Друже Бендтнер од секогаш влегувал во шанси... работата е што он тие шанси не ги користи т.е. користи мн мал дел од нив... таа кога му ја намести Аршавин напаѓач од светска класа (како што он сам мисли дека е) ќе ја шутнеше од прва.
Имавме мноооогу среќа на овој натпревар и само поради таа среќа ние поминавме понатаму... да имаа тие малце повеќе среќа ќе беше катастрофално за нас.
Требаше Скилачи да остане повреден... барем Венгер ќе купеше некој друг кој без разлика кој и да беше ќе беше подобар од него... гнаса невиден...
Денилсон е дрво неделкано и никогаш нема да научи да игра... Барса го барала? па нека иде таму бе нека земат 15-20 милиони за него можеме да си купиме квалитетен дефанзивец.
Оваков состав на терен никогаш веќе нејќам да видам, освен Насри сите други беа тотално без идеја, од кога излезе он се виде колку ни фали креативец (кој за жал Росицки и баш не е)... пред да влезе Фабрегас во игра имаше период од едно добри 10 минути кога топка не фативме... неможеа да сврзат 5 додавања како што треба.
Се обидувам да извлечам нешто позитивно од овој натпревар, ама неможам што и да ми текне одма се поништува со тоа што Насри може да биде повреден дури месец дена.