The Reader / Читачот
Премиера 10 декември
Режија: Стивен Далдри
Сценарио: Дејвид Хер
Улоги: Кејт Винслет, Ралф Фајнс, Дејвид Крос
Жанр: драма, романтика
Во поствоената Германија, тинејџерот Мајкл Берг ќе се разболи, а помош ќе најде кај Хана, необична туѓинка, што е двојно постара од него. Мајкл закрепнува од болеста и ќе тргне да ја бара Хана за да и се заблагодари. Тие двајца ќе бидат вовлечени во страсна, но тајна љубовна афера. Мајкл открива дека Гана сака да слуша додека и читаат. Додека тој нејзе и чита од “Одисеја”, “Хак Фин”, “Дамата и малото куче”, нивната врска се прозадлабочува. Сепак и покрај нивната интензивна врска, Хана еден ден мистериозно исчезнува, а Мајкл останува сам со скршено срце. Осум години подоцна, додека Мајкл е студент на правен факултет и ги следи судењата на воен криминал на нацистите, тој е изненаден кога ќе ја сретне Хана повторно, но овој пат како обвинета во случајот. Додека нејзиното минато се открива, Мајкл дознава за една голема тајна, која ќе донесе големи промени во животот на двајцата.
The Day the Earth Stood Still / Денот кога земјата стоеше мирно
Премиера 10 декември
Режија: Скот Дериксон
Сценарио: Дејвид Скарпа
Улоги: Киану Ривс, Џенифер Конели, Кејти Бејтс
Жанр: драма, научно фантастичен
Филмот е римејк на класикот снимен во 1951 година. Кијану Ривс го портреира Клаату, вонезмјанинот што ќе дојде на земјата за да изврши една задача. Владите и научниците од сите земји во светот ќе се обиденат за да ја решат мистеријата во врска со појавувањето на необичниот посетител. Наскоро дознаваат дека тој е дојден да го одржи мирот во Галаксијата и ако некој провоцира ќе биде уништен. Со Клаату на земјата е дојден и суперроботот Горт, кој има задача да ја исполни таа цел. Во меѓувреме Клаату ќе биде гонет од полицијата и војската, а пред да го убијат ќе успее на своите пријатели Хелен и синот Џејкоб, да им ја каже реченицата “Klaatu barada nikto” и им вели дека мора да го најдат Горд за да му ја кажат, ако сакаат да го спречат во намерата да ја активира пеколната машина. Горт ги заробува нив, а успева да дојде и до телото на Клаату, кој со помош на вонземската наука го спасува.
Сомнеж / Doubt
Премиера 12 декември
Режија: Џон Патрик Шенли
Сценарио: Џон Патрик Шенли
Улоги: Мерил Стрип, Филип Сејмур Хофман, Ејми Адамс
Жанр: драма, мистерија
Во 1964 година харизматичниот свештеник отец Флин се обидува да внесе промени во правилата на католичкото училиште, каде што директорка е сестрата Алојзиус Бувие. Таа верува дека правилниот начин на воспитување е со строга дисциплина и страв кај учениците. Почнуваат политички промени, кои секаде се прифаќаа, а во училиштето е примен првиот црн ученик Доналд Милер. Но, кога сестрата Џејмс наивно ќе и ги каже своите сомнежи на сестра Алојзиус, дека отецот Флин премногу внимание му посветува на Доналд, таа започнува со опасна битка решена да ја открие вистината и да го избрка Флин од училиштето. Без трошка морал и решена по секоја цена да ја истера работата до крај, истовремено и да го уништи отецот Флин, сестра Алојзиус прави се што може да и помогне. Но, нејзината лична борба постепено зазема поголеми размери и се заканува да донесе непријатни последици.
Противење / Defiance
Премиера: 31 декември
Режија: Ед Цвик
Сценарио: Л Ед Цвик, Клеј Фрохман
Улоги: Даниел Крег, Ливе Шрајбер, Џејми Бел
Жанр: драма, воен
Заснован на вистинска приказна, филмот е епска приказна за семејството, честа, одмаздата и спасувањето во Втората светска војна. Во 1941 година Евреите од Источна Европа се масакрирани. Барајќи начин да се спасат од сигурна смрт, тројца браќа бегаат во шумата близу нивното родно место, каде си играле како мали. Зад нив постојано се Нацистите решени да не остават ниту еден жив Евреин во местото. Браќата Тувиа, Зус и Ејсаел криејќи се во шумата прават планови како да се одмаздат за смртта на своите сакани. Наскоро другите Евреи дознаваат за нив тројца и се обидуваат на разни начини да им помогнат во борбата против нацистите, а истовремено гледаат шанса да се спасат. Тувија е решителен лидер кој со некои свои одлуки ќе го предизвика Зус, које е загрижен дека неговите планови се премногу идеалистички и може да ги однесат во погрешна насока. Ејзаел ќе се најде во средина меѓу нив.