Na ekonomiski smer sakam da se pisam samo neznam dali diplomite na site privatni se priznaeni zaso vo nasava drzava uste postojat mnogu predrasudi kako od tipot tie na privaten se nepsimeni i nekoi takvi gluposti...
Од Штулов е признаена дипломата, а со оглед на тоа што предметите се доста попрактични отколку на економски, ќе добиеш повеќе практично знаење и подготвеност да почнеш со работа повеќе отколку на државен. Зависи кон што целиш во образованието.
Очигледно дека погрешно ме сфативте. Ај уште еднаш ке го поставам прашањето до членката што тоа подразбира под нормално положување? Дали мисли на добивање на прелазна оценка по некој предмет со помош на 100 (или ајде 150 да направиме малку потешко нели) прашања добиени од страна на професорите, за потоа сосема истите тие прашања (нормално во намален број) да ги имаат на испитот/колоквиумот.
И после ке ми кажуваат дека на приватните факултети уствари било ептен, ама ептен тешко. Абе ај.
Не ги ставајте сите приватни во ист кош. Јас сега не добив ниедно испитно прашање, само ми кажаа да спремам 6 поглавја од книгата за првиот колоквиум. Ниту ми беа сервирани прашањата, ниту ми најавија каков ќе биде колоквиумот. Се' зависи од професорот и од неговиот принцип, на машински добивав повеќе испитни прашања (односно, сите професори, по сите предмети даваа испитни прашања), отколку сега на Штулов.
А, гледам коментираат и за тоа дека било добро да те зафркава професор. Не мислам дека е добро, која е целта некој неизживеан да ме малтретира мене зашто државата не го плаќа доволно за да се однесува добро со мене, а работното место му е загарантирано без разлика како ќе се однесува? И, згора на тоа, не ми дава практично знаење, туку некоја теорија која тешко и некогаш да ја применам во работата. Не, студент не треба да чека професор, не треба да добива пониска оцена зашто не му бил денот на професорот, не треба да гледа на професорот како на божество (како што е случај на државните факултети, да видам некој да се обрати на професор без три пати да му се прииде во вц од трема) :nesvest:
Значи, одредени (нагласувам одредени, не сите) приватни факултети нудат многу повеќе од државните факултети со самото тоа што даваат практично знаење, испитите се конкретни, не хаику поезија и доколку може некој да си дозволи, без размислување би препорачала да оди на приватен факултет со проверена акредитација и професори.