Русија бара да и се укинат визите за ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
И Русија бара визна либерализација

Путин во посета на Германија

25.11.2010 11:50

vladimir-putin.jpg

Интеграцијата на Русија во Европа треба да почне, а не да заврши со укинување на визите за Европската Унија.

Ова за весникот „Зидојче Цајтунг“ го објавил рускиот премиер Владимир Путин пред денешната посета на Германија.

„Трајното партнерство на нашиот континент не е можно додека има бариери кои им пречат на човечките и на деловните контакти, а најголемата од нив е визниот режим“, пишува Владимир Путин во статијата.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=130736
 
:pos2: големата светска сила бара укинување на визите за своите грагани хаха ааааа :pos2:
 
Ајде бе, големата мечка? Немогуќе, суперсилата, рубљите... Нас не ни даваат една капка народ, тие ќе добиеле. Ќе пореметат све у еу, скоро се ќе избега од Русија...ако е за визи за работа и живеачка.
 
А мислиш дека Русите како човечки ресурси имаат проблем да најдат работа во ЕУ?
 
Ќе пореметат пазар на работна сила, недвижнини, исхрана и други цени, услуги се она што оди со вештачки прилив на население. Ако дозволат да се отселат по волја, ќе има детонации во еу која (дел од неа) и така е во малку незавидна положба.
 
Наскоро ништо не е чудо, и Кина да побара без-визен режим со ЕУ..

Абе нека дојдат кај нас,ќе им дадеме македонски пасоши,и нека си прошетат лугето, барем и ние бизнис ќе направиме..):):):):):):)
 
четврток, 25 ноември 2010, 01:50

Интеграцијата на Русија во ЕУ треба да почне со укинување на визниот режим

Укинувањето на визниот режим со ЕУ треба да биде не завршување, туку почеток на процес на реална интеграција на Русија во Европа, наведува премиерот на Русија Владимир Путин.

Тоа тој го објави во статија во Зидочје цајтунг пред денешната посета на Германија.

„Трајното партнерство на нашиот континент не е можно додека има бариери, кои им пречат на човечките и деловните контакти. А, најголемата од нив е визниот режим меѓу Русија и ЕУ“, наведува Путин во статијата.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/svet...a_pochne_so_ukinuvanje_na_vizniot_rezhim.aspx
 
После оваа изјава на рускиот владетел една тема нема да доживее воскреснување...:pos2:
Нешто околу најголема сила беше мислам...
 
После оваа изјава на рускиот владетел една тема нема да доживее воскреснување...:pos2:
Нешто околу најголема сила беше мислам...
Ти како и се друго и ова погрешно си го разбрал.Русија бара да се укине визниот режим кои го имаат двете страни а не ги моли.Тоа е добро барање кое ќе придонесе за двете страни и целиот континент.
Русија токму пред еден месец го засили визниот режим за членките не ЕУ и има многу построг визен режим за Еу отколку за другите држави во светот кон кои Русија има визен режим
 
Тоа му е битно не европјаните исто како свазиленд да засилил визен режим со нив.
Не ми се верува дека стотици иљади французи, англичани германци италијани.... имаат некоја желба и потреба да одат во русија од друга страна милиони руси се надеваат на подобар и посреќен живот во некоја земја на ЕУ или во Америка.
 
Немојте вака со темиве, ќе си пукне од криво Славјански и другите како него хипоманични по заедништво со Русија
 
Тоа му е битно не европјаните исто како свазиленд да засилил визен режим со нив.
Не ми се верува дека стотици иљади французи, англичани германци италијани.... имаат некоја желба и потреба да одат во русија од друга страна милиони руси се надеваат на подобар и посреќен живот во некоја земја на ЕУ или во Америка.
Најмногу од милиониве русиве имаат желба да одат во Португалија Шпанија Ирска Грција Бугарија Романија Унгарија Полска Естонија Летонија Литванија Чешка Словачка Франција(кај африканците).Таму е еден невиден рај и благосостојба За твое големо изненадување најмногу од ЕУ кој ја посетуваат Русија се шваби и заострувањето на визниот режим нив најмногу ги дрмна а кога шавабата тоа ќе го дрмне тогаш нешто во ЕУ ќе мора да се смени.
И за уште едно твое големо изненадување според последните анкети русите се еден од народите кои најмалку се изјасниле дека сакаат да ја напуштат својата земја.Во РУусија има милионска миграција која после американската е најголема во светот ама ти во твојот црно-бел свет тоа не можеш да го прифатиш(не ти фаќа резолуцијата). Светот се менува ама ти не.
Ако продужиш вака ќе останеш во политичка смисла како диносауруски фосил.
 
Професор на универзитет во санк петесбург има плата 25 долари и порција супа од зелка како оброк.
Во америка во мекдоналдс има поглема плата. Затоа руски професори, мајори академици... се иселуваат за америка. Да вкусат и тие бел леб и Чоколадо. Германците немаат никаква потреба да одат русија ниту одат освен на секс викенди или да се пијанчат за ефтини пари. Русите животното прашање рашаваат иселувајќи се на запад.
 
Професор на универзитет во санк петесбург има плата 25 долари и порција супа од зелка како оброк.
Во америка во мекдоналдс има поглема плата.
Се читаш шо пишуваш. Или си писател, а не читател.

Ова може да помине дека некои нто чита, нито знае како е тамо.
 
Професор на универзитет во санк петесбург има плата 25 долари и порција супа од зелка како оброк.
Во америка во мекдоналдс има поглема плата. Затоа руски професори, мајори академици... се иселуваат за америка. Да вкусат и тие бел леб и Чоколадо. Германците немаат никаква потреба да одат русија ниту одат освен на секс викенди или да се пијанчат за ефтини пари. Русите животното прашање рашаваат иселувајќи се на запад.
Да останеш во 1991 година е можеби убаво за тебе ама е невозможно во овој свет.Никој не може да го сопре времето за жал ама тебе таа тајна никој не ти ја кажал.
Да ти ја кажам за тебе суровата вистина ама прво приседни малку.Сега сме 2010 година и многу време помина од 91-ва.
Фала за потврдата на тоа што погоре го напишав за тебе како политички фосил.Не е сега во мода тоа што го пишуваш зошто помиина тоа време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom