имаат некоја активност и им се овозмужува пракса на студентите , исто така гледам и државните ГОце делчев е доста активен и ми се допаѓа начинот на кој што овој Универзитет функционира.
Поздрав[/QUOTE]

Па реков дека за тој што има пари, немам ја толку пари нажалост иначе одма отворав. Јас сум од тие, „црнците“, на државен што се :smir: Инаку за Сефер, па хех, и татко ми има ординација со 4000 пациенти па дури и ми рече кога завршив средно ако сакаш да те вработам :pos: ќе клатиш врата ќе земаш плата :) Исто ко него со татко му.
 
Член од
4 јули 2010
Мислења
18
Поени од реакции
0

Сепак мислам дека се работи за љубомора од твоја страна , мене искрено не ми остава таков впечаток дечкото напротив зборуваат дека тој го води цел универзитет и дека е многу добар менаџер , ова го збори асистентка што работи кај него
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Сепак мислам дека се работи за љубомора од твоја страна , мене искрено не ми остава таков впечаток дечкото напротив зборуваат дека тој го води цел универзитет и дека е многу добар менаџер , ова го збори асистентка што работи кај него
И спијам на таван и имам вошки. Не фала, си го сакам животов што си го живеам, ама ко што погледнав последниот пат форумов беше за оставање мислења па тоа и го направив на темава.
Асистентка така зборела.... мене во Струга комшија ми е и сеа? Aj не зборам, љубоморам :tapp:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ако сакаш да поминиш полесно и да завршиш колку да имаш факултет е подобро на приватен, зошто сигурно со полабаво ќе поминиш. Од друга страна пак ако си оден да научиш нешто дефинитивно ти е подобро да одиш на приватен, зошто има подостапни професори и побогата програма.

Државен факултет е подобро ако сакаш да се измачуваш со голем број на потенцијално непотребни работи кои ќе ти го усложнат патот до дипломата, а нема да те збогатат со корисни знаења. И тие предмети се неизбежни зошто има професори кои предаваат одминати предмети и мора некако да исполнат часови. Значи конкретно ако сакаш да си зададеш дополнителни проблеми за да докажеш некаква поента на некому тогаш државен ти е подобро. И се разбира финансиски е далеку поисплатливо и најчесто тука лежи одлуката.

Според мене тривијални факултети како Правен, Економски, Филозофски и други мижи да те лажам факултети, каде никаква улога немаат предавањата, а најважно е да се чита многу, најдобро е да се запишат на државен и да се заштедат беспотребни давачки. Шо се однесува до техничките науки и онаму каде е од најголема важност актуелноста на програмата и спремноста на професорите подобро е на приватен факултет, за да се избегнат банални предмети. По мое!
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Државен дефинитивно. Во приватните те учат само како да останеш разлагавено детиште кое добива се за целиот живот.
Чест на исклучоци!
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Државен дефинитивно. Во приватните те учат само како да останеш разлагавено детиште кое добива се за целиот живот.
Чест на исклучоци!
Е запиши се на државен технички во Битола и нема на ништо да те научат, програмата шо се нашло професор то. Повеќе од половина од испитите се излишни ствари веќе одминати, а таква е и програмата на други државни факултети шо се однесува до техничките струки.

А овие банални факултети шо треба да се фатиш само за книга е сеедно кај ќе ги запишиш, само во парите е разликата.

А дека по дифолт си подобар студент ако си запишан на државен факултет е само утеха во очај на оние кои за жал не можеле да си дозволат подобро образование.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Образованието под хитно треба да излезе од сенка на владите , доага една влада оп нов ректор нови декани нови политики па доага друга па пак истото , па сега гледаме се зголемува бројката на студенти но ресурсите и предавалните останале од титово време , професори нови за примање никако затоа што овие постоечкиве си се заседале и не даваат (освен фамилија ) никој да влезе , па ЕКТС и БОлонскиот систем предвидува големи реформи во образованието и ние сме далеку од тоа , затоа во секој случај би одбрал некој приватен универзитет иако има мал избор на квалитетни приватни кај нас но мислам дека дел од нив од ден во ден се докажуваат се повеке и повеке
Образованието и тоа високото треба под итно да ги врати старите критериуми. Болонскиот систем е најголемото срање, затоа што со помош на него секој ама баш секој (и што го бива и не) да положи.
Исто така кога ќе фатат да препишуваш да добие опомена пред исклучување, е тогаш ќе биде нешто.
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Е запиши се на државен технички во Битола и нема на ништо да те научат, програмата шо се нашло професор то. Повеќе од половина од испитите се излишни ствари веќе одминати, а таква е и програмата на други државни факултети шо се однесува до техничките струки.

А овие банални факултети шо треба да се фатиш само за книга е сеедно кај ќе ги запишиш, само во парите е разликата.

А дека по дифолт си подобар студент ако си запишан на државен факултет е само утеха во очај на оние кои за жал не можеле да си дозволат подобро образование.
Во право си за во Битола факултетот, не одат ниту на предавања туку само на испитите. Само ради парите им е.

Јас сум на Тетовскиот Државен како тргнале тука работите ептен ми се допаѓа.

Лабораториите се на прво место по снабденост и машини за работа во цела Македонија, само има еден голем изостаток тоа е што имаме само еден Дигестор.

Зборам за ПМФ во Тетово. Професорите сите во Германија, Белград, Швајцарија, Англија имаат докторирано, многу е добра наставаната, многу квалитетна, но политиката на факултето кон Албанците е добра за нас лоша за нив самите, им даваат многу мал материјал додека јас како Македонец користам книги од Белградскиот факултет освен 2-3 од Скопје. Стегнато е мамата.
 
