Приватни или Државни факултети?

  • Креатор на темата Креатор на темата Maus
  • Време на започнување Време на започнување
зашто мислиш така ><
како прво може огласот да е поднесен од фирма блиска на приватниот универзитет
второ можам ако сакам бројот што ќе го оставам да не постои или да биде изгасен цело време - битно луѓето ќе прочитаат НЕ ВАЖИ ЗА ФОН и ете
целта е остварена

него ова беше пред некој година - две кога вакви работи можеа да поминат неказнето
а сега вакво нешто да направиш го јадеш

Случајно Владата да не ги става тие реклами ? Незнам кој од факултетот би имал таква корист да прави, државата ионака зима многу повеќе пари во буџетот од приватните наместо од државните така да нема логика да го прават тоа, не си прајте тешки филмови. И сигурно они нема да пуштат 50+ огласи во весникот од можни 150 да не бидат од ФОН тоа е сигурно, и да сигурно и некои квалитетни веќе докажани компании во Македонија кои го бараат истото намерно пишуваат оти се блиски до факултетот :pos2:
 
не те разбрав баш

ама
такви огласи беа актуелни некаде пред година - две
и не беа кознај колку него имаше неколку огласи - кога се дигна прашина кој ги објавил и слично таквите работи прекинаа

(многу забегавме од темата) :nesum:
 
Дее Macedonian Girl тоа дека е поквалитетно знаењето што се добива на приватни факултети ти е најголема заблуда. Цените на приватен се поскапи баш ради тоа што студентите можат да си уживкаат и да си пројдат 3/4 години од животот полесно отклку студентите на државен. И не за џабе сите слаби ученици од средно се запишуваат на приватен и тераат, а ваму на државен пак има конкуренција, јаки студенти. Студирајте си слободно на приватен ама немојте да трескате дека е поквалитетно учењето. Јас сум на ПМФ и знам колку учам јас, а дете што у средно беше послабо каде каде од мене, на приватен си има просек над 9, си зема стипендија, никому ништо. И ај сеа според тебе која е логиката тука? Дека е потешко на приватен ама тој одеднаш добил снага и знаење нели?
 
и сакаш да кажеш дека некој што ќе заврши информатика на фон
ќе знае повеќе од некој што завршил информатика на електро/пмф

:icon_eek:

А мислиш дека на ПМФ е update-ирана програмата? Неееееема грешка.

Тргни од ова. Треба секоја година да има ревидирање на програмата. Секоја година излегуваат нови работи што се бараат на пазарот на труд.
Тркни до било која компанија за софтвер и види што и како бараат па тек после провери ја програмата на ПМФ да видиш што се учи.

Тоа мене ми е струка, ја знам разликата од ПМФ до реален сектор и речиси да нема благе везе. Ќе бидеш тазе дипломиран студент кој врска нема практични знаења, а полн теоретски.

Зошто го кажувам ова? Да се надоврзам со погоре напишаното. Материјалот се ревидира цело време во ИТ струката. ПМФ неможи тоа (и да сака) да си го дозволи. Приватните факултети тоа им е обврска (поради големата конкуренција неможат да спијат на брашно, ако не тие...други ќе понудат поубава програма).

Сакаш верувај сакаш не, но за жал така е.
 
Можеби ќе платиш малку повече пари на приватен, ама и затоа ќе добиеш поквалитетно образование и ќе избегнеш "тортури" од професорите.

