The Number 23
The Number 23
Главни улоги: Jim Carrey, Virginia Madsen, Logan Lerman
Жанр: Мистерија,трилер.
Филмот е излезен во 2007 година
Премногу инспириран од филмот...само што го догледав.Во главната улога е Џим Кери,па дури бев зачуден како може да глуми во филм кој нималку не е комедија.Интересно е што со бројот 23 има многу мистерии:Хитлер се самоубил на 19.04 (19+4=23),атомската бомба во Хирошима паднала во 8,15 часот (8+15=23) и ред други работи.Вака почнува филмот:Валтер Спероу (Џим) живее пристоен живот се додека неговата жена не му ја купи книгата The Number 23 за роденден.Тој беше во некој стил ветеринар на терен.Со читањето на книгата се пронаоѓа себе си,поточно,самите дела кои што ги пишува актерот тој како да ги правел во животот.Најинтересно е што дури на крајот станува јасен филмот кога ќе дознае дека тој самиот е автор на книгата и дека е убиец.Неговиот татко се убива,тој е заљубен во една девојка која ја убива во една соба во хотел со број 23 и потоа се фрла од прозорец и завршува во болница.Добива амнезија,заборава се. Па,дури на крајот кога ја наоѓа оригиналната книга сваќа дека тоа му се случило и се друго.Филмот е многу психопатски
земете го,гледајте го.