Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 634
Во емисијата ВИН-ВИН на Алфа телевизија гостин на Оливера Трајковска беше главата на соросидите во Македонија, неуморниот борец за демакедонизација на оваа земја - Владимир Милчин.
Дали е вистина дека дека во 1992 година година господинот Џорџ Сорос му пиша писмо на претседателот Киро Глигоров?
- не, пиша писмо до на собранието на Република Македонија.
дали во тоа писмо господинот Сорос јасно кажа и побара промена на знамето на република Македонија, тогашното сонце од Кутлеш.
- да тоа беше негово видување и цел, тоа беше содржината на писмото
условено секако со формирање на соросовата мрежа на невладини и пенетрација на неговото влијание во МК?
-јас не знам дали е условено но да, истата година беше дадена дозвола за формирање на институтот отворено општество - сорос македонија
исто така како голема коинциденција е влегувањето на Македонија во ММФ и многу значајниот тогаш кредит од 20 милиони евра за Македонија, институција каде Сорос има голема тежина и мок на одлучување.Фондација Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) е основана во 1992 година како претставништво на странско лице, а во 1999 година како национално правно лице – фондација, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации. ФИООМ е дел од Соросовата мрежа во централна и источна Европа.
- 30 милиони долари, не евра, и тоа е коинциденција, не знам како е тоа поврзано со писмото на господинот Сорос?
Македонија влезе во ММФ во декември 1992 година, повеќе од една година по прогласувањето на својата независност од поранешна Југославија. Исплатата на последните 11,7 милиони американски долари од 14-месечниот стенд-бај аранжман, вреден 29,4 милиони американски долари, кој заврши на 15-ти август, беше одобрена од страна на ММФ претходно овој месец.
писмото на сорос го нема по интернетов, никој не сноси одговорност за промена на знамето, исходот на местенката е повеке од јасен а темата требаше да ја начне секавањето на оливера Трајковски а да ја потврди Валдимир Милчин.
30 милиони долари за вековниот симбол - вредеа ли?