Ме интересира, што подразбирате под поквалитетно или демек европско образование, дали тоа што што полесно може да се помине на испит или нешто друго. Треба една работа да знаете факултетот треба да биде тежок не треба секоја будала со малку повеќе пари да помина на факултет затоа што има пари. Замисли утре одиш на суд и некој таков адвокат те брани, па ако имаш сообраќаен прекршок може да те осудат за силување или пак не дај боже одиш на лекар, па таков лекар те оперира, треба на google да бара што е разлика меѓу слепо црвево и панкреас. Треба да разберете на запад и кај нас не е иста логиката во образованието ако дадеш повеќе пари ќе добие подобро образование, кај нас е обратно подоброто образование е ефтино.
Јас кога се запишував имаше приемни испити, значи ако не го положиш испитот ти не си спремен за тоа факултет и за таа работа и за тоа треба да се бидеш свесен и да не трошиш ни пари ни време, може подобро ти оди да бидеш месар или пекар, ама пред се треба да те бива за тоа. А не сега и ќоро и сакато сите на факултет деца дај те ги парите и еве ви дипломи кршите глава. И јас сум многу среќен што сум од последните мохиканци што завршив на стариот начин.
 
До пред нова година студирав на Економски што имаше зафркнати професори имаше но јас направив неколку грешки кои не можев да ги исправам и се префрлив на еден приватен универзитет. Инаку предавањата во приватниот од страна на професорите се повеќе на директна комуникација со нив, многу повеќе внимание посветуваат на објаснување на самиот материјал, материјалите за учење се помали во однос на Економски но се повеќе насочени кон самиот материјал т.е стриктни на тоа што треба да се учи, по флексибилни се, односот од персоналот ќе ги потенцирам студентски прашања комплетно се разликува (без нервози и буткање заради тие бабите на економски со нивното бавно работење), има студенти кои навистина учат како мене но има и такви кои гледаат само да препишат на полагање, но суштината е ако си научил НЕМА шанси да паднеш како во случај на претходно споменатиот.
 
А мислиш дека на ПМФ е update-ирана програмата? Неееееема грешка.

Тргни од ова. Треба секоја година да има ревидирање на програмата. Секоја година излегуваат нови работи што се бараат на пазарот на труд.
Тркни до било која компанија за софтвер и види што и како бараат па тек после провери ја програмата на ПМФ да видиш што се учи.

Тоа мене ми е струка, ја знам разликата од ПМФ до реален сектор и речиси да нема благе везе. Ќе бидеш тазе дипломиран студент кој врска нема практични знаења, а полн теоретски.

Зошто го кажувам ова? Да се надоврзам со погоре напишаното. Материјалот се ревидира цело време во ИТ струката. ПМФ неможи тоа (и да сака) да си го дозволи. Приватните факултети тоа им е обврска (поради големата конкуренција неможат да спијат на брашно, ако не тие...други ќе понудат поубава програма).

Сакаш верувај сакаш не, но за жал така е.

Јас студирав по старата програма 2000-2005 година и можам да кажам, да беше со доста теорија, првите 2 години и доста пракса вторите 2 години а на факултет не треба да те учат како да работиш со нови технологии треба да на принципите на кои се изработени поновите технологии и да ја сфатиш суштината на технологијата а не самата технологија, затоа што работиниот век ти е 40 години, а во тие 40 години многу технологии ќе се сменат меѓутоа многу малку принципи ќе се измислат
 
ти верувам - но ти си еден од ретките луѓе кој сакаат знаење ...
мојот пост беше напишан за 90% од луѓето што ќе завршат на приватен а нема да знаат ни што завршиле
а тоа што има луѓе како тебе што сакаат да научат повеќе и им сметаат старите неизменити програми на државните факултети е добра работа - а лоша е што такви луѓе има премалку

:icon_roll
 
Гледам дека не се согласувате со мене, јас мислев конкретно за мојот факултет т.е. смер за англиски јазик. Поквалитетно образование реков бидејќи имаме и "native" професори, и за разлика на државните наместо да се збори (предава) на "English" се збори македонски/албански.
 
Јас студирав по старата програма 2000-2005 година и можам да кажам, да беше со доста теорија, првите 2 години и доста пракса вторите 2 години а на факултет не треба да те учат како да работиш со нови технологии треба да на принципите на кои се изработени поновите технологии и да ја сфатиш суштината на технологијата а не самата технологија, затоа што работиниот век ти е 40 години, а во тие 40 години многу технологии ќе се сменат меѓутоа многу малку принципи ќе се измислат

И јас со државните си имам фатено работа, ама кога видов како е на приватен (имав можност да погледнам), ја воочив разликата.