Абе се е индивидуално, не можи да генерализираш на државни и приватни факултети. Мене поентата ми е дека приватните имаат тенденција да се стремат кон подобрување со цел да бидат компетитивни. Државните со самото тоа што имаат политичко влијание од државата не може да следат со исто темпо. Зошто да речеме ако некој професор на државен е куртон потешко е многу да го сменат, ако е на приватен му е во интерес и ќе го сменат.

А то колку е стегнато не е секогаш мерило за квалитет, битна е многу програмата и неретко на државните поради такви шлајм професори шо мора да имаат предавања има безпотребни предмети. Ама пак ќе речам секој факултет е прича за себе.
 
Член од
4 јули 2010
Мислења
18
Поени од реакции
0
Во светот постојат два вида на Универзитети, За истражувачка (ЈЕил , Харвард и други ) и за Научна дејност или насока , прво не можеме да се токмиме со европски познатите и светски универзитети затоа што сме далеку или воопшто немаме истражување на нашите универзитети , тоа многу кошта се разбира и нашите дипломирани , магистрирани и докторирани во нашиов систем не се компетентни и не знаат тоа да го спроведат и да имаат средства , како за пример во британија за истражување државата определува некаде над 350 милиони фунти на повеке универзитети.
Залудно е да разговараме колку сме блиску или далеку до европските универзитети , далеку сме и овој начин на водење политика во високото образование на државнинте Универзитети со квантитет , зголемување на квотите и разводнување на кадарот да патува низ цела македонија само ја води Македоија далеку во пропаст за наредните генерации во однос на нивните Европски колеги , затоа мислам дека приватните имаат поголема перспектива кај нас и доколку би се запишувал би запишал приватен и тоа 1 или 2 се можеби вредни за спомнување другите немам доверба .
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
Da na privaten taka ide od 100 prasanja 20 se pagjaat, a kaj nas na drzaven od 200 strani 20 prasanja se pagjaat. I posle i tie od privaten- faklutet imale, sto e uste poloso pak oni podobro ke pominat od nas. :(
Кој приватен тоа? Во Штул од 600 страни 20 прашања ми паднаа, не од 100 прашања 20 да ми паднат. И тоа што рекол Ериксон, што Фројд и дедо му на Фројд за едно исто срање - се ти се меша во главата. На Бизнис Администрација од 1100 страни - 20 прашања.Само пример. Немојте да лупате глупости кога не сте виделе, не сте искусиле туку само сте слушнале приказни. Фрустрациите од тоа што спрема вас се однесуваат како со гомна нема да ги излечите тука, плукајќи по оние кои завршиле на приватен - пази, затоа што професорите не ги мачеле туку гледале да им олеснат во учењето. Организирајте протести за да добиете малце почит, овде никој не може да ви помогне што ве дупчат на здрав мозок. Вака или онака, тие професори зависат од вашите даноци и партиципации.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
:pos2::pos2::pos2::pos2:
Моја другарка студира на Штул во Тетово и кажува дека се препишува ненормално многу. Што е финтата ако ти дадат 600 страни а 20 прашања, кога 19 ќе ги препишеш?!?
Јас сум на ФОН и таму не е се розево. Па што?!? Имам 250 страни по предмет за колоквиум и не ми кратат ниедна страна, не ми даваат прашања.. Можеби многу лесно ќе поминеш на ФОН ако сакаш 6ка, ама ако се стремиш кон 9ки и 10ки има да се стегнеш и да научиш, затоа што не ги даваат баш така лесно. Мене за еден поен не сакаше да ми пише 10ка (не е важно кој проф.)
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Не постои факултет кај шо не се препишва.

Не е мерило кој факултет е постегнат или потешко е да се помини, квалитетот е во програмата и можноста да научиш нешто потенцијално корисно. А колку е лесно или тешко да се положи некој испит секогаш зависи од професорот и на ист факултет можи да има драстична разлика меѓу два испити.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
318
Поени од реакции
189
:pos2::pos2::pos2::pos2:
Моја другарка студира на Штул во Тетово и кажува дека се препишува ненормално многу. Што е финтата ако ти дадат 600 страни а 20 прашања, кога 19 ќе ги препишеш?!?
Јас сум на ФОН и таму не е се розево. Па што?!? Имам 250 страни по предмет за колоквиум и не ми кратат ниедна страна, не ми даваат прашања.. Можеби многу лесно ќе поминеш на ФОН ако сакаш 6ка, ама ако се стремиш кон 9ки и 10ки има да се стегнеш и да научиш, затоа што не ги даваат баш така лесно. Мене за еден поен не сакаше да ми пише 10ка (не е важно кој проф.)
А демек на ФОН не се препишува? Имам и јас другар на ФОН и вели дека се препишува, но како е тоа релативно со темава? Мене за 0,3 поени ме тераше да преполагам или ќе остане оценката иста (професор кој ја оборил и ќерка му), но и тоа не е битно, затоа што не генерализирам и да кажам дека на приватен (или на Штул) потешко се проаѓа, нема попуштање и сл. Ти кажи кај не се препишува, јас ќе ти најдам 20 примери со име и презиме кои препишувале, бзвз моабет. А на Штул многу луѓе со ваков памет се запишале (дека ќе се запишат, ќе препишуваат или ќе им попуштат и ќе земат диплома), па се разочарале и се откажале (или се сеуште прва година).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom