Слободно иди си на приватен ако не ти смета после да ти ја дискриминираат дипломата од време на време. Се разбира има приватни факултети во Македонија кои се стварно лол.
Со трансфер кредит системот и државните факултети не се толку тешки, со редовно учење од 1 до 2 саата дневно и пред колоквиум малце поинтензивно, све се положува. Секако ако имаш доволен број на поени за да те примат, ама тоа најмногу зависи од факултетот и од генерација (на пример, годинава на економски, некои и со 50 поена влегоа). Не спомна на што наука сакаш да се запишеш.
Ако си се решил за приватен факултет, избегнувај ги следниве: Американ колеџ, МИТ, Њу-Јорк колеџ (мислам дека и го затворија), Руски колеџ во Свети Николе, БАС, Неоком итн. Денес секој факултет отвара, на овие факултети доволно е само да се појавиш за да положиш, а на овој во Свети Николе и МИТ мислам можеш дури и преку интернет да полагаш, и после се чудат зошто приватните се дискриминирани.
Додека на Штул, Европски и Фон, иако е пак полесно од државните, сепак треба да се научи за да се положи и не е како овие горенаведениве “лол“ факултети.