Не знам каква пракса имавте 3-4 година на ПМФ, но на остантите факултети речиси и да ја нема. После години и 3-4 предмети за компјутерски мрежи за мене беше откровение кога отидов на CISCO обуката на Network Associate. Прв пат во животот допрев и работев на router, прв пат сетирав WAN, прв пат скоцкав кабли, сетирања, оптички кабли...

Тоа го добиваат на приватен.
 
Најактуелното прашање...каде да се запишам:uvo: Државен v.s. Приватен

Постојат мнооооооооооооооооогу разлики кои ги имаат овие два начини на студирање.

Едниот ти нуди напнатост, неизвесност, неинформираност, дискриминираност, поткупеност, недостапност, некомуникативност, нетолерантност, ...
Другиот ти нуди спонтаност, информираност, достапнност, комуникативност, толерантност, ПРАКТИКА, ...

Залудно е да се лажеме дека е подобро на државните, затоа што сите вие што сте почувстувале „третман“ од државен факултет ќе го паметите по непреспиените ноќи, дремењето пред врата на професорот, бркање потписи, заверување на семестри, пријавување на испити и нормално на крај пред да ја добиете дипломата ќе ви недостигаат еден куп пријави...кои некогаш сте ги платиле, а сега едноставно ви ги нема.

На крај краеви самиот образовен систем дозволи квалитетот на образование да ни опадне ... но што е тоа е.

Се прашувам зошто ФОН го сметате за приватен факултет...па нели се приметува дека тоа е државна машинерија за перење на пари! :toe:
 
Абе мислам дека скоро сите стануваат свесни за тоа дека приватните (најверојатно...моја теорија е поради големата конкуренција меѓу нив самите), стануваат далеку поквалитетни од државните.

Проблемот е во финансирањето, за што веќе имам отворено и тема Сакам на приватен, но немам пари ...
 
и сакаш да кажеш дека некој што ќе заврши информатика на фон
ќе знае повеќе од некој што завршил информатика на електро/пмф

:icon_eek:

I toa kade kade !!
 
Дее Macedonian Girl тоа дека е поквалитетно знаењето што се добива на приватни факултети ти е најголема заблуда. Цените на приватен се поскапи баш ради тоа што студентите можат да си уживкаат и да си пројдат 3/4 години од животот полесно отклку студентите на државен. И не за џабе сите слаби ученици од средно се запишуваат на приватен и тераат, а ваму на државен пак има конкуренција, јаки студенти. Студирајте си слободно на приватен ама немојте да трескате дека е поквалитетно учењето. Јас сум на ПМФ и знам колку учам јас, а дете што у средно беше послабо каде каде од мене, на приватен си има просек над 9, си зема стипендија, никому ништо. И ај сеа според тебе која е логиката тука? Дека е потешко на приватен ама тој одеднаш добил снага и знаење нели?

Сеа друже ја ке ми ти кажам нешто. Ја не негирам дека на приватните може да се пројде полесно (зборам за оние студенти што цело време се излежаваат), убаво си рече Macedonian Girl дека се добива поквалитетно образование па кој учи ќе научи. Исто така се добива и подобра пракса како што спомнаа. Што значи, ако сварно и озбилно планираш да учиш а сакаш да се запишеш на факултет од мене препорачано приватен. А за оние што цело време се шлепале без учење, не се секирај, кога ќе дојдат на интервју за работа ќе падне јако смеење зашто ќе незнаат 2 збора да скрстат :)
Толку од мене
 
Далеку ми е мене факултетот но веќе одлучив, идам на државен.
Можеби ќе претрпувам не знам какви тортури и слично али ќе ми се исплати за знаењето. Нема кога ќе ме праша некој нешто како муле да го гледам и да не знам што да му одговорам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom