Приватни или Државни факултети?

Sawyer

Only God can judge me!!!
Член од
26 август 2009
Мислења
723
Поени од реакции
154
Овој е многу прост човек, потекнувам од Струга од кај што се и овие и овој едвај заврши средно техничко, да не беше татко му среќа и декан ќе беше на факултет. Колку што знам ваков декан на државен факултет, тешко.

--- надополнето ---



Ејј па директорката од моето средно плати за да предава на приватен, крембилотина невидена, од кокошка би научил повеќе верувај.
Hahahahaha,ne da e prost:):):)))))
 

DreamCoder

По потрага на совршенство :)
Член од
15 ноември 2009
Мислења
77
Поени од реакции
9
Кратко и јасно - Ако сакаш знаење = државен , ако сакаш со полесно да си поминеш = приватен.
За работа дека ке ти најдат никој не ти гарантира.Знаењето што ке го носиш е за тебе , не за факултетските оценки само.Затоа што кога ке те седнат на работно место , треба да знаеш повеќе од варење кафе :vozbud:
 
Член од
4 јули 2010
Мислења
18
Поени од реакции
0
Ми се лоши од темава

--- надополнето ---

Земете ја Англија и видете ги како протестираат студентите и професорите ,студентската сила кај нас ја нема , и плус далеку сме отишле ние со Универзитетите државни ајде кажете ми што сме направиле од последниве 60 години од постоенје на државни универзитети во Македонија ? Сме извадиле некој Нобеловец ? или АЈнштајн? Или па државава ни цвета ? Образованието под хитно треба да излезе од сенка на владите , доага една влада оп нов ректор нови декани нови политики па доага друга па пак истото , па сега гледаме се зголемува бројката на студенти но ресурсите и предавалните останале од титово време , професори нови за примање никако затоа што овие постоечкиве си се заседале и не даваат (освен фамилија ) никој да влезе , па ЕКТС и БОлонскиот систем предвидува големи реформи во образованието и ние сме далеку од тоа , затоа во секој случај би одбрал некој приватен универзитет иако има мал избор на квалитетни приватни кај нас но мислам дека дел од нив од ден во ден се докажуваат се повеке и повеке

--- надополнето -


--- надополнето ---

Овој е многу прост човек, потекнувам од Струга од кај што се и овие и овој едвај заврши средно техничко, да не беше татко му среќа и декан ќе беше на факултет. Колку што знам ваков декан на државен факултет, тешко.



Ејј па директорката од моето средно плати за да предава на приватен, крембилотина невидена, од кокошка би научил повеќе верувај.
Во капитал читам на 22 место од најдобрите 100 компании во Македонија ФОН универзитетот по профит , па сега видете колку е Сефер прост , јас сум се запознал на едно предавање и дечкото ми изгледа спремен иако не го познавам добро
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Имам една забелешка, кога зборувате за приватни факултети го опфаќате сите, и кога зборувате за купување диплома и сл ствари повторно зборувате за сите приватни универзитети, а кога се зборува за државен универзитет ги опфаќате и дисперзираните студии, т.е факултетите што се отворија низ сите градови а не само универзитетот Кирил и Методиј.

Така да неможеш да кажеш дека државните се подобри од приватните бидејќи некои приватни универзитети се подобри од некои државни, како што и некои државни универзитети се подобри од некои приватни. Тоа е тоа, и затоа неможете да си ги усогласете ставовите. Секаде во светот, приватните факултети се далеку поценети од државните освен во некои земји на балканот, бидејќи приватните факултети нудат далеку подобри услови од државните, многу подостапен кадар, како и во нашата држава.

Луѓето зборат колку е лесно и како се купува диплома бидејќи на приватните факултети си оставен на своја волјам колку сакаш да научиш и колку сакаш да инвестираш во себе, точно има значи студенти кои се запишуваат само за да земат диплома бидејќи си имаат обезбедено иднина свој бизнис и слично, но има и некои кои студираат за да ги искористат сите бенефиции кои ги нуди приватниот универзитет (од полесно зближување со професорите, големи месечни стипендии, меѓународни семинари, запознавање деца чии родители се некои од најголемите бизнисмени, политичари).

Еве еден линк за ранкот на универзитети во Р.Македонија
http://www.webometrics.info/rank_by_country.asp?country=mk
 
T

Tetro

Гостин
Од далеку се гледа дека си на приватен факултет. ....... Проверив, Европски Факултет. :)
Имате солидна програма, млади асистенти, кои се добро платени, професори кои работат и се задоволни, патувате барем два пати во годината на семинари, екскурзии, колоквиуми полагате во други земји,.....

Споредбите во цитатот погоре ти се напишани со сарказам, ти текна сабајле во 5:30 да се логираш на форум и да тресеш зелени, со причина. Која е причината? Имаат твоите родители пари да вложат во твоето образование, додека оние кои не се толку добро опремени се запишуваат на државните факултети и гледаат да се стекнат со диплома.

Како можеш сите да ги ставиш во исти кош?

Имам една забелешка, кога зборувате за приватни факултети го опфаќате сите, и кога зборувате за купување диплома и сл ствари повторно зборувате за сите приватни универзитети, а кога се зборува за државен универзитет ги опфаќате и дисперзираните студии, т.е факултетите што се отворија низ сите градови а не само универзитетот Кирил и Методиј.
Имаш не една, имаш многу забелешки, кои до некој степен се во ред. Сите си ја купуваат дипломата на крај, некои поефтино, некои поскапо.

Така да неможеш да кажеш дека државните се подобри од приватните бидејќи некои приватни универзитети се подобри од некои државни, како што и некои државни универзитети се подобри од некои приватни. Тоа е тоа, и затоа неможете да си ги усогласете ставовите. Секаде во светот, приватните факултети се далеку поценети од државните освен во некои земји на балканот, бидејќи приватните факултети нудат далеку подобри услови од државните, многу подостапен кадар, како и во нашата држава.
Кај нас приватните факултети се уште млади, не може да се земе проценка на квалитетот на установа која е затворена пред очите на јавноста, легитимираат на врата (и кај вас е исто, иако имам влезено внатре којзнае колку пати, и запознат сум со многу случувања, па не можам да кажам некој лош збор).

Луѓето зборат колку е лесно и како се купува диплома бидејќи на приватните факултети си оставен на своја волјам колку сакаш да научиш и колку сакаш да инвестираш во себе, точно има значи студенти кои се запишуваат само за да земат диплома бидејќи си имаат обезбедено иднина свој бизнис и слично, но има и некои кои студираат за да ги искористат сите бенефиции кои ги нуди приватниот универзитет (од полесно зближување со професорите, големи месечни стипендии, меѓународни семинари, запознавање деца чии родители се некои од најголемите бизнисмени, политичари).
од полесно зближување со професорите, големи месечни стипендии, меѓународни семинари, запознавање деца чии родители се некои од најголемите КРИМИНАЛЦИ треба да стои можда.
 
Член од
22 август 2010
Мислења
110
Поени од реакции
14
Хмм сарказам велиш, ако мојот пост е полн со сарказам што мислиш за твојот? Да ти одговорам на прашањата, каде се зелените кои ги тресам? Зелените се мојот став гледиште на работите и фактите со кои и ти се согласи? Дали криминалци или не, тоа ни е општеството и опкружувањето, ако не се навикнеш и не го прифатиш нема да опстоиш. Супер чим знаеш за мене, си се потрудил, просветли ме и кажи ми за тебе, ти каде студираш?

п.с Хахаха у пет ипол сум тресел зелени, ти ги тресеш во 6.15 :) pozz
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Во капитал читам на 22 место од најдобрите 100 компании во Македонија ФОН универзитетот по профит , па сега видете колку е Сефер прост , јас сум се запознал на едно предавање и дечкото ми изгледа спремен иако не го познавам добро
Ко прво денес да отвориш универзитет најдобар бизнис е ако имаш пари затоа не ме чуди што е на 22 место а како второ, ФОН го направи татко му, не Сефер.
 
A

apidrone

Гостин
Ко прво денес да отвориш универзитет најдобар бизнис е ако имаш пари затоа не ме чуди што е на 22 место а како второ, ФОН го направи татко му, не Сефер.
Башка во Македонија има толку многу компании, што ФОН бил 22ри помеѓу најдобрите 100..... Џену, да реагираш таму у администрација да вметнат смајли за facepalm.
 
Член од
4 јули 2010
Мислења
18
Поени од реакции
0
Ко прво денес да отвориш универзитет најдобар бизнис е ако имаш пари затоа не ме чуди што е на 22 место а како второ, ФОН го направи татко му, не Сефер.[/

Ако е најдобар бизнис што не отвориш и ти Универзитет ? Гајле ми е за Сефер или за татко му факт е дека се успешни и не треба секогаш да бидеме скептични кон секој позитивен потег во високото образование убаво би било некогаш да дадеме подршка и да кажеме и убав збор за некого, мене искрено ми се допаѓа како ФОН се менаџира и како работи , гледам на Фејсбук секој ден имаат некоја активност и им се овозмужува пракса на студентите , исто така гледам и државните ГОце делчев е доста активен и ми се допаѓа начинот на кој што овој Универзитет функционира.
Поздрав
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.319
Поени од реакции
15.571
Во капитал читам на 22 место од најдобрите 100 компании во Македонија ФОН универзитетот по профит , па сега видете колку е Сефер прост , јас сум се запознал на едно предавање и дечкото ми изгледа спремен иако не го познавам добро
:pos: Каков факт човече...

Деканот не го прави бизнисот, деканот не привлекува студенти и со тоа да направи профит.
 
Член од
17 декември 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
Da na privaten taka ide od 100 prasanja 20 se pagjaat, a kaj nas na drzaven od 200 strani 20 prasanja se pagjaat. I posle i tie od privaten- faklutet imale, sto e uste poloso pak oni podobro ke pominat od nas. :(
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.319
Поени од реакции
15.571
Погоре така спомнаа, али изгледа не бил декан туку генерален менаџер, whatever.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
И да сумираме...на приватните попуштаат повеќе и професорите се по достапни и пројавуваат интерес за студентот...на државен професорите апсолутно можат да бидат опишани како древни остатоци од диносаурусите од социјалистичко доба чие работна позиција е наследна (од татко на син, на братучед, роднина итн итн...). Бидејќи позицијата им е гарантирана, и универзитетот се храни со државни пари, нема никаков притисок за подобрување и било каква ориентација кон обезбедување квалитетна едукација на идните генерации. Наместо тоа, професорите, (а како што сум слушнал, и асистентите) ја користат секоја можност да притиснат на просечниот студент, преку неосновани соборувања на испит, колоквиумски и практични вежби, условувања у стил "ако не ми ја купиш книгата, воопшто не се појавувај на испит", па дури имаше и ценовник тука некаде на форумов за полагање испити, само се сеќавам Маркетинг беше 900 евра...
Една студентка од Правниот ни наш Јустинијан Први ми има кажано "абе да ти е страв да си прашаш ако не ти е јасно нешто, не знаеш дали може да те стави на нишан и после само да паѓаш...затоа молчи и држи главата доле..."
Така да...НЕ, нема да излезете по образовани од државните, ке излезете само по угнетени и гневни за неправедното однесување што се го истрпиле...Еве во интерес на објективност, ученички од ФОН ми имаат кажано дека им е дури срам кога ке кажат каде учат и дека се чувствуваат како отапеле со текот на времето...
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Ученичките на ФОН можеле да учат ако сакаат, не да викат дека отупеле.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom